Луцидни соништа

S

SpaceTraveler

Гостин
YOGA NIDRA или Јогинското спиење доколку би било изведено повеќе од 40 минути би можело да предизвика луцидни соништа или состојба помеѓу јаве или сон. За Јога нидра нема да пушувам оставам на вас да се опуштате и претражувате на интернет, мене ми е здодевно 40 минути во една положба да лежам. Друга Асана да, ама таа нема шанси!!!

Најчесто ми се случувало да имам луцидни сонови под дејство на Мелатонин поодамна кога бев повеќе на пороци како цигари, алкохол, дијазепамчиња. Веќе не правам ништо од тоа и немам некакви астрални патувања или луцидни соништа, нормално темпо на живот само и здодевно секако. :D
 
S

SpaceTraveler

Гостин
По совет на еден од членовите на форумот кој беше напиштал дека треба во јаве да проверуваме дали имаме 5 прсти, вчера го пробав тој метод и ми успеа во сон ноќва!!! ЦАР Е ТИПОТ, алал вера!!! :D
 
Теодор006

Научник
Член од
25 август 2013
Мислења
270
Поени од реакции
111
Сега се е на тебе дали ќе продолжиш така или не, ако сакаш луцидно да сонуваш терај си, со време се усовршува контролата и ќе можеш подолго да ја задржиш контролата.

Да ви се пофалам, случајно се разбудив ноќеска, не знам зошто, не ми текна да се помрднам ни за милиметар и осеќав како да ми лази нешто на главата. Испаничив малце ама ми текна дека можеби е луциден сон и успеав да заспијам повторно. Малку застрашувачко искуство.
Дали ова е навистина луциден сон или сонував дека имам луциден сон?
 
Gandradelic

Banderash
Член од
31 март 2014
Мислења
1.297
Поени од реакции
782

Можеби некоја бубачка ти пролазила на главата, или нешто едноставно те почешало по главата како тригер за да помислиш дека би имал луциден сон пошто во тој контекст се со се е брилијантно сврзано и функционира надвор од нашите рационални размислувања.
Луциден сон ти е кога имаш некоја ситуација реална во сон, да чуствуваш и да имаш некаква интеракција со некој, нешто ... А ќе дознаеш дали имаш луциден сон ако некако си ја провериш свеста на лице место, како на пример да пројдеш кроз зид или да смениш местоположба во астралот , пример да помислиш дека си на море и автоматски ќе сфатиш дека имаш луциден сон и пробај да го контролираш иако најчесто ретко се контролира во целост тоа бидејќи се работи за премногу комплексна состојба и мислам дека и многу ретко луѓе постојат што нон стоп се заебаваат со потсвеста на тој начин да ги контролираат тотално соновите бидејќи кога сонуваме автоматски сме во сржта на подсвеста а подсвеста е сеуште мистерија за човешството.
Јас мислам дека астралната проекција како таква е наменета за репрограмирање на потсвесно ниво и дека треба многу високо развиена духовна и умствена интелегенција за да може тоа убаво да се процесира без да има негативни последици а вака обичен човек кој постојано е под различни влијанија, енергетски и со социјални вируси мислам дека треба да се препушти на слободната воља на спиритот и самиот по себе ќе си се процесира кога треба...
 
.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Јас имав до сега вкупно 7 пати. Прв пат на 11 години ми се случи да доживеам при тоа после тоа не можев и не сакав да заспијам, бидејќи бев препрашлен. Последен пат кога ми се случи и откако веќе имам искуство со Астрална Проекција, се обидов да излезам надвор но не успеав, иако веќе поминав две соби додека стигнам до надворешната врата, при тоа се останато видов.

Разговарав со лице кое е патем будист, ми кажа дека тие можат самите да ја предизвикаат астралната проекција и при тоа можат и да излезат надвор но потенцира дека за оние кои не се искусни, кои немаат искуство и доколку незнаат како да се вратат во своето тело најдобро е да не излегуваат од куќата каде што се. Ете доколку има некој кој е новалјија нека му послужи овој совет и секако да разговара кој веќе е неколку нивоа погоре од него.
 
RadE_Strongest

Field Marshal
Член од
31 март 2009
Мислења
665
Поени од реакции
334

абе готово , отиде у неповрат во светот на духовите и црните дупки лол
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.303
Поени од реакции
5.902
Друштво :) со еден голем човек за земскиве рамки сум разговарал повеке пати и за луцидни соништа и за астрално патување и најискрено човекот ми кажа да се тргнам од нив. Зошто ке објаснам ако морам. Астрално не ми се случило досега а луциден сон еднаш досега спонтано без моја воља.
 
Теодор006

Научник
Член од
25 август 2013
Мислења
270
Поени од реакции
111
Можеби некоја бубачка ти пролазила на главата, или нешто едноставно те почешало по главата како тригер за да помислиш дека би имал луциден сон пошто во тој контекст се со се е брилијантно сврзано и функционира надвор од нашите рационални размислувања.
Луциден сон ти е кога имаш некоја ситуација реална во сон, да чуствуваш и да имаш некаква интеракција со некој, нешто ... А ќе дознаеш дали имаш луциден сон ако некако си ја провериш свеста на лице место, како на пример да пројдеш кроз зид или да смениш местоположба во астралот , пример да помислиш дека си на море и автоматски ќе сфатиш дека имаш луциден сон и пробај да го контролираш иако најчесто ретко се контролира во целост тоа бидејќи се работи за премногу комплексна состојба и мислам дека и многу ретко луѓе постојат што нон стоп се заебаваат со потсвеста на тој начин да ги контролираат тотално соновите бидејќи кога сонуваме автоматски сме во сржта на подсвеста а подсвеста е сеуште мистерија за човешството.
Јас мислам дека астралната проекција како таква е наменета за репрограмирање на потсвесно ниво и дека треба многу високо развиена духовна и умствена интелегенција за да може тоа убаво да се процесира без да има негативни последици а вака обичен човек кој постојано е под различни влијанија, енергетски и со социјални вируси мислам дека треба да се препушти на слободната воља на спиритот и самиот по себе ќе си се процесира кога треба...
Ама чувството беше некако лигаво и брзо се движеше, па најверојатно беше нешто како халуцинација.
 
RadE_Strongest

Field Marshal
Член од
31 март 2009
Мислења
665
Поени од реакции
334
Ама чувството беше некако лигаво и брзо се движеше, па најверојатно беше нешто како халуцинација.
да не е sleep paralysis , ама при крајот , таман кога си на раб од луциден сон и реалност пред да те пушти скроз парализата ...
 
Gandradelic

Banderash
Член од
31 март 2014
Мислења
1.297
Поени од реакции
782
Ама чувството беше некако лигаво и брзо се движеше, па најверојатно беше нешто како халуцинација.
Тоа ме асоцира на некој прегорен неврон пошто тогаш во главата кој знае што ти се дешавало пошто за контрола на вакви работи треба истрениран мозок и мора малку да прегорат некои работи за да се креираат нови али во секој случај технички се работи за халуцинација. Било што можело да се случи а никогаш нема да дознаеме што точно се случило така да ирелевантно е се што би кажале.

Друштво :) со еден голем човек за земскиве рамки сум разговарал повеке пати и за луцидни соништа и за астрално патување и најискрено човекот ми кажа да се тргнам од нив. Зошто ке објаснам ако морам. Астрално не ми се случило досега а луциден сон еднаш досега спонтано без моја воља.

Сакав да напишам нешто многу и напишав и сфатив дека ти треба да им објасниш и го избришав и сеа го пишувам ова за да ти кажам дека треба почесто да имаш луцидни сонови али од убав тип исто така и пробај малку астрална проекција и ќе откриеш магични работи.
Во случајот со ставот на пријателот твој би се согласил но ако некој има потреба да истражува во оваа област а притоа истражува и чекори по прав пат може слободно да проба било што.
Пример јас имам правено астрална проекција и контролирано сонови... тоа умее да биде најпрекрасно нешто што постои а не е од овој свет...

Ве поздравувам со тракава.
 
Последно уредено:
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.303
Поени од реакции
5.902
Тоа ме асоцира на некој прегорен неврон пошто тогаш во главата кој знае што ти се дешавало пошто за контрола на вакви работи треба истрениран мозок и мора малку да прегорат некои работи за да се креираат нови али во секој случај технички се работи за халуцинација. Било што можело да се случи а никогаш нема да дознаеме што точно се случило така да ирелевантно е се што би кажале.

Сакав да напишам нешто многу и напишав и сфатив дека ти треба да им објасниш и го избришав и сеа го пишувам ова за да ти кажам дека треба почесто да имаш луцидни сонови али од убав тип исто така и пробај малку астрална проекција и ќе откриеш магични работи.
Во случајот со ставот на пријателот твој би се согласил но ако некој има потреба да истражува во оваа област а притоа истражува и чекори по прав пат може слободно да проба било што.
Пример јас имам правено астрална проекција и контролирано сонови... тоа умее да биде најпрекрасно нешто што постои а не е од овој свет...

Ве поздравувам со тракава.
И ти веке подолго време знаеш и чепкаш брату и верувам дека правилно препознаваш ако мислиш дека треба и вреди нешто да се сподели објасни им. :) Разговорот беше за тоа дали е ок да се прават овие две работи и дали може како хоби човек да си ги работи. Ми кажа дека во сон сме во подсвест а за да ја задржиш свеста а си во состојба на сон е голем напор и проблем на долгорочен план зошто постојано се префрла онаа граница за свест и подсвест горе долу и тоа не било во ред. Иначе можат да се случат и зезнати ситуации додека си во сон да мислиш дека не си или кога ке се разбудиш да мислиш дека уште спиеш... А за астрална проекција и ми рече дека нема потреба реално гледано и затоа што и на тие други фрекфенции и вибрации постојат незгодни работи, најинтересно е таму дека во што веруваш тоа постои и тоа е најголемата реалност а иначе најстрашното е лоши заглавени души, демони, да се заглавиш некаде што е проблем дека никој неможе да те најде итн. Иначе овие работи ги користат и за гледање битни историски моменти или случки или пак ако има исчезнат човек исто така. Интересно е да се каже дека големите сили имаат и оддели за шпиунажа преку паранормални способности и таму работат астрални проекции за шпиунажа.
 
S

SpaceTraveler

Гостин
По втор пат ми успеа советот да ги пребројувам прстите во јаве... алал да му е на форумџијата и фала што ми го кажа тој метод, најефикасен и едноставен метод!!! :)
 
Gandradelic

Banderash
Член од
31 март 2014
Мислења
1.297
Поени од реакции
782
И ти веке подолго време знаеш и чепкаш брату и верувам дека правилно препознаваш ако мислиш дека треба и вреди нешто да се сподели објасни им. :) Разговорот беше за тоа дали е ок да се прават овие две работи и дали може како хоби човек да си ги работи. Ми кажа дека во сон сме во подсвест а за да ја задржиш свеста а си во состојба на сон е голем напор и проблем на долгорочен план зошто постојано се префрла онаа граница за свест и подсвест горе долу и тоа не било во ред. Иначе можат да се случат и зезнати ситуации додека си во сон да мислиш дека не си или кога ке се разбудиш да мислиш дека уште спиеш... А за астрална проекција и ми рече дека нема потреба реално гледано и затоа што и на тие други фрекфенции и вибрации постојат незгодни работи, најинтересно е таму дека во што веруваш тоа постои и тоа е најголемата реалност а иначе најстрашното е лоши заглавени души, демони, да се заглавиш некаде што е проблем дека никој неможе да те најде итн. Иначе овие работи ги користат и за гледање битни историски моменти или случки или пак ако има исчезнат човек исто така. Интересно е да се каже дека големите сили имаат и оддели за шпиунажа преку паранормални способности и таму работат астрални проекции за шпиунажа.
Тоа горе доле ќе го кажев и јас... а да се занимаваш како хоби со такви ствари малку е ризично пошто си објасни убаво, тоа се димензии каде што има све и свашта ... не е за секој наменето ова и многу малку луѓе се занимаваат со ова, ете убаво што спомна околу големите сили дека употребуваат такви активности за да откријат нешто. Како и да е во принцип многу малку се знае за сите овие работи и не е препорачливо да се чепка таму кај што не е местото...
Има пичиња, музика, стимуланси ... ок е и тука, таму во тие светови не е воопшто како тука и нема концепт таму ок или неок , сосема е различно.
Сеуште понекогаш пред да заспијам си правам некои процеси али тоа е далеку од предизвикување астрална проекција, си одам до безбедносна граница на имагинација, емоционална стимулација и чепкање по малку со енергиите, останатото е ризично и немам некоја полза од тоа моментално.
Мораме да ја задржиме свеста во оваа тродимензионална реалност бидејќи тука функционираме и го искусуваме животот, за останатите димензии има време ...
Да си свесен дека си свесен е права ствар и кон тоа само треба да се цели и сите тие останати заебанции нека се случуваат спонтано и по природен тек бидејќи како и да е човек што се занимава со духовните закони под основно му се појавуваат вакви феномени како луцидни сонови/ астрални проекции и само по себе се развива свест во таа свест и после е друг муабет како афтер ефект а меѓудругото и тоа е релативно зашто дневно примаме премногу информации па се гуши и таа меморија која што сме ја фиксирале тогаш кога сме доживеале такви состојби.
Од сите тие сонови обожавам кога имам секс со прекрасните суштества од женски тип!
Тоа е тоа од мене во принцип, си ги обожавам тие енергии ... пичиња си сакам, дали тука или таму тоа е дел од мене и неможам да си помогнам и тоа е прекрасно и МБК за се онака. Мир! :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom