Луѓе кои што се сериозни за својата колекција на музика (аудиофили) Hi-FI зависници на форумов

Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.858
a part of me died here.Ја немам мп3ки испод 320к, освен ако не се рипови од soundcloud кои сеуште не се искочени.Повеќето од колекцијата ми се 320ки бидејќи повеќе слушам хаус/електрохаус/транс слично, мн ретко е да има FLAC верзија од нив, затоа.

имам едни Sennheiser HD 457,не се најдобри, ама вршат работа.Моментално со SoundBlaster SB0222, наскоро со Audigy2 ZS.Појачало имам, звучници неам али и тоа ќе биде.
Јасно ми е.
Ама како што кажав, јас не ни знам како поинаку да симнувам илегално музика :)

Дури тажно звучат инструменталки вака, верувај. :)
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.492
Јасно ми е.
Ама како што кажав, јас не ни знам како поинаку да симнувам илегално музика :)

Дури тажно звучат инструменталки вака, верувај. :)
Ти кажав, само кажи ги групите/песните по пп, ќе треба само еднаш да кликнеш и ќе ја имаш таа музика :)
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.858
Ти кажав, само кажи ги групите/песните по пп, ќе треба само еднаш да кликнеш и ќе ја имаш таа музика :)
Договорено.
Сега моментално правам кифли па немам баш време да размислувам што се сакам :)
Подоцна ќе ти пишам обавезно!!
И фала многу!
 
W

Werther

Гостин
Нема гајле.
Ако ми веруваш,порано пред 5-6 години на "Бувљак" наоѓав одлично сочувани плочи,Леб и Сол,Pink Floyd,Beatles имаше добар избор,а да се кажи џабе да ги даваа.
Имав еден човек,кој цели купови носеше,повеќето од тој куп беа доста оштетени,но ако побараш убаво,се наоѓаа скоро нови плочи.Имаше и грамафон еден,но тој ни виша сила не го оправаше.
Исто и акустична гирата си купив еднаш за 100 денари,солидно сочувана.

:)
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.492
Ако ми веруваш,порано пред 5-6 години на "Бувљак" наоѓав одлично сочувани плочи,Леб и Сол,Pink Floyd,Beatles имаше добар избор,а да се кажи џабе да ги даваа.
Имав еден човек,кој цели купови носеше,повеќето од тој куп беа доста оштетени,но ако побараш убаво,се наоѓаа скоро нови плочи.Имаше и грамафон еден,но тој ни виша сила не го оправаше.
Исто и акустична гирата си купив еднаш за 100 денари,солидно сочувана.

:)
Ухх, секира у мед ти паднала :)
 
Член од
14 ноември 2008
Мислења
3.418
Поени од реакции
856
Сакам - нејќам мора да имам барем нешто за слушање на квалитетно аудио. Засега сум само на слушалки ги имам овие

Со колекција на FLAC почнав негде пред 3 години, се разбира со Флојд. Почнав да ја даунлоадирам цела нивна дискографија во FLAC формат. Денес можам да кажам дека сум горд сопственик на цела нивна дискографија во loseless аудио. Многу е интересно да се слушни напредокод во мастерингот. Пример, слушнете го A Saucerful of Secrets ќе заприметите колку си играле во студиото со позиционирањето на звукот, напати дури знај да биди нападно. После то слушнете го Dark Side of The Moon или The Wall или The Division Bell.

Сеа сум во потрага за солидни low budget активни монитори, паќе видиме шо ќе испадни.

Во иднина мора да се опремам и со добар грамофон, пошо татко ми има огромна колекција на винили шо е греота да фаќа прашина в визба ( тука ќе ги спомнам плочите од типот Дарк Сајд 1975, Deep Purple - Live in Japan итн.)
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.492
Добра слушалка, доста добра и пред се удобна. За мастерингот, неможам да се сложам повеќе....

За крај, само што продадов Adam A3x за многу добра цена, да знаев.....сега чекам A7x...за некои 3 недели треба да стигнат....колку ти е буџет да препорачам нешто, мониторите ги пратам ептен :)
 
Слабо буџето годинва, посебно после слушалките. И јас имав тешкоти да го изгласам. Негде да речиме 150 - 200 евра за пар. Ма да ако е некоја огромна разлика можам да се снајдам за додатни 50 евра.
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.492
Слабо буџето годинва, посебно после слушалките. И јас имав тешкоти да го изгласам. Негде да речиме 150 - 200 евра за пар. Ма да ако е некоја огромна разлика можам да се снајдам за додатни 50 евра.
Ова е најмалце што би купил, не се кузнае што ама за парите не наоѓаш подобри.....ќе ти ги спуштат додатни 1000-1500 денари со гаранција...под нив незнам што би земал...и овака се ентри левел, но за парите се сосема на место.
 
Член од
14 ноември 2008
Мислења
3.418
Поени од реакции
856
Ова е најмалце што би купил, не се кузнае што ама за парите не наоѓаш подобри.....ќе ти ги спуштат додатни 1000-1500 денари со гаранција...под нив незнам што би земал...и овака се ентри левел, но за парите се сосема на место.
Пичка му матер во вавки ситуаци стално се мислам дали да почекам и да присоберам пари за поасолни некој или да зеам поефтини сеа. Од друга страна, си викам да зеам некој поефтини па понатаму можам да ги вклучам во 5.1 систем како 3 и 4 звучник шо и не би било лошо.
А треба и аудио интерфејс да земам. Ах, маки буџетски!
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.492
Пичка му матер во вавки ситуаци стално се мислам дали да почекам и да присоберам пари за поасолни некој или да зеам поефтини сеа. Од друга страна, си викам да зеам некој поефтини па понатаму можам да ги вклучам во 5.1 систем како 3 и 4 звучник шо и не би било лошо.
А треба и аудио интерфејс да земам. Ах, маки буџетски!
Според мене собери пари за овие, перверзија. Во комбинација со една звучна од 40 евра, ќе ти се деси ова.

П.С. Рачунај на тоа како трајна инвестиција, еднаш купуваш и не мењаш во наредни 5 + години :)

П.С. Цената е за 1 звучник, значи два се околу 37K....
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.492
Ајде абдејт, пак за оние кои се љубителе на добрите снимки на YT..патем, музика која најчесто аудиофилите ја преферираат.

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.379
Поени од реакции
4.924
Брат линковите ти се мочање ( позитивна смисла, да нема недоразбирање ) .. Се топам ееј .. Имаш сабскрајб :coffee:
Иначе, да се наречам аудиофил може до некаде пошо музиката е мој начин на медитација. Се разбира дека иритираат нечистите видеа на јутуб. Таман да искулираш и се слушаат некои грчења, мрморења, pitch up траки можат да се најдат и што уште не .. Од музички опреми немам ништо посебно освен класично ко секој денес - слушалки. И ги поддржувам целосно тие што спомнаа дека нема ништо подобро од винилот .. Да си опичиш на грамофон некој добар џез, блуз итн. да те извади од кожа. Си пронајдов дома грамофон на врвот од еден систем кој прима 7inch плочи. Уште да најдам некоја добра плоча и да има возење.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom