И ти веке подолго време знаеш и чепкаш брату и верувам дека правилно препознаваш ако мислиш дека треба и вреди нешто да се сподели објасни им.
Разговорот беше за тоа дали е ок да се прават овие две работи и дали може како хоби човек да си ги работи. Ми кажа дека во сон сме во подсвест а за да ја задржиш свеста а си во состојба на сон е голем напор и проблем на долгорочен план зошто постојано се префрла онаа граница за свест и подсвест горе долу и тоа не било во ред. Иначе можат да се случат и зезнати ситуации додека си во сон да мислиш дека не си или кога ке се разбудиш да мислиш дека уште спиеш... А за астрална проекција и ми рече дека нема потреба реално гледано и затоа што и на тие други фрекфенции и вибрации постојат незгодни работи, најинтересно е таму дека во што веруваш тоа постои и тоа е најголемата реалност а иначе најстрашното е лоши заглавени души, демони, да се заглавиш некаде што е проблем дека никој неможе да те најде итн. Иначе овие работи ги користат и за гледање битни историски моменти или случки или пак ако има исчезнат човек исто така. Интересно е да се каже дека големите сили имаат и оддели за шпиунажа преку паранормални способности и таму работат астрални проекции за шпиунажа.
Тоа горе доле ќе го кажев и јас... а да се занимаваш како хоби со такви ствари малку е ризично пошто си објасни убаво, тоа се димензии каде што има све и свашта ... не е за секој наменето ова и многу малку луѓе се занимаваат со ова, ете убаво што спомна околу големите сили дека употребуваат такви активности за да откријат нешто. Како и да е во принцип многу малку се знае за сите овие работи и не е препорачливо да се чепка таму кај што не е местото...
Има пичиња, музика, стимуланси ... ок е и тука, таму во тие светови не е воопшто како тука и нема концепт таму ок или неок , сосема е различно.
Сеуште понекогаш пред да заспијам си правам некои процеси али тоа е далеку од предизвикување астрална проекција, си одам до безбедносна граница на имагинација, емоционална стимулација и чепкање по малку со енергиите, останатото е ризично и немам некоја полза од тоа моментално.
Мораме да ја задржиме свеста во оваа тродимензионална реалност бидејќи тука функционираме и го искусуваме животот, за останатите димензии има време ...
Да си свесен дека си свесен е права ствар и кон тоа само треба да се цели и сите тие останати заебанции нека се случуваат спонтано и по природен тек бидејќи како и да е човек што се занимава со духовните закони под основно му се појавуваат вакви феномени како луцидни сонови/ астрални проекции и само по себе се развива свест во таа свест и после е друг муабет како афтер ефект а меѓудругото и тоа е релативно зашто дневно примаме премногу информации па се гуши и таа меморија која што сме ја фиксирале тогаш кога сме доживеале такви состојби.
Од сите тие сонови обожавам кога имам секс со прекрасните суштества од женски тип!
Тоа е тоа од мене во принцип, си ги обожавам тие енергии ... пичиња си сакам, дали тука или таму тоа е дел од мене и неможам да си помогнам и тоа е прекрасно и МБК за се онака. Мир!