МАКЕДОНИЈА - КАНАДА (14.11.2009) во Струмица

Член од
8 април 2007
Мислења
16.034
Поени од реакции
9.126
Па нормално дека се картите по 300 и 200 денари, на Куралампие уште малку му останува да седи на фотелјата на ФФМ, па што може да издрпа до крај :)
 

superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
Апдејт за настаните!!!

Речиси сигурно е дека и Марио Ѓуровски треба да се појави на овој натпревар, но би било одлично доколку не застанеме само на неговот име од новите играчи!!!

Канада и „Младост“ поскапи од Шпанија и „Филип Втори“!


Печати | Прати ја страницата | Врати се назад
ФФМ реши билетите за дуелот со Канада на 14 ноември да чинат 300 и 200 денари, иако европскиот првак Шпанија вредеше 200 и 100 денари




Фудбалската федерација на Македонија повторно е на прагот да си постигне автогол со цена на билети за еден репрезентативен натпревар, откако вчера од куќата на фудбалот информираа дека билетите за дуелот со Канада, закажан за 14 ноември во Струмица, ќе чинат 300 денари за централната и 200 за помалата трибина на стадионот „Младост“.

Ова значи дека за да се гледа тимот на Канада, во кој нема многу ѕвезди (најпознат фудбалер е извесен Томаш Радзински од Лирс, поранешен играч на Евертон и на Фулам), навивачите ќе треба да дадат 50 отсто повеќе пари отколку што чинеше европскиот првак Шпанија, кој во август гостуваше во Скопје. Тогаш, за да се видат на дело Торес, Виља, Фабрегас, Чави..., билетите за јужната и северната чинеа по 200 денари, а запад и исток „вредеа“ по 100 денари.

Од ФФМ се правдаат дека сега капацитетот на струмичкиот стадион е многу помал од тој во Скопје („Младост“ собира околу 6.000 гледачи) и дека не постои опасност тој да биде празен поради цената на влезниците. Но бидејќи станува збор за пријателски меч со анонимна репрезентација, без ѕвезди, а стартот на дуелот е закажан за 13 часот, постои опасност избраниците на Мирсад Јонуз да не истрчаат пред полни трибини. А тоа најмногу им пречеше на репрезентативците на дуелот со Катар во Скопје, кога имаше едвај 4.000 луѓе, згора на тоа и негативно настроена спрема нив.

ФФМ игра на картата дека поради тоа што Струмица е роден град на Горан Пандев, Ацо Стојков, браќата Роберт и Горан Попов, стадионот ќе биде преполн и дека А-тимот ќе ја има поддршката на која се надеваат и во стручниот штаб. Но, останува фактот дека во Федерацијата сé уште немаат вистинско мерило за тоа колку треба да биде билет за репрезентацијата кога станува збор за меч кој не е атрактивен и во апсолутно неатрактивен термин - средина на ноември.

Особено што и Катар месецов, во Скопје, чинеше 200 денари, а сепак, не е исто задоволството кога се следи натпревар од новата северна трибина на националната арена „Филип Втори“, и од реновираниот стадион „Младост“ во Струмица.




Мечот нема да биде во ноќен термин

Дуелот Македонија - Канада нема да биде во ноќен термин, зашто рефлекторите на „Младост“ не се со потребната силина за да го осветлат теренот според нормите на ФИФА и УЕФА. Ова значи дека дуелот може почне најдоцна во 13 часот, со оглед на тоа што во случај на тмурно и облачно време, околу 16 часот на теренот би паднал мрак. Постоеше опција да помогнат релфекторите од Скопје, кои се размонтирани, но и тоа отпадна поради тоа што тоа ќе чини многу пари.




Подготовките во Струмица, нови имиња Куртиши и Бакиу?

Според тоа што го најави селекторот Мирсад Јонуз, подготовките за дуелите со Канада и со Иран ќе почнат околу 10 ноември, а ќе се одвиваат во Струмица. Списокот на фудбалерите сé уште не е познат, но можно е во составот да биде повикан и Менсур Куртиши, напаѓач на австрискиот прволигаш Магна, како и голманот на норвешкиот второлигаш Норчепинг, Нуредин Бакиу.

- И двајцата фудбалери се следени подолго време. Станува збор за добар напаѓач и солиден чувар на мрежата и веројатно ќе бидат на списокот за Канада и за Иран. Се обидувам да најдам идеални играчи за сите позиции, кои би требало да го понесат товарот за претстојните квалификации, па дотогаш, шанса ќе добијат многу фудбалери, се разбира, откако ќе го заслужат тоа - вели селекторот.

Автор: З.К.
 
Член од
1 декември 2008
Мислења
1.043
Поени од реакции
182
Леле и јас го читав натписот погоре што е постиран.
Нови имиња Куртиши и Бакиу? Абе луд ли е човеков. Баш напаѓач и голман ни фали.
Што е ова бе, маркетинг агенција или фудбалска репрезентација? Сака да ги промовира преку репрезентација?
За Неџипи има некој слушнато нешто? Игра во екипата негова? Тој беше добар и баш на таа позиција кај што сме најтенки.
 

Zemzela

носител на титулата ултимативен клабер
Член од
19 јули 2006
Мислења
5.045
Поени од реакции
152
Леле и јас го читав натписот погоре што е постиран.
Нови имиња Куртиши и Бакиу? Абе луд ли е човеков. Баш напаѓач и голман ни фали.
Што е ова бе, маркетинг агенција или фудбалска репрезентација? Сака да ги промовира преку репрезентација?
За Неџипи има некој слушнато нешто? Игра во екипата негова? Тој беше добар и баш на таа позиција кај што сме најтенки.
Неџипи игра за Лирс во втора лига Белгија,засега е стандарден со добри оценки,мислам дека може повик да добие :toe:
 

superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
Леле и јас го читав натписот погоре што е постиран.
Нови имиња Куртиши и Бакиу? Абе луд ли е човеков. Баш напаѓач и голман ни фали.
Што е ова бе, маркетинг агенција или фудбалска репрезентација? Сака да ги промовира преку репрезентација?
За Неџипи има некој слушнато нешто? Игра во екипата негова? Тој беше добар и баш на таа позиција кај што сме најтенки.

Идмак, точно е тоа дека во моментот требаше да се обрне внимание на позицијата плејмејкер, или некој сличен играч во средина, но фактот дека ова е пријателска го поштувам тоа дека се викаат нови играчи без разлика за која позиција е тоа.
Е сеа кој се овија Куртиши и Бакиу, појма неам али нови се!:toe:

Ја навивам да Марио го видеме во репрезентација, баш ме интересира како ке изигра!!!
 

Jovo Sk-Mk

Е брзо е,брзо е
Член од
16 јануари 2008
Мислења
310
Поени од реакции
40
Изминатово лето го поминав во Канада, и имав прилика да се запознам со фудбалските прилики во оваа земја. Имајќи во предвид дека тие се нашиот следен противник уверен сум дека ве интересира како канаѓаните стојат на фудбалски план.
Фудбалот како спорт по својата популарност заостанува зад хокејот, кошарката, бејзболот и американскиот фудбал. Меѓу машката популација најголем интерес има кај европските и јужно-американските имигранти, додека кај девојките како за чудо важи за спорт број 1!!! Сепак во последните 6 години одкако Toronto FC почна да се натпреварува во MLS инетресот за најважната споредна работа на светот доживеа вистинска експанзија, и за време на нивните натпревари во градот преовладува типична англиска атмосфера во која што се слави фудбалската игра.
Фудбалското првенство на Канада е наречено CSL (Canadian Soccer League) и е поделено во две дивизии: национална и интернационална (која што ја сочинуваат клубовите од имигрантските заедници). Натпреварите се играат на средношколски терени за американски фудбал, и по својот квалитет можам слободно да кажам дека воопшто не одскокнуваат од оние во нашата прва лига. Мината година шампиони беа Serbian White Eagles, оваа година титулата ја зграпчија Trois-Rivières Attak (клуб на романската заедница во Канада), додека пак најтрофеен тим во оваа лига е Toronto Croatia со 3 освоени титули! Победникот, односно шампионот во CSL потоа оди во Voyageurs Cup-от на мегдан со трите најголеми канадски екипи, а тоа се Toronto FC кои што како што напоменав се натпреваруваат во MLS, како и Vancouver Whitecaps FC и Montreal Impact кои што се натпреваруваат во USL First Division (првата дивизија на САД... иако Монтреал од следната година би требало да се префрли во MLS). Победникот на споменатиот Voyageurs Cup се стекнува со правото да биде единствениот канадски представник во северно-американската лига на шампиони. Во последната сезона купот го освои Торонто и во лигата на шампионите беа елиминирани уште во предквалификациските кола од Puerto Rico Islanders (со вкупен резултат од 0:1).
Што се однесува до репрезентацијата, имав прилика да го проследам нивниот четврт-финален натпревар против Хондурас од квалификациите за светското-првенство во ЈАР, кој што го загубија со 0:1. На оваа средба Канада воопшто не импресионираше со својата игра, почнаа претпазливо па примија гол од непостоечки пенал во 20-та минута, за да до крајот погодат неколку стативи на сила меѓутоа без некоја си изразита иницајатива и теренска надмоќ. Индивидуално нивната игра претежно се врти околу Paul Stalteri кој настапува во Borussia Mönchengladbach, иако главна фудбалска икона во оваа земја е Dwayne De Rossario a.k.a. DeRo кој што има постигнато 15 гола во 49 настапи за канадската репрезентација и би рекол дека е фудбалскиот пандан на кошаркарот Steve Nash. Станува збор за сестран играч и главен организатор на играта во Toronto FC и можам да кажам дека има драстична разлика во играта на канадскиот национален тим со и без него (исто како што е случајот и кај нас со Пандев). Поволна околност за нас е тоа што DeRo секогаш предност им дава на клубските настапи за TFC во MLS, во однос на репрезентативните обврски... го немаше ниту во квалификациските натпревари, па чисто се сомневам дека токму во Струмица ќе го има својот јубилеен 50-ти настап во државниот дрес на Канада.
Имајќи го во предвид горенаведеното може слободно да се заклучи дека се освен победа ќе представува уште една бламажа на нашите "црвено-жолти лавови". Предводени од Пандев кој што би требало да биде ултра-мотивиран на теренот во својот роден крај не ни преостанува ништо друго освен да им се реваншираме за поразот од 1:0 во далечната 1999 во Торонто! Иако Канада е 53-та на FIFA ранг листата, а ние 66-ти (односно цели 13 позиции зад нив), сметам дека сме апсолутни фаворити и обврзани тоа да го покажеме и докажеме на теренот, од проста причина што фудбалска Струмица (а воедно и цела Македонија) не заслужува ништо помалку од тоа...од трошка фудбалска гордост и победничка радост!!!
 
Член од
8 април 2007
Мислења
16.034
Поени од реакции
9.126
http://www.sport.com.mk/WBStorage/Files/0311-02.pdf

Куртиши повикан за утакмицата против Канада, се чека пасошот и за Бакиу?!

Има ли памет овја Јонуз што прае бе мајката да му га ебем?! Или воведоа сега процент и у репрезентација колку треба да бида? Неможем да веруем еј, покрај толку наши што играа супер, тој вика некој шабани од пичку матер!
 

superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
Што е со пасошот на Ѓуровски?

Нема кој да се ангажира да го забрза процесот, пошто знаеш како одат работите ако нема кој да ги води. Сите се зафатени моментално околу спасувањето на Дон Хари!
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.844
Поени од реакции
44.249
Moже да дојме од школото,да ја гледаме,ама не е сигурно :)
 
П

Паспарту

Гостин
Ѓуровски треба да чека за пасошот, а за Бакиу сигурно ќе се среди одма да му се даде пасош.
Бакиу ејјјј :pos::pos::pos: Фраеров игра или грее клупа во 2 шведска лига, по квалитет слична на нашава втора :tapp: Како тргнала работава талентов од селектор следен што ќе го повика е Мамути Јашем...
 
Член од
2 април 2009
Мислења
1.405
Поени од реакции
177
Ма нек ми се гони и Јонуз и сите.Од 2-3ца таму што се моткаат у фудбалот да ти е гад да гледаш репрезентација!!!Кој ќе му даде 5 иљади евра и одма го зима исто како што праеше и со младите!Овие сигурно се млади и имаат желба да играат за репрезентација(исто како и сите), но нивните татковци се дилери, УЧК, пуцаат, кољат се за 2 иљади евра.Епа братко додека ги има тие работи нема никад да идеме напред ни ништо.Така да, очекувајте уште вакви повици, и гледајте да не се нервирате зашто уште 2 години ќе се праи истото додека е Јонуз на клупа.За 2 години нервоза можеш да умреш да фатиш болест.За нечиј памет и лаком гз не вреди да се нервираш.
Инаку очекувам победа, ако не победат сеа или изиграат слабо нешто да кикснат нека се откажат од фудбал.ПОЗДРАВ:back:
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.844
Поени од реакции
44.249
Ај видов дека картите се по 200 и 300 денари..Сеа ќе прашам,за да не барам поназад..Дали се пуштени во продажба и (ако се пуштени) од кога се пуштени и каде се продаваат?? :smir:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom