150 снимени сообраќајни прекршоци пристигнаа на домашна адреса
Според системот на безбедносен видео надзор во Скопје, досега се регистрирани и доставени околу 150 пријави за сообраќајни прекршоци, а поголем број сè уште се во постапка.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека најчести пријави се за погрешно паркирање, но има и посериозни непочитувања на сообраќајните прописи. Казните за ваквите прекршoци се движат од 50 до 300 евра во денарска противвредност.
- Целта не е да казнуваме, туку да ја подигнеме свеста за потребата од совесно почитување на сообраќајните правила и прописи. Кога ќе се почне со казнувањето зависи од сериознoста на прекршоците и од тоа дали сопствениците на возилата тие прекршоци ги повторуваат или тоа е инцидентно направен прекршок - истакна денеска министреката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска.
Дописите кои содржат фотографии од возилото на местото и времето на направениот прекршок, се испраќаат на адреса на сопственикот на возилото без разлика дали е приватно или службено. Првите поднесоци ги доставувале полициски службеници, но не е исклучено во иднина тоа да се прави преку пошта или на друг начин.
Меѓу другите, досега им се доставени предупредувања и на двајца познати професори на факултети и селектор на една од македонските
национални репрезентации.
Znaci pak so poznatstvo.