Лого. Што/Како/Зошто?

Giso`Yo

The Real YoYo
Член од
29 јануари 2007
Мислења
119
Поени од реакции
0
Е ова е нешто многу подобро. Само во второто лого „BUSSINES.com.mk“ разделувањето на првата буква на тој начин ја отежнува малку читливоста при прв поглед на логото.
Не верувам дека е така. Всушност целата естетика е во тоа оделување и `handshake` - от. :)
 
Член од
5 мај 2008
Мислења
7
Поени од реакции
0
Не верувам дека е така. Всушност целата естетика е во тоа оделување и `handshake` - от. :)
Во ред за естетиката се сложувам, само мене тоа ми остави прв впечаток. Читливоста и јасноста е на прв ред се разбира заедно со симболиката и естетиката е прав погодок.
 
Член од
3 декември 2008
Мислења
816
Поени од реакции
22
може ли да ми кажете некоо програмче за правење лого што е фри даунлоад?
 

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
458
Тема: Лого
Под тема: Од идеа до реализација па се до презентација
Од: Гоце Велески а.к.а. Точкест (дизајнер)

Прва глава: Зошто лого?
А зошто да не? Логото е основната работа која ќе го "продаде" производот. Замислете го Aдидас без трите листови или трите стрелки, Лаки страјк без кругот, Џони Вокер без шетачот.
Човекот има лик и по тој е препознатлив, и така доаѓаме до тоа дека логото е тоа преку кое можеме да препознаеме некоја фирма-продукт.
-Основни карактеристики на лого
Форма
Боја
Фонт

-Форма
Формата на логото е напишана тука, да не правам копи пејст прочитајте:)

-Боја
Бојата го создава идентитетот т.е. бојата затоа што ја има секаде многу лесно може да не асоцира на одреден продукт-фирма. Значи кога ќе ја видиме портокаловата боја што ја има логото на Кајгана, во некој дел од главата ќе ни се врати филмот дека тоа е Кајгана. Магентата ќе не потсети на Т мобајл, и така натака.
Дилемите за користење на бојата се решаваат тука. Сајт кој заслужува да биде во бук маркс. Палети на тони.

-Фонт
Нормално, фонтот доколку се користи треба да се почитува и употребува и во понатамошен развој на брендот(логото). Најкористени фонтови во светски размери се
Helvetica Font Family


Futura Font Family

Јес да се прават исклучоци и се користат други типови на фонтови. Понекогаш еден одреден фонт со додатни орнаменти (glyps) создава лого, и тоа перфектно лого.
За делот Типографија на посебна тема:)


Втора глава: Идеа
За да се направи едно лого како што треба и како што личи треба да се има идеа за истото. Мојот начин на изработка на лого е следниот
Дознавање информации за продуктот-фирмата, што се, како се, со што се занимаваат, име, одредена боја, желба. После ова следи истражување, гугл, википедиа за откривање на работите кои ги имам дознаено за продуктот-фирмата. Наоѓање слики од кои би можеле да се извадат одредени делови и да помогнат при создавањето.
Неколку скици, кинење листови, пушење цигари:) дигитализирање, модификација. Правење црно на бело и бело на црно, затоа што најважно е да функционира логото така, после тоа бојата-рефлексијата-и ред други работи.
Следи обработка на фонтот(доколку се користи) значи крвинг тракинг т.е. збивање и закривување доколку е потребно. Следното е нормално доколку го има во договорот корпоративниот идентитет т.е. дизајнирање на меморандум, визит карта, плик и ред бутур ствари што ќе бидат побарани.
За крај остаунва презентацијата, и дефинитивно се обрнува најмногу внимание да се тоа така фино и убаво презентира пред клиентелата.
Се создава амбиент на простор во кој би бил корпоративниот идентитет оставен (работна маса). Се презентира фонтот кој што се користи, а за бојата се запишуваат вредностите во CMYK, RGB и доколку има потреба се пронаоѓа дефиниран пантон (за него подоцна објаснување)
Дури кога се работи за нешто сериозно, се создава Brand Book. Brand Book-от е уствари целокупниот развиток на логото склопен во форма на книга, што значи се што е напишано погоре, значи од самата идеа до крајната реализација со комплетните атрибути на поставеноста на логото, фонтот и размерот помеѓу секој симбол, бојата, црно на бело и бело на црно се запишува и печати. Нормално тоа чини мнооогу повеќе:)
 

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Точкест колку кошта дизајнирање на меморандум?
 

Zeng

Thinking inside the box
Член од
9 април 2008
Мислења
1.103
Поени од реакции
31
Точкест гледам имаш добро познавање за графички дизајн, знаењево тие од некоја образовна институција или си самоук?
 

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
458
Точкест гледам имаш добро познавање за графички дизајн, знаењево тие од некоја образовна институција или си самоук?
Образовна институција 50%, остатокот самоук. Но сепак би рекол ради терор врз професорите во таа образовна институција:)
 

Zeng

Thinking inside the box
Член од
9 април 2008
Мислења
1.103
Поени од реакции
31
Образовна институција 50%, остатокот самоук. Но сепак би рекол ради терор врз професорите во таа образовна институција:)
Каков бе терор, од твоја страна:icon_lol: или нешто по сериозно?
 

Zeng

Thinking inside the box
Член од
9 април 2008
Мислења
1.103
Поени од реакции
31
Па од моја страна:) Сакав да научам и прашував, напињав и слични термини:)
Давам приватни часови :pos:
Приватни часови по малтретирање професори со прашања?:pos2:
Па како така ги измачуваш кутрите професори они се таму за да не ти одговараат на твоите прашања.

Отидовме оф топик.
 

art

Член од
13 декември 2008
Мислења
1
Поени од реакции
0
Е ова е нешто многу подобро. Само во второто лого „BUSSINES.com.mk“ разделувањето на првата буква на тој начин ја отежнува малку читливоста при прв поглед на логото.
Здраво на сите, инаку нов сум на форумов, интересна тема.
Се согласувам со Dart држи забелешката за B i U од логото, пробај да
играш со 2 те S на крајот истиот штос една кон друга свртени мислам
ќе биди подобро и нема да губи во континуитет.

Гледам си се заиграл со web 2.0 (ако, во мода е хахах) само
забелешка зошто користиш 2 различни ферлауфи (градиенти) еден на текстот друг на иксот шо треба да е крст, фати ги во еден полукруг инаку нема логика непаѓа така светлото. keep up the good work
 

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
458
Еве го последното нешто што почнав скроз на шала да го правам, али при крај се уозбилив:)
 

Zeng

Thinking inside the box
Член од
9 април 2008
Мислења
1.103
Поени од реакции
31
Еве го последното нешто што почнав скроз на шала да го правам, али при крај се уозбилив:)
Од мене критика...........
Пробај со горните првото o од фотографија да ти биде леќата од апаратот. И фонтот немора да биде шарен.

А од тие доле ми харесва црна позадина со бел фонт, само точката после фотографија некако прави free да не се чита добро, подобро да пробаш да го спуштиш ком.мк во линија да бидат со фото. онака класично.
 

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
458
Од мене критика...........
Пробај со горните првото o од фотографија да ти биде леќата од апаратот. И фонтот немора да биде шарен.

А од тие доле ми харесва црна позадина со бел фонт, само точката после фотографија некако прави free да не се чита добро, подобро да пробаш да го спуштиш ком.мк во линија да бидат со фото. онака класично.
Ова е само preview на логото. Иначе све е у една линија т.е. грид направено :wink:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom