МВР бара семејствата на загинатите кај Вејце да ја вратат отштетата

Статус
Затворена за нови мислења.

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.821
Поени од реакции
44.410
'' Kога мене ме ранија во Арачиново и кога од устата ми течеше крв како на заклана кокошка, тогаш министерката Јанкуловска била секретарка или кафе-куварка во министерството за финансии. Нека престане со овие напади и нека излезе јавно, во дебата, да ги соочиме аргументитe ” - Стојанче Ангелов

Eден од хероите на '' модерна '' Македонија, човеков ми е идол, и да, удрете и етикета на темава '' важно '' алооооо, очи да боде ( втор пат истово барање ) .

С

Спенсер

Гостин
Kога мене ме ранија во Арачиново и кога од устата ми течеше крв како на заклана кокошка, тогаш министерката Јанкуловска била секретарка или кафе-куварка во министерството за финансии. Нека престане со овие напади и нека излезе јавно, во дебата, да ги соочиме аргументите” - Стојанче Ангелов

Eден од хероите на '' модерна '' Македонија, човеков ми е идол, и да, удрете и етикета на темава '' важно '' алооооо, очи да боде ( втор пат истово барање ) .

хах... тоа е сосема точно... а за идол,ееее едно 3-4 години... незнам само,зашто не се организираат протести...ама не МИРНИ протести... треба малце жештина да се покаже,како кај нашите јужни соседи... видовте??? нивните специјалци неможеа да средат работа... а нашиве пак,како ке средат,кога поголем дел од нив се во Достоинство и слично??? СЕ СРАМАМ ШТО СУМ МАКЕДОНЕЦ!
 
А

Ајсшутер

Треба само еден масовен протест.. бранителите сите што беа во 2001, македонскиот народ и овие од Достоинство протест пред влада и после тоа разрушување на собраниево и околу 2-3 улици сите масовно како што беше во Србија дури со багери дојдоа само така е леков за СИТЕ политичари.
 
С

Спенсер

Гостин
И сменете го насловот на темата... СИТЕ што добиле отштета треба да ја вратат... со камата... за да може да им се дадат пензии на учк и она..
 
meazza

lo §ono in†eri§†a
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.040
Поени од реакции
1.164
Треба само еден масовен протест.. бранителите сите што беа во 2001, македонскиот народ и овие од Достоинство протест пред влада и после тоа разрушување на собраниево и околу 2-3 улици сите масовно како што беше во Србија дури со багери дојдоа само така е леков за СИТЕ политичари.
Па нека им дадат уште пензии на тероростите и друго решение освем радикални протести не гледам.
Можеби тоа ќе значи нарушување на меѓуетничките односи во државата но да ти е*ам државата што така им враќа на тие кои го даваа животот за неа...
Кога ќе слушнам на вести нешто за оваа тема ме фаќа немир, разочарување, вчудоневиденост. Се прашувам каков народ сме ние, какви се луѓе ни ја водат државата, како уште опстојуваме!?
Овие борци кои се бореа, го дадоа животот за нашата татковика заслужуваат признание, почит за тоа што го направиле. Тие беа вистинските патриоти кога на Македонија и беше најтешко...
А сега градиме споменици на Александар и Филип (што моментално не е неопходно), ќе даваме пензии на непријателите, сепак се работеше за војна што значи дека оние против кои се боревме беа наши непријатели, а сега МВР им бара на семејствата кои остаа вез главата на семејството, оној кој треба да ги издржува, да ги вратат и оние крвави пари кои ги добија како утеха за она што го изгубија и никогаш нема да го вратат! Срамно и жалосно!!!
 
Член од
14 март 2008
Мислења
574
Поени од реакции
14
'' Kога мене ме ранија во Арачиново и кога од устата ми течеше крв како на заклана кокошка, тогаш министерката Јанкуловска била секретарка или кафе-куварка во министерството за финансии. Нека престане со овие напади и нека излезе јавно, во дебата, да ги соочиме аргументитe ” - Стојанче Ангелов

Eден од хероите на '' модерна '' Македонија, човеков ми е идол, и да, удрете и етикета на темава '' важно '' алооооо, очи да боде ( втор пат истово барање ) .

_The Great_

Il Genio
Член од
18 јуни 2008
Мислења
5.955
Поени од реакции
3.318
Треба само еден масовен протест.. бранителите сите што беа во 2001, македонскиот народ и овие од Достоинство протест пред влада и после тоа разрушување на собраниево и околу 2-3 улици сите масовно како што беше во Србија дури со багери дојдоа само така е леков за СИТЕ политичари.
Ќе разрушиме собрание и 2-3 улици, колку само лесно изгледа тоа - да разрушиш и демолираш нешто. Каква полза од сето тоа бе друже, нема поголем срам од тоа да си го разурнуваш сопственото, да го урнеш она што го градел народот, да ја фрлиш во вода цела мака на оние кои ја граделе оваа држава ...

Со самиот потпис на рамковен договор индиректно го потпишавме ова, ова што се случува денес во Македонија. Не велам дека во 2001 не можевме, можевме но не бевме во ситуација да диктираме, други диктираа, диктираа потплатени службеници и ,,борци за човекови права'', од ЕУ и НАТО. На страна тој муабет ...

Она што ме иритира е тоа што албанското население веднаш се крена во некое т.н. востание, претходно немаа некакви конкретни барања за измени на нивниот статус во оваа држава, директно преминаа на ,,оружјето''. Што се деси, македонци, живеат и ја градат својата татковина, основаат семејство во неа, нормално е дека ќе ја бранат, не само платената војска, секој треба да го брани местото каде што припаѓа, кристално јасно, секој го знае тоа, нема потреба од други коемтари...

За мене е несфатливо, како може во исти кош да се ставаат бранители и терористи, срамно, самата помисла ми предизвикува огромна разочараност, разочаран сум затоа што луѓето кои го дадоа својот живот за оваа земја се на исто рамниште со оние кои сакаа да ја поделат. Сами си плукаме по она што е наше, нека не` не чуди што соседите го прават истото, не сакаме и не сакаме да го цениме своето. Колку што сум горд дека сум Македонец, со самата помисла на горе-наведеното, исто толку се срамам ...
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.329
Поени од реакции
7.797
Ја начнавме темава малку со братучед ми, па ми вели: Тоа е суд е, ќе мора да ги вратат парите. Чекај бе бато не е Божји суд човечки е, не суди Господ судат мали мизерни искомплексирани лигуши. Направи една добра граѓанска непослушност нека не се собере ДДВ еден месец, да станат свесни кој ги храни нив и нивните фамилии па ќе видеш како ќе дојдат на колена да молат за прошка пред својот народ. И замислете се дрзнуваат со претставка до Уставен не смеела нивната работа да се оценува (тоа и досега не се оценуваше којзнае колку). Чекај бе турско е, кадии се?
Некаде забележав дека нашево судство ужива во недоверба од 85 проценти, односно во доверба од 15 проценти. Тој процент на доверба ти е судскиот систем наш и нивните роднини и пријатели, сами на себе си веруваат. Овде на темава нема ниту едно единствено мислење ниту еден единствен пост кој што вели браво за одлуката на Врховниот суд, така треба......
Прекинете ги неразумните одлуки и решенија, немојте народот да пресуди..............
 
Член од
5 февруари 2005
Мислења
100
Поени од реакции
121
Odvratno, grozno i bezcuvstvitelno... Direkten atak vrz cuvstvata na familiite na zaginatite vojnici i site Makedonci. Se tuzat branitelite, a na golemo se zboruva i za penzija na pripadnicite na ONA? Dali se normalni?? Vo vakvi momenti se sramam sto sum Makedonec.
 
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.633
Поени од реакции
22.458
Најголемата глупост некогаш направена од владата..
 
Член од
2 ноември 2009
Мислења
72
Поени од реакции
2
Matna politika se vodi.... premnogu prava na eden narod premnogu tretmani na eden narod A NA NASIVE NISTO....... Sto sega treba li da zemat oruzje i da zastanat pred vlada i da pukat..... NE BIVA NISTO OD OVAA VLADA NA4ISTO NE SE PAMETI VOLKAVO PROPAGANJE na Makedonija

'' Kога мене ме ранија во Арачиново и кога од устата ми течеше крв како на заклана кокошка, тогаш министерката Јанкуловска била секретарка или кафе-куварка во министерството за финансии. Нека престане со овие напади и нека излезе јавно, во дебата, да ги соочиме аргументитe ” - Стојанче Ангелов

Eден од хероите на '' модерна '' Македонија, човеков ми е идол, и да, удрете и етикета на темава '' важно '' алооооо, очи да боде ( втор пат истово барање ) .

Mene mi e poise od IDOL .... samo vreme i redno bese da se najde covek sto ke ja otvori poveke ustata pred javnosta DOSTA BESE SAMO SLIKOVNICI I SMESKI DA SLUSAME I CITAME.... Samo ako OVAA VLADA NE IM POMOGNE NA NASIVE togas jas mislam na NAREDNOTO GLASANJE NE NI TREBA DA GLASAME poarno doma da si odmarame PA NEKA SE IZBIRAT ALBANCI za pretsedateli barem da BIDEME ZRTVI na NEKOI SO KOI SME VOJUVALE a ne ZRTVI NA NEKOI KOI SME GI GLASALE ZA NAS DA NE PRETSTAVUVAAT da mu ebam mater POLITI4ARSKA GNASNA
 
Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.249
Поени од реакции
8.044
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=11189101549&id=9&setIzdanie=21840
„Достоинство“ повторно повика да се повлечат тужбите за конфликтот

Осум години по конфликтот, бранителите и нивните семејства соочени со битка за правдата

Здружението на бранители „Достоинство“ вчера повторно го повика Министерството за внатрешни работи да ги повлече тужбите против воените инвалиди и семејствата на загинатите во конфликтот во 2001 година.

Семејствата на загинатите кај Вејце се повикани на судско рочиште на 24-ти месецов во Основниот суд во Битола, а МВР и Јавното правобранителство сé уште не се договориле околу евентуалното повлекување на тужбите против семејствата на загинатите од конфликтот.

Претседателот на „Достоинство“, Стојанчо Ангелов, вчера рече дека и покрај ветувањето, семејствата добиле покани за да се појават пред суд, што, според него, значи дека тужбите против овие луѓе и натаму се процесуираат.

Тој го обвини Синдикатот на вработените во АРМ дека за проблемот на професионалните војници се однесува како да е синдикат на министерот за одбрана.

- Можеби решението што го нуди министерот за одбрана е добро, но тој треба да ги ислуша професионалните војници, а она што го видовме во Штип е само притисок врз нив. Нормално е кога ќе дојде министер во посета да се соберат сите професионални војници и да климаат со главата во знак на потврдување - рече Ангелов.

Професионалните војници, според него, не се задоволни од пакетот што им се нуди бидејќи државата ќе им дава 100 евра месечно, но ако тие најдат друга работа и ги повикаат на вежба никој приватник не би ги пуштил да отсуствуваат една или две недели.

МВР молчи, правобранителството дава надеж

Од МВР упорно ја префрлаат топката во Државното правобранителство во однос на тужбите со кои државата си ги бара назад парите што ги добија семејствата на загинатите полицајци кај Вејце. Од правобранителството, пак, велат дека проблемот сé уште не е решен, но дека се работи на наоѓање заедничко решение.

Според правобранителството, за семејствата на загинатите кај Вејце нема да има пресуда на 24-ти месецов, кога тие треба да се појават пред битолскиот Основен суд. Од правобранителството не образложуваат дали станува збор за некаков премолчен договор меѓу властите за случајот да стагнира додека не се најде решение.

Чии интереси застапува претседателот на „Достоинство“?

Министерството за внатрешни работи вчера реагираше на изјавите на Здружението на воени инвалиди „Достоинство“.

„Министерството во повеќе наврати веќе информира дека низ конструктивен разговор со државниот правобранител, кој ја застапува Македонија во имотно-правните спорови, разгледани се неколку модалитети за да им се излезе во пресрет на засегнатите, со што би се надминале отворените прашања, пред се во интерес на оние на кои тие се однесуваат. Оттаму не можеме да разбереме чии интереси застапува претседателот на „Достоинство“, но доколку туѓата несреќа ја сфаќа како можност за градење политичка кариера, МВР нема да му асистира и да навлегува во полемики со него“, пишува во реакцијата на МВР.

абере овие имаат акал во таа главата или не ич кур не ги боли си тераат по нивно сега да му се собери народ пред суд и ако донесат конечна одлука да се вратат парите со камата да се влези внатре во судот и сите да се фрлат од горе во драгорот племето да му го ебам на сите ПРЕДАВНИЦИ И УНИШТУВАЧИ НА МАКЕДОНСКИТЕ БРАНИТЕЛИ
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.329
Поени од реакции
7.797
Врховен пресудил- државата противправно ги бара парите за отштета од бранителите

Бранителите со нови докази дека државата бесправно им ги зема парите од отштетата што ја добиле за конфликтот во 2001 та година. Од здружението Достоинство презентираа одлука на Врховниот суд со која се поништуваат одлуките на прилепскиот Основен суд и битолска апелација, дека резервист бесправно добил 15 илјади евра од државата. Врховен повторно го вратил предметот на повторно разгледување на пониските судови.
Во одлуката на судот се вели дека бранителот парите го добил поради физичката болка, претрпениот страв и намалената животна активност. Врховниот ги поништил одлуките повикувајќи се на законот за облигационите односи, според кој државата не може да бара враќање на неосновано платен износ на име надомест на штета поради повреда или смрт, ако исплатата е извршена на совесен прибавувач. Оваа одлука донесена од судот во јуни годинава, за Достоинство е потврда дека државата знаела дека противправно ги бара парите назад.
По оваа одлука на Врховниот суд, Достоинство смета - исто такво решение треба да очекуваат сите воени инвалиди или семејства на загинати бранители што добиле пари од државата. Дали државата ќе се откаже од побарувањето или ќе се чека на судот да го пресуди тоа ќе се види на рочиштето закажано за во вторник каде што државата ја бара назад отштетата со која требало да им се ублажи болката на три семејства на загинати бранители кај Вејце.
Барањата за враќање на отштетите, Достоинство го смета како притисок на власта до бранителите за да прифатат изедначување на правата со борците на ОНА. Министерот Коњановски денеска ги нарече шпекулации информациите дека парите од бранителите ќе одат на сметката за обесштетување на ветераните на ОНА.
Достоинство денеска повторно го актуелизираше барањето за Закон за правата на бранителите и побара од Владата негово донесување во најкус можен рок.

22.11.2009, 16:13
ИЗВОР.

Се поправија кадиите наши малку ама сеуште го имам мислењето за нив дека си имаат замислено како феудалци кои не владеат нас. Добро е што темата моја и борбата наша дава некои резултати се чувствувам победнички :oeoeoe:.

23.11.2009, 15:35
НЕМА ДА СЕ ВРАЌААТ ПАРИТЕ ЗА ОТШТЕТА
МВР ГИ ПОВЛЕЧЕ ТУЖБИТЕ ПРОТИВ ВОЕНИТЕ ИНВАЛИДИ
Повлечени тужбите кои МВР ги поднесе против воените инвалиди и семејствата на загинатите од 2001та. Средствата кои тие ги добија како отштета, нема да ги враќаат на државата.

Информацијата која вчера ја објави Сител, денеска доби и официјална потврда од министерката за внатрешни.
Јанкуловска рече дека Владата веќе одлучила и му дала насоки на државниот правобранител да се прекинат споровите против бранителите. Станува збор за 32 тужби од кои државата практично веќе се откажала.
Министерката ги демантираше информациите дека овој чекор доаѓа како резултат на притисокот на здружението на бранителите, “Достоинство”, потенцирајќи дека МВР не работи врз основа на притисоци, а оваа одлука е донесена уште пред да започнат засилените активности на “Достоинство”.
Александар Спасовски Извор.
---------------------------------------------------------------------------------------------------

Тужбите се повлечени бруката остана..........
 
GTFO

Pushing the button
Член од
3 април 2009
Мислења
5.654
Поени од реакции
4.579
Ќе разрушиме собрание и 2-3 улици, колку само лесно изгледа тоа - да разрушиш и демолираш нешто. Каква полза од сето тоа бе друже, нема поголем срам од тоа да си го разурнуваш сопственото, да го урнеш она што го градел народот, да ја фрлиш во вода цела мака на оние кои ја граделе оваа држава ...

Со самиот потпис на рамковен договор индиректно го потпишавме ова, ова што се случува денес во Македонија. Не велам дека во 2001 не можевме, можевме но не бевме во ситуација да диктираме, други диктираа, диктираа потплатени службеници и ,,борци за човекови права'', од ЕУ и НАТО. На страна тој муабет ...

Она што ме иритира е тоа што албанското население веднаш се крена во некое т.н. востание, претходно немаа некакви конкретни барања за измени на нивниот статус во оваа држава, директно преминаа на ,,оружјето''. Што се деси, македонци, живеат и ја градат својата татковина, основаат семејство во неа, нормално е дека ќе ја бранат, не само платената војска, секој треба да го брани местото каде што припаѓа, кристално јасно, секој го знае тоа, нема потреба од други коемтари...

За мене е несфатливо, како може во исти кош да се ставаат бранители и терористи, срамно, самата помисла ми предизвикува огромна разочараност, разочаран сум затоа што луѓето кои го дадоа својот живот за оваа земја се на исто рамниште со оние кои сакаа да ја поделат. Сами си плукаме по она што е наше, нека не` не чуди што соседите го прават истото, не сакаме и не сакаме да го цениме своето. Колку што сум горд дека сум Македонец, со самата помисла на горе-наведеното, исто толку се срамам ...
Тоа е проблемот во Македонија,секогаш како ке кажат НАТО,САд,ЕУ така ке биде.Додека некој не ги отера сите овие гадови упм ништо нема да биде од нас.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom