Инкогнито Original
1312
- Член од
- 11 јули 2008
- Мислења
- 2.918
- Поени од реакции
- 1.588
Отвори статистика разгледај малеце не само на форум висиш едни Шпанци прават повеќе грешки од нас едни Францизи кои го имаат Паркер како организатор гледај малце ти реално како игра нашата репрезентација! Имаше вчера една изјава незнам од кој медиум беше пишуваше: Досега на Македонија сите им беа проблем од сега тие се проблем за сите![]()
Ете пошто ние сме биле најдобрата репрезентација на првенствово и ќе сме атакувале на медал, а ја сум тој што не гледа реално и слеп сум кога ја гледам репрезентацијата и правам споредби со една Шпанија, Франција, Литванија ќе заврши првенствово и ќе си напраиме муабет кој колку глеал реално на работите пошто ти си заслепен тотално и сигурно мислиш дека Владо Илиевски е подобар организатор од Теодосиќ и Калдерон заедно, дека Војдан е подобар од Кириленко само ради тоа што вториов вчера дал 2 поена, а за тоа најголем кривец е Војдан, дека Антиќ е подобар од Ноа, а Марк Гасол е потромав и понеспретен од Самарџиски. Најреалната слика за нашава репрезентација е дека од овие што поминаа во 1/4 финале може да се носиме само со Словенија, Русија, Грција па вие колку сакате прајте си бајрам на паметот дека сме на исто рамниште со Литванија, но за нив предност ќе била само публиката.