Од најубав, денов најсрање стана.
Мака ми е од снеџиштево глупо, шо кај и да си, те прает ко отцепен од цивилизација да си. Мака ми е од „агилноста“ на Македонија Пат, зашто благодарение нивно, сат и пол возев од Ново Лисиче до Кисела Вода и назад.
Мака ми е шо требит пак вечер да ја чистам колата - и то во најдобриот случај - ако супеам да ја извадам и да излезам. Заш, можда вработенине во Македонија Пат имаат седнато Шехерзад да ја гледат, па са забореле да са опулат низ џам, да видат дека врнит.
19.12.2009 - Македонија ја победува шенгенската бариера и добива визна либерализација, со што е на чекор поблиску до ЕУ.
19.12.2009 - Македонија нема резерви на песок и сол за патиштата.