МАКЕДОНИЈА - КАНАДА (14.11.2009) во Струмица

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.842
Поени од реакции
44.234
Ај видов дека картите се по 200 и 300 денари..Сеа ќе прашам,за да не барам поназад..Дали се пуштени во продажба и (ако се пуштени) од кога се пуштени и каде се продаваат?? :smir:
Не знае никој??? :jaj:
 
П

Паспарту

Гостин
МАКЕДОНСКИОТ СЕЛЕКТОР ГО СООПШТИ СПИСОКОТ ЗА ПРЕТСТОЈНИТЕ ДВА НАШИ ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ
Со стандардни сили против Канада и Иран
* На списокот на Јонуз се 20 фудбалери, меѓу кои единствено ново име е голманот на Работнички и младата репрезентација, Кристијан Наумовски

Без некои посериозни промени во составот македонскиот селектор Мирсад Јонуз ќе ги очекува претстојните наши пријателски натпревари против Канада, кој на 14 ноември од 13 часот го играме во Струмица, и оној против Иран на 18 ноември во Техеран.
На вчера објавениот список Јонуз издвои 20 фудбалери меѓу кои единствено ново име е голманот на Работнички и младата репрезентација, Кристијан Наумовски.
"Ова е извонредна можност нашите репрезентативци да покажат во два натпревари во каква моментална форма се наоѓаат. Самото одредување на местото на одигрување на натпреварот со Канада во Струмица верувам ќе има дополнителен мотив кај нив бидејќи ќе играат во одлична фудбалска атмосфера препознатлива за овој град и околината. Сите овие кандидати ќе треба низ една колективна игра да ги оправдаат очекувањата што ги имаме. Имавме објективни и субјективни причини списокот да биде малку изменет од претходниот дуел со Катар, меѓутоа ги надминавме сите проблеми. Мислам дека овој состав располага со одличен потенцијал", истакна вчера по објавувањето на списокот селектор Јонуз, кој повикува, иако во моментов е изборен период за нов претседателот на ФФМ, целокупната јавност да биде насочена кон настапите на репрезентацијата.
"_ порачувам на целокупната фудбалска јавност, иако сме пред фудбалски избори, да се фокусира на настапот на нашата селекција, да го збогати овој фудбалски празник во Струмица со позитивна атмосфера. Националниот тим за првпат гостува во овој град во својата 16-годишна историја, па тоа сигурно ќе биде посебен мотив и за нашите репрезентативци".
Според Јонуз, натпреварот на гостински терен со Иран, пак, е значаен од аспект на проверка на нивото на нашата игра на гостински терен и подигнување на вербата во сопствениот квалитет.
"Вторпат ќе играме со Иран во Техеран откако претходно го совладавме на ЛГ Купот со 2:1, но сега е одлична можност да ја зголемиме самодовербата кај играчите кога се работи за играта на гости. Верувам дека и сега ќе се вратиме со позитивен резултат", истакнува Јонуз.
В.Булатовиќ

РЕПРЕЗЕНТАТИВНИОТ СОСТАВ ЗА НОЕМВРИСКИТЕ ПРИЈАТЕЛСКИ ДУЕЛИ
ГОЛМАНИ
1. Томе Пачовски Жерминал Б (Бел)
2. Кристијан Наумовски Работнички
ОДБРАНА
3. Гоце Седлоски Матерсбург (Авс)
4. Игор Митрески Енерџи К (Гер)
5. Николче Новески Мајнц (Гер)
6. Даниел Мојсов Македонија ЃП
7. Владе Лазаревски Карпати (Укр)
8. Глигор Глигоров Силекс
9. Горан Попов Херенвен (Хол)
10. Роберт Попов Оксер (Фра)
СРЕДЕН РЕД
11. Филип Деспотовски Ворскла (Укр)
12. Арменд Алими Истра (Хрв)
13. Славчо Георгиевски Улсан (Кор)
14. Величе Шумуликоски Престон (Анг)
НАПАД
15. Горан Пандев Лацио (Ита)
16. Илчо Наумоски Матерсбург (Авс)
17. Аце Стојков Арау (Швц)
18. Бесарт Ибраими Ренова
19. Душан Савиќ Работнички
20. Филип Ивановски Полонија В (Полска)


Прозивката ќе ја врши претседателот на РМ, Ѓорги Иванов
Собирот на репрезентативците за двата наши ноемвриски дуели ќе биде на 10 ноември со ручек кај претседателот на нашава земја, Ѓорги Иванов, во неговата резиденција на Водно. Веднаш по средбата со Иванов, репрезентативците продолжуваат за Струмица каде ќе бидат сместени во хотелот "Сириус".
Според програмата на стручниот штаб, пред дуелот со Канада ќе бидат одработени четири тренинзи, на 11 ноември ќе има два тренинга (од 9:30 часот на стадионот "Кукуќ" во Турново, и од 15:30 часот на "Младост" во Струмица), на 12 ноември од 11 часот ќе се тренира повторно во Турново, а последниот тренинг пред средбата ќе биде одработен на 13 ноември, од 11 часот, на стадионот "Младост" во Струмица.
На 15 ноември селекцијата од скопскиот аеродром заминува за Техеран.

Фудбалерите од Кипар отпаднаа поради првенствени настапи
На списокот на Јонуз сега ги нема нашите репрезентативци кои доаѓаат од кипарскиот шампионат Бобан Грнчаров од АПОЕЛ, и Един Нурединовски и Ванчо Шиков од Етникос Ахна. На барање на нивните клубови тие се ослободени од репрезентативните обврски поради фактот што на 14 ноември се игра редовно коло во кипарскиот шампионат. Поради повреда, пак, го нема Александар Васоски, додека од досегашните стандардни репрезентативци, како и за дуелот со Катар, во "аут" се Гроздановски и Тасевски.

Куртиши, Ѓуровски и Бакиу сепак ќе почекаат
Поради проблеми со добивањето патни исправи, и покрај најавата, сепак, деби во националниот дрес нема да има за фудбалерот од Војводина, Марио Ѓуровски, напаѓачот на австриска Магна, Менсур Куртиши, како и голманот на шведски Норчепинг, Нуредин Бакиу за кои претходно Мирсад Јонуз најави дека ќе бидат повикани.
Крајно зачудувачки е несериозниот однос околу добивањето пасош за Марио Ѓуровски, кој претходно беше на репрезентативниот собир и за дуелот со Катар, но не настапи. Колкав период е потребен да се добие патна исправа за македонски репрезентативец!?

ДИРЕКТНИ ПРЕНОСИ НА МТВ
Пуштени во продажба 3.500 билети
Билетите за натпреварот со Канада во Струмица од денеска ќе бидат пуштени во продажба. 3.500 билети ќе се продаваат во Струмица во единиците на "Тобако", по цена од 300 денари за поголемата трибина на "Младост" и 200 денари за помалите. 1.300 билети, пак, ќе бидат распределени од ФФМ.
Директен пренос од натпреварот на 14 ноември кој ќе се игра од 13 часот ќе врши МТВ, а иако с$ уште недефинирано, се очекува да има директен пренос и од натпреварот со Иран на 18 ноември. Главен судија на средбата на нашата селекција со Канада ќе биде Бугаринот, Антон Генов.

БЛИЦ ВЕСТИ ОД ФФМ
Инспекција на УЕФА околу кандидатурата за ЕП 2012 во футсал
Деновиве делегација на УЕФА е во инспекција на салите во Скопје и во Охрид, околу нашата кандидатура за организација на ЕП 2012 во футсал. Покрај нашата земја, уште Белгија, Хрватска и Словенија се во најтесниот круг кандидати за организација на шампионатот.

Потпишан договор за ЕП 2010 за жени
ФФМ го потпиша договорот со УЕФА за организација на Европското првенство за жени до 19 години кое следната година ќе се одржи од 22 мај до 10 јуни во Скопје.

Ставрев суди Бугарија - Боливија
Нашиот интернационален судија Александар Ставрев ќе биде главен делител на правдата на пријателскиот натпревар меѓу Бугарија и Боливија кој ќе се игра на 14 ноември.




МИЗЕРИЈА.... ВАКА НЕ СЕ ИСПРОБУВААТ НОВИ ИГРАЧИ!!!
 

RIZTETO

Somebody stop me
Член од
3 јуни 2007
Мислења
2.508
Поени од реакции
75
Карти ке има само за фирмите спонзори, за тие со врски, и за 2 000 струмичани, и толко
 

RIZTETO

Somebody stop me
Член од
3 јуни 2007
Мислења
2.508
Поени од реакции
75
Кај има тобако во струмица??? :)
Само у Глобал у тобакото има карти, и тва дали има веке, и тва само за блок број 1 се :) на северната, непокриена трибина, јужната е пак спонзорска....... на јужна ного малко ке има обичен народ седнано:smir:
 
Член од
12 јуни 2008
Мислења
5.227
Поени од реакции
974
Само у Глобал у тобакото има карти, и тва дали има веке, и тва само за блок број 1 се :) на северната, непокриена трибина, јужната е пак спонзорска....... на јужна ного малко ке има обичен народ седнано:smir:
Јас па викав да одам во Понеделник за Струмица да си купам карти. :)
 

Warrior

Born to laugh
Член од
15 декември 2005
Мислења
375
Поени од реакции
3
Дали ќе може некој што ке иде на утакмицава да ми чува една карта?
не сум во можност да идам за струмица, а карта ќе ми треба за да ја имам во колекцијата.
 

Vetrence

...believe in yourself! :)
Член од
2 јули 2007
Мислења
7.469
Поени од реакции
676
500 карти ке има за јужната(покриената) трибина пуштено во продажба по цена од500 денари,а другите 1500 ке бидат раздадени од ФФМ.

За другата трибина има во продажба 3000 билети по цена од 200 денари.
 

St3

Член од
3 ноември 2009
Мислења
299
Поени од реакции
8
Kade se prodavaat vleznici od pokrienata tribina vo Strumica
 

Schürrle

can't be touched
Член од
19 ноември 2008
Мислења
3.064
Поени од реакции
2.179
Јас бев во Сабота во тобакото и прашав дали има за јужната трибина и ми рекоа дека има само за северна и си земав за северна ...
 

St3

Член од
3 ноември 2009
Мислења
299
Поени од реакции
8
Kade moze da najdam vleznici za pokrienata tribina
 

Kajgana Shop

На врв Bottom