Мое мислење е дека промените на имиња на улици, училишта и др. институции воопшто не беше потребно но сепак ова е некој очигледен договор помеѓу партиите кој тивко си се реализира. За ова не се виновни ни албанците ни македонците затоа што ова се политчки агенди на политичарите кои пак на свој начин сакаат да си поентираат се со цел тоа утре да им се врати преку поголем број на гласови т.е отварање на можност за нив, да си владеат уште дополнителни 4 години. Ова е глупа политичка филозофија на која дел од народот не наседнува но за жал поголемиот дел се пали и реагира. И најчесто реагира со националистички изјави од типот до кога ќе трпиме, што им дозволуваме да си прават се, или пак албанците ќе кажат дека и тие се тука од секогаш и имаат право во местата каде што се повеќе да ставаат албански називи на институциите или улиците( и едните и другите не гледаат што им се прави зад грб ама за национализам ќе трпат се и сешто). Суштината на сево ова е покажување на лажен патриотизам и кај едните и кај другите, но се си има своја цена. Она со што помалиот партнер во власта ќе го плати ова што поголемиот партнер му го овозможува е верност до крај и тоа е повеќе од јасно( евентуалниот неуспех на самиот во Чикаго може да го натера дуи да излезе од власта но со вакви потези па и со законот за,лустрација кој се прави по мерка на дуи, тоа е се помалку веројатно). Не се замарајте многу со тоа дека Македонија ќе изгуби нешто од ова. И така така во дебарскиот регион веќе одамна е започнат процесот на исселување на Македонците па и на Македонците муслимани, но не како што се прикажува по медиумите дека тие таму се малтретирани или сл. туку поради финансии. Ова го зборам затоа што знам неколку дебарчани кои на дебело се офајдени од тоа што својот имот го продале на некој македонски Албанец кој пак за разлика од нив, сака да си живее во Дебар. Ова е најголемата причина поради која имотот се продава и во Дебарско и во Мавровско( Во Маврово една викендичка која македонец би ја купил за 20.000еу, албанецот ја купува за 60.000 еу и после демек патриотите бегале затоа што таму веќе немало живот за нив). Е после тоа нормално е оние кои се мнозинство да си бараат и вакви работи и истите да си ги спроведуваат а за тоа никој никому не му е крив.
Затоа не се замарајте со тоа дека некој некого во овие делови малтретира, туку сватете дека луѓето едноставно си прават добар бизнис и си заминуваат во Скопје каде што им е поубаво. Што се однесува пак до имињата, јас кажав дека не би менувал ништо од тоа што било, а нови имиња нормално би ставал на новите објекти, затоа што тоа е пологично и затоа што како сите вас очекувам такви нови објекти да се градат и во иднина( или пак можеби развојот на земјава застанува тука). Ама пусти балкански менталитет, не ни остава многу време, така да на сите им се брза да покажат колкави патриоти биле, па албанците менуваат имиња сега пред да дојде прославата на албанската државност. Но јас сепак не би се замарал и со ова затоа што ако може една улица да се вика Џон Кенеди или Моша Пијаде или Рузвелтова и т.н. па нека се вика и според некој албански големец. Проблем е што тоа се прави на неумесен и прост начин и што вакви прашања се отвараат тогаш кога ситуацијата е најкревка а никој не даде изјава дека ова е нешто нормално, дека ќе градиме држава врз основа на взаемна доверба, дека можеби утре во Дебар ќе се постави споменик или име на улица на некој Македонец а во Штип на некој Турчин, во Гевгелија на некој Грк, на Бугар , Американец, француз...... Тоа не е нешто лошо и од тоа не се урива една земја. Земјата може да се растури од арамии и квази политичари кои “фала му на бога„ ги имаме повеќе од доволно и го молам повеќе никогаш да не ни ги врати и донесе во земјава.