Благодарам за одговорот, ова ти е твое прашање,искуство или го имаш видено...
Ова би значело дека треба да се избегнува поседовен лист при купување на плац заради тоа што може да не ми се одобри градење на куќа.
Вака сеа ке ти кажам тоа што онака општо го знам а за подетално и посигурно ке те упатам да си го симнеш законот за градење од право.орг.мк и да консултираш адвокат или геодетска фирма. Порано според законот за градење можеше да градат објект само сопственици ама и корисници на земјиште, додека сега после откупов на државно земјиште можат да градат само сопственици на земјиште, како е точно незнам стварно. Поседовен лист ти вика катастаров не е доказ за сопственост, односно земјиштето ти е дадено да го користиш (времено или стално) ама сопственикот е државата, за да станеш сопственик треба да го откупиш од државата доколку го продава(до 31декември за по 1евро за м2) после тоа ке биде поскапо. Ама да го купиш ти неможеш затоа што ти не си корисник а корисникот на земјиштето им апсолутна предност при откуп на земјата од државата(пример неможеш да го откупиш дворот од комшијата до тебе што го користи 50години и да го избркаш, првенство има он, и чудно е зашто тој што ти го продава а не го откупил за да добие имотен лист наместо сеа поседовен, така повеќе и ќе му вреди земјата,,,,вероватно не му дава општината да го откупи, а зашто не му дава може само да претпоставуваш, прво може да е заради тоа што на тоа место е предвидено нешто општината да гради од значење за општината, пример пат, школо и слично. Значи треба во општината да си прашаш што е предвидено со ДУП на таа локација да се гради, некои општини тие ДУП планови ги имаат и по сајтовите нивни, може и да си поднесеш барање таму или у катастар извод од ДУП за таа локација да ти издадат, се плаќа нешто ситно за тоа.
Значи за да градиш треба да имаш прво имотен лист т.е. да си сопственик, а второ да на тоа место според ДУП е предидено градба на семејна куќа или зграда(познато у народов како маркица), тогаш и на имотниот лист у графата за типот на земјиште ке стои дека земјиштето е во градежен реон, а сега вероватно ти стои дека е нива или камењар или шума или што и да е по класификација на земјиште.
И државата не е глупа да ти даде да го откупиш сега од неа за едно евро по м2 а утре да треба да гради таму школо, болница па да треба да се пазари со новиот сопственик (до вчера корисник) за милион евра за да му ја купи назад и да го тргне од таму. Мислам дека најдовбро ти е да платиш геодетска фирма која у катастар и општина ке провери што ке се прави таму, и ке испита дали чоеков што ти го продава има поднесено барање да го откупи и има ли шанси да му го одобрат, геодетиве ке ти завршат работа.