Македонија - Литванија |1/4 финале|, 67:65, ОДИМЕ ВО ПОЛУФИНАЛЕ!!!

Член од
11 јули 2008
Мислења
2.910
Поени од реакции
1.552
Отвори статистика разгледај малеце не само на форум висиш едни Шпанци прават повеќе грешки од нас едни Францизи кои го имаат Паркер како организатор гледај малце ти реално како игра нашата репрезентација! Имаше вчера една изјава незнам од кој медиум беше пишуваше: Досега на Македонија сите им беа проблем од сега тие се проблем за сите :)
Ете пошто ние сме биле најдобрата репрезентација на првенствово и ќе сме атакувале на медал, а ја сум тој што не гледа реално и слеп сум кога ја гледам репрезентацијата и правам споредби со една Шпанија, Франција, Литванија ќе заврши првенствово и ќе си напраиме муабет кој колку глеал реално на работите пошто ти си заслепен тотално и сигурно мислиш дека Владо Илиевски е подобар организатор од Теодосиќ и Калдерон заедно, дека Војдан е подобар од Кириленко само ради тоа што вториов вчера дал 2 поена, а за тоа најголем кривец е Војдан, дека Антиќ е подобар од Ноа, а Марк Гасол е потромав и понеспретен од Самарџиски. Најреалната слика за нашава репрезентација е дека од овие што поминаа во 1/4 финале може да се носиме само со Словенија, Русија, Грција па вие колку сакате прајте си бајрам на паметот дека сме на исто рамниште со Литванија, но за нив предност ќе била само публиката.
 
M

Mario Gómez

Гостин
Значи овој Докузовски англиски незнае, а како планира да оди Жалгирис да ги тренира?
 
DarkLord

Невиден малер
Член од
27 јануари 2007
Мислења
941
Поени од реакции
247
Realno, šanse za prolazak po meni:

ŠPA - SLO -98:2
LIT - MAK - 90:10
FRA- GRČ - 70:30
RUS - SRB - 50:50
 
SinisteR.

Is this your homework Larry?
Член од
10 јуни 2011
Мислења
2.823
Поени од реакции
7.033
Сите шо викат дека Илиевски нема појма и не треба да игра се дрва во кошарка и очигледно почнале од 1 септември 2011 да ја пратат играта. Знајте бе вие луѓе колку е битно поставувањето на играчи во напад? Антич е капитенот на тимот ама Илиевски е тој шо ја води играта. Ако гледате внимателно тој цело време покажува нешто со рацете и прстите и тие се тактики кажани од тренерот ама Иливески одлучува како ќе се игра во дадениот напад. Која тој ќе покажи нешто сите морат да се постават на некоја позиција шо ја уиграле на тренинг. Исто така топката дефинитивно е најсигурна кај него (и кај мекелеб) а кога Соколов е плејмејкер овај одвај успева да ја префрли топката на противничка половина. Илиевски лесно дрибла двајца или тројца чувари шо автоматски отвора чоек плус за евентуален напад или полуконтра. Многу ретко прај грешки во додавања и одлично ги уигрува сите. Само нека го поправи шутот и верувајте ќе биди најзаслужен за евентуален триумф против литванците. Илиевски е одличен шутер ама за жал има лошо првенство во тој поглед ама не е возможно да биди слаб на секоја утакмица,едноставно не е то возможно!! па некојси аматер да е или некој од на баскет на улица ќе му се згреши па ќе почни од сегде да погодва не па на одличен шутер.Се надевам дека баш на следната утакмица против литванците то ќе се случи со Илиевски пошто ќе ни бидат потребни неговите поени
 
Член од
27 јануари 2010
Мислења
2.430
Поени од реакции
723

Абе за до сега ти зборував дека си те ги надигравме со кои што игравме и дека бевме подобри и од Русија и од Црна Гора иако изгубивме и од 2те! А што ги прави послаби нашите репрезентативци од оние кои ги спомна ти? И нашите имаат раце и тие имаат и нашиве играат во екипи каде што играат и нивните со исклучок на некои кои играат во НБА и се бетер и од Самарџиски :pos: Кириленко, Новицки, Туркоглу итн. треба под итно да стават крај на својата кариера после ваквото никакво издание со оглед дека се очекуваше да бидат главни адути и да постигнуваат по 20 поени а едвај до 10 стигаа азимат милионски суми! Сигурно ќе се прашаш зошто бо пишав ова? ова ти го напишав бидејќи успехот е во тимската игра секој може кога ќе влезе под кош да даде кош ама работата е колку целиот тим е спремен пред се да направи простор за некој да се протне. Незнам колку си имал шанса да играш било што па да видиш дека сам не се игра па дури и Двејн Вејд и Коби неможат сами без подршка од нивните колеги. Позз
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Значи овој Докузовски англиски незнае, а како планира да оди Жалгирис да ги тренира?
Освен некои чип токс имаш ли нешто позитивно да допринесеш на темава или сериозно очекуваш некој да ти објаснува како ќе ги тренира?
 
Член од
27 јануари 2010
Мислења
2.430
Поени од реакции
723
Realno, šanse za prolazak po meni:

ŠPA - SLO -98:2
LIT - MAK - 90:10
FRA- GRČ - 70:30
RUS - SRB - 50:50
Аууу поголема смешка немам прочитано :pos: Србите имаат 50-50 со русите дај не заебавајте бе :pos: Македонија 10% си мислиш со грција ќе играт литванците :pos:
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
ПОБЕДА ВО ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ: Ако победиме во четврт-финалето против Литванија, ќе играме полуфинале, најверојатно со Шпанија. Триумф во четврт-финалето носи шанса за освојување медал и сигурно учество во квалификациите за олимпискиот турнир во Лондон в година во јули.

ПОРАЗ ВО ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ: Ако загубиме од Литванија, тогаш на Македонија ~ претстои многу важен дуел со Словенија. Победа во тој меч против ривал кој веќе еднаш го совладавме на првенството ни носи најмалку шесто место на ЕП и учество во квалификациите за ОИ.

Извадено од Дневник !!!
Не разбирам.

Сакаат да кажат дека, треба да ја победиме Словенија, за да играме за 5то место, кое доколку изгубиме ќе бидеме 6ти? така?
 
M

Mario Gómez

Гостин
Освен некои чип токс имаш ли нешто позитивно да допринесеш на темава или сериозно очекуваш некој да ти објаснува како ќе ги тренира?
Темава е за кошарка, не за јакнење национални чуства.:rolleyes: Што позитивно треба да придонесам? Да пишувам само за мотивот на нашите играчи и за тоа колку се уморни што се 90% од муабетите на некој шо не прати кошарка.
--- надополнето: Sep 13, 2011 11:46 AM ---
Не разбирам.

Сакаат да кажат дека, треба да ја победиме Словенија, за да играме за 5то место, кое доколку изгубиме ќе бидеме 6ти? така?
така.
 
Pelister 2008

Ветеран
Член од
28 ноември 2010
Мислења
1.046
Поени од реакции
547
Сите шо викат дека Илиевски нема појма и не треба да игра се дрва во кошарка и очигледно почнале од 1 септември 2011 да ја пратат играта. Знајте бе вие луѓе колку е битно поставувањето на играчи во напад? Антич е капитенот на тимот ама Илиевски е тој шо ја води играта. Ако гледате внимателно тој цело време покажува нешто со рацете и прстите и тие се тактики кажани од тренерот ама Иливески одлучува како ќе се игра во дадениот напад. Која тој ќе покажи нешто сите морат да се постават на некоја позиција шо ја уиграле на тренинг. Исто така топката дефинитивно е најсигурна кај него (и кај мекелеб) а кога Соколов е плејмејкер овај одвај успева да ја префрли топката на противничка половина. Илиевски лесно дрибла двајца или тројца чувари шо автоматски отвора чоек плус за евентуален напад или полуконтра. Многу ретко прај грешки во додавања и одлично ги уигрува сите. Само нека го поправи шутот и верувајте ќе биди најзаслужен за евентуален триумф против литванците. Илиевски е одличен шутер ама за жал има лошо првенство во тој поглед ама не е возможно да биди слаб на секоја утакмица,едноставно не е то возможно!! па некојси аматер да е или некој од на баскет на улица ќе му се згреши па ќе почни од сегде да погодва не па на одличен шутер.Се надевам дека баш на следната утакмица против литванците то ќе се случи со Илиевски пошто ќе ни бидат потребни неговите поени
Браво за коментарот.. Делиме исто мислење . Илиевски е еден од најинтелегентните плејмејкери за шутот не можам да кажам нешто оти то е понекогаш и фактор среќа се случва..ама она за организирање на играта или го имаш или го немаш истото е и за во одбрана ..Одбраната не признава лош ден или знаеш да играш одбрана или не знаеш а нападот можеш да згрешиш и понекогаш ти треба среќа !
 
Кико Д.

ULTRAS - way of life
Член од
26 јануари 2010
Мислења
11.435
Поени од реакции
9.676

Каква клупа, сакам да играм

Со скршеница на зглобот на левата рака и пукнатина на лакотот на десната, нашиот најискусен кошаркар не сака ниту да слушне да не игра во завршницата на ЕП

На натпреварот против Словенија во финишот на третиот период, во групата Ф, најискусниот наш кошаркар Тодор Гечевски се здоби со сериозни повреди на двете раце. Станува збор за скршеница на зглоб на левата рака и пукнатина на десната, поради што лекарите советуваат мирување три недели. Но тој не сака ниту да слушне да отсуствува од тимот во најзначајните моменти, кога репрезентацијата на Македонија може да направи голем исчекор на евро кошаркарската сцена.
"Болката е посилна од желбата", ќе слушнете често за големи светски кошаркарски имиња, но не и за нашиот Тоше. Тој не сака ниту да помисли дека нема да може да му помогне на својот тим во продолжението на литванската бајка. Нашиот лидер со своето огромно срце, со својот дух, храброст и својата безрезервна пожртвуваност за другарите, за тимот за Македонија е вистински пример за голем кошаркар, за голем човек. Од него зрачи херојство, тој мотивира и ги истакнува сите вредности на се околу неа. Кошаркарската федерација на Литванија, која освен тоа што досега се покажа како одличен организатор на годинашново ЕП презентираше и човечка големина. Челните луѓе во Федерацијата се понудија дека ќе дадат се од себе и максимално ќе помогнат за наоѓање вистинска заштита за повредите на Гечевски, за тој да продолжи да ја води Македонија низ самата европска елита.
За големината на Гечевски зборува и последниот натпревар од квалификациите за ЕП против В.Британија во Скопје, кога буквално избега од операционата маса за да стигне во арената "Борис Трајковски" и да настапи, иако имаше сериозна скршеница на носот.
АРВИДАС САБОНИС, ЛЕГЕНДА НА ЕВРОПСКАТА КОШАРКА
Македонија буди носталгија кај мене
Легендарниот литвански кошаркар и еден од најголемите имиња во исторјата на европската кошарка, Арвидас Сабонис е восхитен од играта на македонската репрезентација на ЕП во Литванија. Македонија, како што вели литванската легенда буди кај него носталгија потсетувајќи го, според начинот на играта, единството и тимскиот дух, на селекцијата на Литванија од ОИ во 1992 година.
- Македонија е слична на нас од 1992 година. Се сеќавам ние тогаш игравме со големо срце, имавме огромна самодоверба во себе, чувствувавме дека никој не може да не победи. Сега кога гледам Македонија е таква, игра речиси перфектно. Со оваа самодоверба кај нејзините кошаркари може да победи секого, вели Сабонис.
Токму неговата Литванија е можен противник на нашиот тим во четвртфиналето на Евро баскетот, доколку загубиме од Русија. Во спротивно Македонија ќе игра против Србија.

Цар е Гечевски. Мислам дека нема да можи да игра. Да му беше само зглобот на левата рака скршен, тогаш ќе можеше да игра, ама вака и пукнатина на лактот од шутерската рака, мислам дека тешко да игра.
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Не разбирам.

Сакаат да кажат дека, треба да ја победиме Словенија, за да играме за 5то место, кое доколку изгубиме ќе бидеме 6ти? така?
Убо ти е кажано... ако ја победиме Литванија одиме во полуфинале и директно на олимпијада.

Ако изгубиме, треба да ја победиме Словенија (која најверојатно ќе изгуби од Шпанија) па би биле 5-ти...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom