Луѓето се менуваат или....?

DonJas

Married and Happy
Член од
22 јуни 2008
Мислења
2.651
Поени од реакции
586
Што знам можеби е точно :) Само што до сега не сум се уверил во тоа ... некој така да се смени по радикално.

Се случува, ќе видиш со време, зборам од многу лични искуства, и од искуства на другари и пријатели. :)
 
S

smart ass

Гостин
Се случува, ќе видиш со време, зборам од многу лични искуства, и од искуства на другари и пријатели. :)
Многу лични искуства,укажуваат на мноогуу промени на карактерот и однесувањето...дали тоа значи немање свое ЈАС???

Што знам можеби е точно :) Само што до сега не сум се уверил во тоа ... некој така да се смени по радикално.
Зарем немаш сретнато случај кога рајата оговара и вели...абе туу тој/таа беше првенец на генерација а сега е тежок наркоман и к***а???
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Веројатно многу од нас, не еднаш, туку повеќе пати се имаме изгорено од една иста личност... Нешто кое што сме очекувале да го променат во својот однос, но и покрај се останало исто, е она што ме тера да размислам дали луѓето се менуваат... Долго размислував на темава, и од искуството што сум го имал наназад, заклучив дека едноставно што и да правиме НИКОЈ НИКОГАШ НЕМА ДА СЕ ПРОМЕНИ... Вреди ли да живееме со лажна надеж, дека нештата ќе се сменат ако слушнеме само едно ВЕТУВАМ од оној кој не повредил... Вреди ли да мислиме дека еден ден, нешто ќе ја смени таа личност и ќе ја направи подобра... Лично јас мислам дека што и да правиме како личности не се менуваме...Она што ќе се оформи на почеток, тоа останува и понатаму....Сакам да слушнам ваши размислувања на темава...
Луѓето се различни и сите го знаеме тоа. Со тоа кажано, сите поседуваат различна процентажа од тоа колку можат да променат некои работи кај себе. Некои едноставно уживаат да бидат такви какви што се и не би менувале абсолутно ништо за жива глава. Без разлика како нивниот пристап, однесување и ставови влијаат на нивните блиски а и останатите од околината.

Во моето досегашно искуство, луѓето што навистина се обиделе да променат нешто кај себе, за да ме акомодираат мене, можам да ги избројам на една рака. Но затоа денес, после децении познавање и дружење, можам да ги наречам и мои најдобри пријатели. Сепак, за тоа да се случи, требав и јас самиот да променам многу работи кај себе.

Некогаш едноставно не сфаќаш како твоите постапки и однесување влијаат врз психата кај блиските луѓе и колку е важно да бидеш тука за нив кога си најмногу потребен. Стануваш слеп за нивните емоции. Од следење на својот строго зациментиран пат на лични желби и аспирации, остварување на лични потреби и слепо и себично задоволување на своето его, јас за малку ќе останев без никој во мојот живот кој би можел да го наречам близок пријател. Најчесто луѓето почнуваат да менуваат работи кај себе кога ќе осетат дека се на работ. А некогаш човек не сфаќа што има, додека не го изгуби. За среќа единственото нешто кое го изгубив беше моето старо јас. Тие времиња се одамна изминати, но сепак сеќавањата се засекогаш врежани во тебе да те потсетат како е сега, и како можело да биде. За да не ја повториш истата грешка во иднина.

Искуството е калапот кој го оформува човекот и неговите сфаќања. А во искуството, знаеме често да постапиме на најлош начин. Но тоа се најголемите лекции кои животот ги нуди, учењето од нашите грешки. Сепак најважно е човек прво да препознае кога прави грешка. Тоа е првиот чекор. А знаеме дека првите чекори се најтешки за правење. После тоа ...... се е полесно.
 

Брокер

Broker of the Year
Член од
25 јули 2009
Мислења
1.227
Поени од реакции
257
Според мене никој не може да се смени можеби ќе смени некој размислувања и некој гледања кој работите и површно ќе изгледа дека е сосема друга личност но длабоко во него во подсвеста ќе остане како што беше заедно со сите свои лоши карактеристики затоа според мене не се верува на човек кој што еднаш успеал да не изигра и да не излажи.
 
S

smart ass

Гостин
Ne, se vika adaptacija i uchenje od greshkite.

Значи ли тоа дека ако си во друштво со рапери на пример(а слушаш турбофолк) се "адаптираш"на новите околности и велиш loose yourself е јака песна од Еминем-а цеца нечини...фолкерите се отров пу пу...???
 

DonJas

Married and Happy
Член од
22 јуни 2008
Мислења
2.651
Поени од реакции
586
Значи ли тоа дека ако си во друштво со рапери на пример(а слушаш турбофолк) се "адаптираш"на новите околности и велиш loose yourself е јака песна од Еминем-а цеца нечини...фолкерите се отров пу пу...???
Ne taka.. Da sum folker ke se drzam do folkot..ama nema da plukam po rapot.. I lose yourself e edna od moite omileni traki. Vo princip adaptacijata e samo eden primer za promena kaj odreden chovek, edna od najchestite..ama ne i edinstvena..negativno ili pozitivno luge se menuvaat od prazni prichini..stres, taga, srekja, nesrekja, oshtestvo, droga, pari, rabota, zhena/mazh, etc etc
 
С

Сатори

Гостин
Веројатно многу од нас, не еднаш, туку повеќе пати се имаме изгорено од една иста личност... Нешто кое што сме очекувале да го променат во својот однос, но и покрај се останало исто, е она што ме тера да размислам дали луѓето се менуваат... Долго размислував на темава, и од искуството што сум го имал наназад, заклучив дека едноставно што и да правиме НИКОЈ НИКОГАШ НЕМА ДА СЕ ПРОМЕНИ... Вреди ли да живееме со лажна надеж, дека нештата ќе се сменат ако слушнеме само едно ВЕТУВАМ од оној кој не повредил... Вреди ли да мислиме дека еден ден, нешто ќе ја смени таа личност и ќе ја направи подобра... Лично јас мислам дека што и да правиме како личности не се менуваме...Она што ќе се оформи на почеток, тоа останува и понатаму....Сакам да слушнам ваши размислувања на темава...
Зарем луѓето не веруваат во Бог и во неговите ветувања кои што никогаш не се исполнуваат?Зарем децата не им веруваат на ветувањата на нивните родители дека се ќе биде подобро кога наредниот ден повторно ги наоѓаат полупијани и заспани на креветот?

Хм, веројатно наравоучение е дека не треба да им веруваме на оние што не излажале некогаш само затоа што тоа ќе ни го направат пак, како приказната за овчарот и волчко, ама еден ден волкот навистина ќе дојде и сите лаги наеднаш губат на тежина и стануваат подготовка за тежината на казната што во еден момент од животот навистина сме ја промениле програмата според која се водиме.
Најлесно е да не веруваме во промените, затоа што не плашат а константноста ни е позната, но како ќе пораснеме ако не дадеме барем можност за грешка и промена.
 

ChaLL3nGeR

Кајгана's APEX PredaTor
Член од
15 април 2009
Мислења
721
Поени од реакции
66
на кратко кажано... Луѓето не се менуваат, се менуваат околностите
 
M

M del Mar

Гостин
Моето мислење е следно:
Луѓето се менуваат, но не комплетно само во одредени сегменти, а сето тоа е резлутат од горенаведеното од страна на DonJas, значи тага, стрес, среќа, неверство, неочекувано нешто што би не повредило од блиски личности и многу икс работи може да придонесат личноста да се промени позитивно односно негативно...па сега дали индивидуата ќе се смени за кратко односно подолго време...не би требало да дискутираме за тоа.
Е сега ако станува збор за љубомора, лицемерие, малку потешко дека личноста би се променила...
Лично јас од некои си икс искуства во многу сегменти се имам променето, едноставно ситуацијата во која што сум се нашла т.е сум ја доживеала ме натерала да се променам...
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Се менуваме сите, тоа е факт. Само финтата е што некои се менуваат нагло (вештачки) а други пак постепено, дури и неприметливо.
 
?

..........

Гостин
Воглавно не се менуваат многу....
имам забележано промени кај луге кој го смениле местото на живеење средината....
јас порано зивеев во Гевгелија сега сум во Кавадарци и оние кој ми беа школски во основно од ГВГ и некој пријатели и роднини велат дека сум многу променет ..
дали е тоа така затоа шо ретко се гладаме или навистина сум променет незнам:toe:
 
Член од
12 ноември 2009
Мислења
53
Поени од реакции
0
Не се менуваа. Додуше стареат а со староста некои воглавно лоши особини им се продлабочуваат но во суштина остануваат исти. Повеќе се менува нашата перцепција кон другите.
 

Unknown Artist

I reject your reality and substitute my own.
Член од
16 ноември 2007
Мислења
322
Поени од реакции
15
Нормално дека се менуваат и на полошо и на подобро, самиот живот те тера на тоа.

Поготово тешкотиите во животот те менуваат и зависи до карактерот, моментот и среќата пред се (како ке ги пребродиш) дали ке се затвориш во себе или ке излезеш посилен.

Не е така црно-бело како во овој пластичен пример кој го дадов, има и сива ареа, но поентата е дека животот со своите среќи и несреќи те менува и на некој начин ти помага да го осознаеш и прилагодиш на него со своето размислување и постапки.
 
Член од
25 ноември 2009
Мислења
692
Поени од реакции
191
Сметам дека луѓето можат некои работи да сменат во животот меѓутоа некои стари навики или пак карактер...Години кои се градат некои работи се до 20 година потоа промените тешко можат да се реализираат бидејќи и да е мана се смета како навика и не се гледа нејзиното негативно влијание...Ништо не се слушува преку ноќ туку настаните се кројат а кога ќе се реализираат се зависи од кога ќе дојди вистинскиот момент за тоа...Обично промените се случуваат на секои 5 години но не кизнеа што...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom