Тема: Лого
Под тема: Од идеа до реализација па се до презентација
Од: Гоце Велески а.к.а. Точкест (дизајнер)
Прва глава: Зошто лого?
А зошто да не? Логото е основната работа која ќе го "продаде" производот. Замислете го Aдидас без трите листови или трите стрелки, Лаки страјк без кругот, Џони Вокер без шетачот.
Човекот има лик и по тој е препознатлив, и така доаѓаме до тоа дека логото е тоа преку кое можеме да препознаеме некоја фирма-продукт.
-Основни карактеристики на лого
Форма
Боја
Фонт
-Форма
Формата на логото е напишана
тука, да не правам копи пејст прочитајте
-Боја
Бојата го создава идентитетот т.е. бојата затоа што ја има секаде многу лесно може да не асоцира на одреден продукт-фирма. Значи кога ќе ја видиме портокаловата боја што ја има логото на Кајгана, во некој дел од главата ќе ни се врати филмот дека тоа е Кајгана. Магентата ќе не потсети на Т мобајл, и така натака.
Дилемите за користење на бојата се решаваат
тука. Сајт кој заслужува да биде во бук маркс. Палети на тони.
-Фонт
Нормално, фонтот доколку се користи треба да се почитува и употребува и во понатамошен развој на брендот(логото). Најкористени фонтови во светски размери се
Helvetica Font Family
Futura Font Family
Јес да се прават исклучоци и се користат други типови на фонтови. Понекогаш еден одреден фонт со додатни орнаменти (glyps) создава лого, и тоа перфектно лого.
За делот Типографија на посебна тема
Втора глава: Идеа
За да се направи едно лого како што треба и како што личи треба да се има идеа за истото. Мојот начин на изработка на лого е следниот
Дознавање информации за продуктот-фирмата, што се, како се, со што се занимаваат, име, одредена боја, желба. После ова следи истражување, гугл, википедиа за откривање на работите кои ги имам дознаено за продуктот-фирмата. Наоѓање слики од кои би можеле да се извадат одредени делови и да помогнат при создавањето.
Неколку скици, кинење листови, пушење цигари
дигитализирање, модификација. Правење црно на бело и бело на црно, затоа што најважно е да функционира логото така, после тоа бојата-рефлексијата-и ред други работи.
Следи обработка на фонтот(доколку се користи) значи крвинг тракинг т.е. збивање и закривување доколку е потребно. Следното е нормално доколку го има во договорот корпоративниот идентитет т.е. дизајнирање на меморандум, визит карта, плик и ред бутур ствари што ќе бидат побарани.
За крај остаунва презентацијата, и дефинитивно се обрнува најмногу внимание да се тоа така фино и убаво презентира пред клиентелата.
Се создава амбиент на простор во кој би бил корпоративниот идентитет оставен (работна маса). Се презентира фонтот кој што се користи, а за бојата се запишуваат вредностите во CMYK, RGB и доколку има потреба се пронаоѓа дефиниран пантон (за него подоцна објаснување)
Дури кога се работи за нешто сериозно, се создава Brand Book. Brand Book-от е уствари целокупниот развиток на логото склопен во форма на книга, што значи се што е напишано погоре, значи од самата идеа до крајната реализација со комплетните атрибути на поставеноста на логото, фонтот и размерот помеѓу секој симбол, бојата, црно на бело и бело на црно се запишува и печати. Нормално тоа чини мнооогу повеќе