Македонија - Литванија |1/4 финале|, 67:65, ОДИМЕ ВО ПОЛУФИНАЛЕ!!!

Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505
Член од
13 септември 2011
Мислења
143
Поени од реакции
469
Секоја чест за овој тим, одигра перфектна игра (како што и беше претходно споменато дека ќе!)
Инаку, покрај изјавата на Перо Антиќ, дека се тим и се сплотени во едно, не можам а да не споменам дека
легендата на овој натпревар е Војдан, со перфектен погодок (100% 5/5) за три, со перфектна игра целосно.
Секоја чест.
Ако одиграме уште еднаш вака, со сета сила и единствно, што го поздравуваат сите, сигурен сум дека ќе приредиме
изненадување дури и за Шпанија. Но, и да изгубиме, ниту еден пораз не се брои, вие сте наши херои.

Друга забелешка е /ОЧИГЛЕДНАТА/ пристрастност на судиите - но, ова се` е архивирано, цел свет гледа,
..на домашен терен, со судии кои судеа повеќе од потребното (tm) за домаќинот,
со сопствена публика и сепак да доживееш дебакл и капитулација...

Секоја чест, уште еднаш.

Apropos, интересно како на секој што го гледал натпреваров (не се мисли само на Македонци и очигледно не на тие што изгубија) му е мило што сме победиле.
Доказ дека на сите им е мила праведноста !
 

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
634
Хр.спорт.нет:Непобедливата македонска фаланга

15 септември 2011 09:08 GMT​
Извор: хр.спорт.нет​

Кој би рекол дека победата на Македонците над нивните безвременски ривали Грците ќе биде само вовед во историскиот поход врз кошаркарската велесила Литванија, пишува хрватскиот спортски портал хр.спорт.нет.

„Откако протатнеа низ Алтус и го освоија Вилнус, потомците на Александар Македонски тргнаа во немилосрден поход кон кошаркарската престолнина на Литванија – Каунас. Ги дочекаа таму 15.000 напалени Литванци, но ниту многубројната војска на кошаркарски интелектуалци не успеа да го задржи нивниот поход кон самиот врв на европската кошарка“, се вели во текстот.

„Македонските копја се долги и остри. Формацијата цврста, а Александар сигурно ги гледа од некој хеленски рај и со насмевка дофрла ’Така ве учев!’“, пишува хр.спорт.нет.

„И додека еден од најголемите војсководци на сите времиња своите походи ги насочил кон исток, избраниците на Марин Докузовски тргнаа кон север, но филозофијата остана иста. Бидејќи овие Македонци се воини колку кошаркарите што се борци и техничари. И освен тоа, успеваат да бидат проклето неодоливи“, нагласува порталот.

„Македонската фаланга била еднакво убоито оружје и во античко време како и денеска во 2011 во времето на ајподот и твитерот. И нејзината најголема слабост, лошата подвижност, требаше денеска да падне во вода против брзата и незгода транзиција на Литванците. Но, во корените на Македонците очигледно сè уште длабоко е врежан генијалниот стратег кој секогаш знае битката да ја насочи во своја полза“, пишува хрватскиот спортски портал хр.спорт.нет. /крај/
 

pain_killer

Invictus
Член од
27 јули 2007
Мислења
4.537
Поени од реакции
2.229
Какво славје имаше во тетово, тоа беше нешто чудо, не ни знаев дека сварно во толкава бројка не има...:ROFLMAO:
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.471
Поени од реакции
87.286
Значи онаа Хелена Роза како ме нервира, веќе незнае ни самата како да привлече внимание. Со кој ум дава изјава Прв пат во моиве 34. години сум горда што сум Македонка, па таа има ли мозок во нејзината црпка? Незнам зошто медиумите уште и обрнуват внимание!!! Абе знаев дека нешто ќе ми го расипе доброто расположение ах...
 
П

Паспарту

Гостин
Само едно ќе кажам: ФАЛА ШТО НЕ НАПРАВИВТЕ ТОЛКУ ГОРДИ И СРЕЌНИ!!!
 
H

HITCH

Гостин
Добро утро полуфиналисти ! Како сте ? :)
Јас не ни заспав! Засипнато, весело... Денес се подготвуваме за свечен ручек, ова мора да се прослави.

Овде видете ги видеата!

П.С. Видете го Бо како се држи за глава кога ја пеат ИЗЛЕЗИ МОМЧЕ ПРАВО НА ТЕРАСА. :pos:
 

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
634
Секоја чест за Македонците - коментари по натпреварот

15 илјади навивачи на Литванија занемеа кога натпреварот заврши 67 - 65 за Македонија, коментираше BBC. Александар сигурно ги надгледува од некој хеленисточки рај и со насмевка им дофрла „така ве учев“, коментира хрватски Спортнет.​



„Домаќините закопани од Илиевски“

„ Има ли крај на сензациите на Македонците“

„Македонија го одигра највозбудливиот натпревар на Евробаскетот“

Вака светските медиуми го видоа синоќешниот успех на македонските кошаркари.

15 илјади навивачи на Литванија занемеа кога натпреварот заврши 67 - 65 за Македонија, коментираше BBC.

„Ова е едно од најголемите изненадувања во историјата на европските првенства, а натпреварот се гледаше и во белградските кафулиња, каде гостите навиваа како да игра репрезентацијата на Србија“, објавува б- 92.

„Македонските копја се долги и остри, формацијата цврста, а Александар сигурно ги надгледува од некој хеленисточки рај и со насмевка им дофрла „така ве учев“, коментира хрватски Спортнет, кој тренерот македонската репрезентација Марин Докузовски го нарекува „еден од најголемите војсководци на сите времиња“, кој своите походи ги насочил кон север, а македонските кошаркари за него се „ исто толку воини колку што се и кошаркари, борци колку што се и техничари, на кои едноставно не може да им се оддолее.

Шпанија ќе се соочи со Македонија в петок за место во финалето откако балканските новајлии го збришаа домаќинот Литванија во драматичното четвртфинале, објавува кошаркарскиот магазин „MVP ultimete basketball“ , во текстот под наслов „ Домаќините погребани од Илиевски“. Последниот кош на Илиевски им го одзел здивот на 15-те илјади присутни во Жалгирис арента во Каунас.

„Секоја чест на Македонците за секоја досегашна победа на шампионатот, но триумфот над моќната Литванија сепак е најголемо изненадување на целото натпреварување“, коментира РТС.

Неверојатниот поход на Македонија продолжува по победата во епската битка за паметење против Литванија која ги донесе во полуфуналето, е заклучокот во написот на веб страницата на Меѓународната кошаркарска федерација - ФИБА.

Македонија го шокира домаќинот Литванија во највозбудливиот натпревар и игра на нерви во историјата на Евробаскетот, објавува Националната кошаркарска асоцијација на САД- НБА на веб страницата.

Дневник ХР пак прашува – има ли крај на сензациите на Македонците. Иако веќе во првите два круга од Евробаскетот со победите над Хрватска, Грција и Словенија покажаа дека имаат добра екипа, малкумина беа тие што на Македонците им даваа некакви шанси против Литванија, пред полна сала со домашни навивачи во Каунас, пишуваат медиумите во Хрватска.
/www.kanal5.com.mk
 

Kajgana Shop

На врв Bottom