Литванија - Maкедонија | 05.09, четврток 21 часот |

Статус
Затворена за нови мислења.

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.916
Поени од реакции
84.334
"Војдан краде, ќе ја задржи топката, не, тука нема фаул можеби на друг натпревар, за трииииииииииии тројка ! тројка ! тројка ! " - Игор Трпески 2011

Сега ситуацијата е поинаква. 2 години по легендарната тројка на Илиевски, репрезентациите на Литванија и Македонија повторно во дуел на кошаркарско Европско Првенство.




Овој пат ситуацијата е поинкава. Се работи за дуел од групна фаза на Европското првенство што се одржува во Словенија. Литванија овој пат не е домаќин, но сеуште ја има улогата на фаворит во овој меч. Но тоа првиот пат не ги спречи нашите момци нели ?
После крајно контроверзниот пораз од репрезентацијата на Црногорската репрезентација, бичкијата на македонските репрезентативци е спремна и ни еден не може да им рече да не ги сечат.
Литванија бара одмазда за мечот од пред две години, а Македонија бара реприза на истиот тој настан. Последен пат кога изгубивме од Црна Гора на прв натпревар на ЕП, стигнавме до полу-финале на ЕП. Годинава сценариото сега за сега се повторува, но дали овогодинешната авантура на нашите кошаркари ќе има сличен крај ? Дали повторно Македонија ќе ја победи Литванија ? Дали повторно Илиевски ќе биде наш херој, или тоа ќе биде некој сосема друг ? Дали повторно ќе испраќаме другарки после натпревар ? Дали судиските одлуки ќе бидат во наша корист ? Премногу одговори кои што ќе добијат одговор утре. Натпреварот започнува утре во 20:45 часот а пренос ќе има на Сител. Ништо не загубено а се може да се добие.


Да се надеваме дека утре околу 22:30 часот дали нашите репрезентативци ќе ја забележат првата победа на првеството. Противникот познат, кошаркарите бесни, рецепт за наша радост. На нас ни останува само да си купиме екстра таблети,пиво,чипс, и да поднаучиме по некоја нова пцоста за судиите.

После се ова ни останува на кошаркарите само да им речеме едно:

....So sreca.......kosarkari....napravetene....gordi....

 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
dragonsky спамериште :)

Нема очекувања за утре. Што биде биде, тешко е психолошки после ваков нокдаун. Иако со пораз почнавме и на минатиот шампионат, ај ќе речеме таму тој пораз беше поразличен од денешниов. Битно е да се кренеме пак утре, па што ќе биде нека биде. Дури и да загубиме, не сме елиминирани. Бидејќи и со 3 победи можеме да одиме понатаму па ќе зависи Србија и последните два. Ако победиме, тогаш очекуваме нова серија да трае долго.
Ајде херои со вас сме!!!
 

Шурикен

Hard Core !
Член од
8 ноември 2008
Мислења
6.559
Поени од реакции
4.072
Само еден краток совет за сите останати. Ве молам нека не се споменува првиот меч во оваа тема. :)
 

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.066
Поени од реакции
57.350
А зашто Чековски, Станко го викаат ? :D
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Не сум оптимист со Литванците, поголеми ни се шансите според мене со Србите. Во секој случај очајно ни треба победа, да се надеваме дечките не паднале со дух.
 

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.066
Поени од реакции
57.350
Јас мислам дека Ивачно ќе заврши работа овој пат
 

^Exotic^

Wanderstruck
Член од
25 ноември 2007
Мислења
5.969
Поени од реакции
1.059
Ако Илиевски пак го реши мечот со тројка по некоја случајност, би бил среќен да си умрам. Нема што да видам повеќе на земјава.
 
G

Geezer

Гостин
Само едно ќе кажам ЌЕ ОДИМЕ ПОНАТАКА !


И јас исто. Ако цел ни е само да поминеме групи, ќе речам вака '' еби му мајката ''.


Ќе видиме како ќе влијае денешниов меч врз нашите кошаркари. Можно е да проработи македонскиот инает, а можно е никогаш да не се опоравиме од тоа што се случи денеска.
Литванија губи од Србија моментално, ако загубат, ќе имаат и тие ист императив како нас. Послаби се од минатото првенство, но никогаш не смее да се отпишат.
Се надевам секогаш на победа, но не сум сигурен за утре, за жал.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom