Локација за изградба на куќа во Скопје

Член од
9 јануари 2006
Мислења
5.531
Поени од реакции
7.272
Фала многу другар, само што проверив преку адресата, од горе гледано, овој плац се наога на 200 метри од последните парцели обележанаина катастарот. Е сега тој плац што е над мене, слушнав од неколку луге дека го купил некој наш кошаркар, а преку страницава ни кај него не е обележан плацот... Инаку плацов се наога блуску до парцела 865.
Ова значи дека човекот нема имотен лист, или дека тоа земјиште не е за градба???
Имотен лист е доказ за сопственост(кој е газда) ама за да стане некој сопственик тој имот прво мора негде(катастар) да фигурира, значи мора прво да има ДУП за тој дел донесен од општината и да се утврдат парцелите следствено и маркиците за градба( ако општината ја одреди парцелата како градежна). Можеби на твојов плац не е предвидена куќа пример, може да е предвидено да се гради школо или било што друго, тоа треба во општината да си провериш што се планира и дали воопшто се планира градба.
Доколку овој што ти го продава го легализира за брзо и добие имотен лист и за куќата тогаш е почиста работата.
Таму според тоа што најдов на буилд.мк уште не е донесен ДУП пошо планот паднал на уставен и нема парцелизација тој дел што тебе те интересира. Разгледај го фино форумот и темата за Сончев град има и доста мапи.
 
Член од
10 декември 2011
Мислења
2
Поени од реакции
0
Другари ако сакате мирно и мало место не многу одалечено од центар најпогодно место е Трубарево. 30минути со автобус 10 до 15 мин со кола до центар цените на плацевите се движат многу евтино 15 до 20 евра квадрат малку поодалечени од главниот пат а тие што се до главниот пат се движат од 30 до 40 евра квадрат. Многу мирна населба е имате се што ви е потребно има основно школо, ресторан, кафулиња, интернет кафулиња маркети месари се што ви е потребно да не шарате до центар за некоја ситница мирно и не е пренатрупано со куќи и народ зеленило од сите страни.... Доколку сте тип кој што сака мирно и тивко место дојдете проверете и ке видите :))) иначе трубарево се наоѓа 1.5км од Маџари јас лично живеам тука и сум премногу задоволен за разлика од многу други населби или села....
 
Член од
26 март 2009
Мислења
72
Поени од реакции
8
untitled (Large).JPG
Дали знае некој, дали овде на некој дел од сликава поминува главната цевка за водовод???
 
Член од
30 април 2009
Мислења
795
Поени од реакции
91
Prodavam plac vo s. Kadino, ako ima nekoj zainteresiran neka mi pise vo pp
Cena po dogovor
 
Член од
2 септември 2005
Мислења
90
Поени од реакции
12
За прв пат случајно поминав низ Волково пред некој месец и тотално се разочарав од хаосот и неурбанизираноста на местото. Прекрасна околина, идеална за градење но тотално неорганизирана. Како да не си во Скопје...
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
472
Поени од реакции
292

Така затоа што во Скопје е во хаос.Наместо државата да ги организира општините,да го смисли планот за секоја улица,во тековно време (Не веќе кога ќе се изгради веќе се тогаш го прават планот на база на реалниот) СЕКОЈ СИ ГРАДИ КАЈ САКА,НИ ПАТ НИ ПЛАН :tapp:
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
472
Поени од реакции
292
Има ли некој информации дали ако плацот се наоѓа надвор од ГУП, поточно за плацот нема маркици колкава најмала површина може да биде плацот пр.200-250 м2, дали може да се земе дозвола за градба.
 
Член од
12 февруари 2012
Мислења
227
Поени од реакции
25
Да прашам нешто, еден човек ми нуди плац во сопиште, на убаво место околу 400м2 за некои 50-55евра квадрат. Но ми вика дека ке му треба некои 1000 евра и некој 1-2 месеци за да ги заврши документите за добивање имотен лист. Дали вреди да се чека тоа, или личи на некоја превара? Препродавање и слично?
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Да прашам нешто, еден човек ми нуди плац во сопиште, на убаво место околу 400м2 за некои 50-55евра квадрат. Но ми вика дека ке му треба некои 1000 евра и некој 1-2 месеци за да ги заврши документите за добивање имотен лист. Дали вреди да се чека тоа, или личи на некоја превара? Препродавање и слично?
Нема што ти да му даваш пари, ако има намера да го продаде плацот треба да си ја среди документацијата без разлика дали ќе го купиш ти или пак ќе му го продаде на некој друг или трет.
Лично имав непријатно искуство со давање пари како гарант за имот, кога типот си ја заврши работата ми ги врати парите дадени како капар по 6 месеци од причина што имаше заложено автомобил за нив и го продаде имотот на друг човек за малку поголема сума од таа за која се договоривме кога не му беа средени документите. Излегов дури и во минус бидејќи го платив нотарскиот договор 500 ден. и ми беа парите врзани кај него 6 месеци без интерес.
За чекање тоа зависи од тебе како ти се плановите, по мое два/три месеци не е никаков проблем за таква работа, ако прашуваш за транспарентноста на цената тогаш провери си на сајтовите за огласи или пак во агенции за недвижнини и спореди.
 
Член од
12 февруари 2012
Мислења
227
Поени од реакции
25
Аха, во право си тука, јас сум малку тазе за овие работи па затоа прашував, човеков има некоја си нива или незнам што е од 3000м2, па продал 2 плаца, за нив има се комплет документи и така. сега овој што го дава ми вика ке му требаат 2 месеци.
Него за купување плац и градење куќа, што друго треба освен ова:
1. Имотен лист
2. Геодет
3. План
4. Дозвола
...... ??
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
472
Поени од реакции
292
Дали за купување на земјиште за градба на куќа може земјиштето да биде со поседовен лист, плацот што сакам да го купам има поседовен лист и незнам дали може со поседовен лист да се извади градежна дозвола или мора да има имотен лист
Совет од покомпетентни личности за недвижнини ???
 
Нема некој да сподели искуство ???!
 
Член од
9 јануари 2006
Мислења
5.531
Поени од реакции
7.272
Нема некој да сподели искуство ???!
Прашање: Имам поседовен лист, но истиот не ми го признаваат како валиден документ со кој можам да ја докажам сопственоста врз мојот имот. Што е разликата меѓу поседовен и имотен лист?
Одговор: Имотниот лист е јавна исправа со која се докажува запишаното право на сопственост и други стварни права на недвижностите во согласност со закон. Имотниот лист содржи податоци за: катастарските парцели, зградите и посебните делови од зградите и други објекти, носителите на правата на недвижностите, правото на сопственост и други стварни права на недвижностите, како и други права чие запишување е утврдено со закон, правната основа на запишување, висината на побарувањето што се обезбедува со заложното право, предбележувања и прибележувања. Во поседовниот лист се евидентираат податоци за земјиштето, односно за катастарските парцели и нивните корисници во согласност со Законот за премер и катастар на земјиште, и истиот не е доказ за запишаното право на сопственост.
 
Благодарам за одговорот, ова ти е твое прашање,искуство или го имаш видено...
Ова би значело дека треба да се избегнува поседовен лист при купување на плац заради тоа што може да не ми се одобри градење на куќа.
 
Вака сеа ке ти кажам тоа што онака општо го знам а за подетално и посигурно ке те упатам да си го симнеш законот за градење од право.орг.мк и да консултираш адвокат или геодетска фирма. Порано според законот за градење можеше да градат објект само сопственици ама и корисници на земјиште, додека сега после откупов на државно земјиште можат да градат само сопственици на земјиште, како е точно незнам стварно. Поседовен лист ти вика катастаров не е доказ за сопственост, односно земјиштето ти е дадено да го користиш (времено или стално) ама сопственикот е државата, за да станеш сопственик треба да го откупиш од државата доколку го продава(до 31декември за по 1евро за м2) после тоа ке биде поскапо. Ама да го купиш ти неможеш затоа што ти не си корисник а корисникот на земјиштето им апсолутна предност при откуп на земјата од државата(пример неможеш да го откупиш дворот од комшијата до тебе што го користи 50години и да го избркаш, првенство има он, и чудно е зашто тој што ти го продава а не го откупил за да добие имотен лист наместо сеа поседовен, така повеќе и ќе му вреди земјата,,,,вероватно не му дава општината да го откупи, а зашто не му дава може само да претпоставуваш, прво може да е заради тоа што на тоа место е предвидено нешто општината да гради од значење за општината, пример пат, школо и слично. Значи треба во општината да си прашаш што е предвидено со ДУП на таа локација да се гради, некои општини тие ДУП планови ги имаат и по сајтовите нивни, може и да си поднесеш барање таму или у катастар извод од ДУП за таа локација да ти издадат, се плаќа нешто ситно за тоа.
Значи за да градиш треба да имаш прво имотен лист т.е. да си сопственик, а второ да на тоа место според ДУП е предидено градба на семејна куќа или зграда(познато у народов како маркица), тогаш и на имотниот лист у графата за типот на земјиште ке стои дека земјиштето е во градежен реон, а сега вероватно ти стои дека е нива или камењар или шума или што и да е по класификација на земјиште.
И државата не е глупа да ти даде да го откупиш сега од неа за едно евро по м2 а утре да треба да гради таму школо, болница па да треба да се пазари со новиот сопственик (до вчера корисник) за милион евра за да му ја купи назад и да го тргне од таму. Мислам дека најдовбро ти е да платиш геодетска фирма која у катастар и општина ке провери што ке се прави таму, и ке испита дали чоеков што ти го продава има поднесено барање да го откупи и има ли шанси да му го одобрат, геодетиве ке ти завршат работа.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom