http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=11189101549&id=9&setIzdanie=21840
„Достоинство“ повторно повика да се повлечат тужбите за конфликтот
Осум години по конфликтот, бранителите и нивните семејства соочени со битка за правдата
Здружението на бранители „Достоинство“ вчера повторно го повика Министерството за внатрешни работи да ги повлече тужбите против воените инвалиди и семејствата на загинатите во конфликтот во 2001 година.
Семејствата на загинатите кај Вејце се повикани на судско рочиште на 24-ти месецов во Основниот суд во Битола, а МВР и Јавното правобранителство сé уште не се договориле околу евентуалното повлекување на тужбите против семејствата на загинатите од конфликтот.
Претседателот на „Достоинство“, Стојанчо Ангелов, вчера рече дека и покрај ветувањето, семејствата добиле покани за да се појават пред суд, што, според него, значи дека тужбите против овие луѓе и натаму се процесуираат.
Тој го обвини Синдикатот на вработените во АРМ дека за проблемот на професионалните војници се однесува како да е синдикат на министерот за одбрана.
- Можеби решението што го нуди министерот за одбрана е добро, но тој треба да ги ислуша професионалните војници, а она што го видовме во Штип е само притисок врз нив. Нормално е кога ќе дојде министер во посета да се соберат сите професионални војници и да климаат со главата во знак на потврдување - рече Ангелов.
Професионалните војници, според него, не се задоволни од пакетот што им се нуди бидејќи државата ќе им дава 100 евра месечно, но ако тие најдат друга работа и ги повикаат на вежба никој приватник не би ги пуштил да отсуствуваат една или две недели.
МВР молчи, правобранителството дава надеж
Од МВР упорно ја префрлаат топката во Државното правобранителство во однос на тужбите со кои државата си ги бара назад парите што ги добија семејствата на загинатите полицајци кај Вејце. Од правобранителството, пак, велат дека проблемот сé уште не е решен, но дека се работи на наоѓање заедничко решение.
Според правобранителството, за семејствата на загинатите кај Вејце нема да има пресуда на 24-ти месецов, кога тие треба да се појават пред битолскиот Основен суд. Од правобранителството не образложуваат дали станува збор за некаков премолчен договор меѓу властите за случајот да стагнира додека не се најде решение.
Чии интереси застапува претседателот на „Достоинство“?
Министерството за внатрешни работи вчера реагираше на изјавите на Здружението на воени инвалиди „Достоинство“.
„Министерството во повеќе наврати веќе информира дека низ конструктивен разговор со државниот правобранител, кој ја застапува Македонија во имотно-правните спорови, разгледани се неколку модалитети за да им се излезе во пресрет на засегнатите, со што би се надминале отворените прашања, пред се во интерес на оние на кои тие се однесуваат. Оттаму не можеме да разбереме чии интереси застапува претседателот на „Достоинство“, но доколку туѓата несреќа ја сфаќа како можност за градење политичка кариера, МВР нема да му асистира и да навлегува во полемики со него“, пишува во реакцијата на МВР.
абере овие имаат акал во таа главата или не ич кур не ги боли си тераат по нивно сега да му се собери народ пред суд и ако донесат конечна одлука да се вратат парите со камата да се влези внатре во судот и сите да се фрлат од горе во драгорот племето да му го ебам на сите ПРЕДАВНИЦИ И УНИШТУВАЧИ НА МАКЕДОНСКИТЕ БРАНИТЕЛИ