Бо ја извади партијава, ама ова му беше најлоша партија до сега. Пред некој да каже ради повредата - пред тоа. Непотребно фаулираше и изгуби топки, не изигра 2-3 дуела како што треба. Сепак е во моментов најдобар играч во нашава репрезентација.
Самарџиски ме изненади играва, корисен беше една третина, ама малце и тој забушаваше.
Антич , влезе во фаул бонусот и малце се прецени со шутови. Треба да е свесен дека е одличен капитен и крадач на топки, ама дефинитивно не е поинтер.
В.Стојановски беше одличен, немам зборови.
Брат му солидно изигра . Гечевски некако не беше расположен за игра денес, ама сепак си го заврши својот дел.
Едино ми е жал Чековски што не го допре паркетот, изгледаше бајаги загреан за игра кога го дадоа во кадар на клупата.