Лига на шампиони 2015/16

Статус
Затворена за нови мислења.

MiaSanMia

Chipolopolo
Член од
7 април 2012
Мислења
9.974
Поени од реакции
8.682
Омејер 15 одбрани во прво полувреме.Не е саглам.ПСЖ им го зеде скалпот на Кил,им требаше ваква победа на гости.
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.248
Поени од реакции
19.478
Леле,леле Металург...:facepalm:
Па зарем е можно да има екипа во ЛШ која прави толку технички грешки..:eek:
Разбирам техничка грешка,ама онака наивно да продаваш топки срамота е бе..
Барем шутни кон гол,не подарувај топки без врска,можеби на ќоро ќе влези некоја..
Мислам дека и Медведи,Војводина и Прешов,најслабите екипи во другата група не се толку отепани како Металург во позиционен напад...
Она е убиство за очите бе...
И Лино ја загоре кашата вчера,тотално се изгуби младичот...
12 минути гол немаат дадено,не знаат кај тераат не бара тајм аут..:popce:
Игра без Божовиќ во напад,баш кога се крши мечот...
Прво полувреме ОК,повеќе од тоа,добра агресивна одбрана,добро се излегуваше на Бурка,иако можеби и предлабоко и преблиску,па на моменти и со фластер, со оглед дека дечкото нема никаква техника,можеби ќе беше подобро да го остават нека шутира од десет и кусур метра,како шо беше расположен Дупјачанец сигурно немаше туку така лесно да прима гопови..
Ја оставија десната страна незаштитена,а играч со толкаво искуство и со топ во раката како Шелменко да го оставиш така да ти шутира е самоубиство..
И одбраната ја згреши таму,Шпилер нема ни висина,ни тежина да задржи еден бек,па мораше Бојанчо да го покрива и да срка 3 исклчувања(грото детски и непотребни)...
Овде мораше да игра или Фитило или Орката,повисоки се двајцата,и можеби ќе успееа некако да го пратат Шелменко,вака едноставно ги разнесе на почеток на второ и навести она шо следи...
Ако нешто требаше да научат од снимките античките изгледа ништо не запамтиле,а тоа е дека Мотор игра досадно прво полувреме и потоа екслодира вво второ....
Барем во грото мечеви беше така,иако и тие имаа некои непланирани киксови,како тие во Шафхаузен и Романија...
Но во второ полувреме мораше Металург да го реши мечот со време,и да не дозволи Мотор да диктира темпо,мораше да ја задржи таа агресивност во одбраната...
Уште еднаш овај меч се покажа дека кога брка резултат Металург е сосема друга екипа,и никако не се справува со притисокот,кога водат играат сосема поинаку шо доволно говори за карактерот на екипата,и пред се за водството од клупата на изборникот...:tapp:
Не е прашање до неискуство,иако внатрешната линија е млада и прв пат игра во ЛШ,но дечките доста коректно си го одработуваат своето..
Пешевски одличен,Петров камен,неам видено потрапав и понесмасен пикер,не знам шо виде во него изборникот навистина?
Костески одличен,најмногу го поштовам детево,дрзок,агресивен,самоуверен,доста спретен шо е многу важно за крило,и добар зглоб,.одличен преглед на игра има,сталожен,мислам дека детево ќе има голема кариера..
За разлика од него Бојанчо тотално спротивното,бавен,тромавв,неспретен,секогаш касни со реакциите и скрнува две минути,не размислува пред да спружи некоја на паркет,во клучни моменти напрај голема штета за екипата,посебно со Скјерн кога без никаква потреба напрај исклучување и му подарн победа на Скјерн,не знае да извади удар од мал агол,му треба доста простор за да влези во удар...
Не знам според мене дечкото тешко ќе биди некое солидно крило,како на пример Ојлески шо беше...
Дечкото има ист УМ како Фитилот...:pos:
Палевски од друга страна доста добар,младо дете,дисциплинирано,си ја знае позицијата,брз е во контра,има добра иднина пред него...
За голманот се е кажано,според мене можеби најдобар голман во лузерските групи,од сите 12 екипи,едноставно ја носи на грб целата екипа..
Знае добро да се постави,да влези во шут,добар ЧИТАЧ НА ШУТЕВИ:icon_mrgr:,посебно од крилни позиции и чисти удари на пикери или втор пикер од 6,добро се поставува при удари од далечина,не е некој голман како Борко кој се базира на одбрана по принципот БЛОКОТ ЈА БРАНИ ЕДНАТА СТРАНА,ЈАС ОДАМ НА ДРУГАТА ПА ШО Е ТУКА Е:vozbud:
Се на се,перфектен голман,и на времето пишував за Дупјачанец на други теми дека е квалитетен голман,и навистина е штета шо дечкото изгуби толку многу години да си ја ебава кариерата кај нинџите во Косово,уште еден доказ дека нашите екипи ништо не работат,и не следат,и секогаш мислат дека ако земат странски голман ја РЕШИЛЕ РАБОТАТА,а голманот им бил пред самиот нос,и тоа за многу помали пари,ама ум со пари не се купува,затоа нека не чуди шо сме на ова дереџе и во репката...
И нека се замисли малку и онај Обвран,не да продава муда за бубрези овде како ги следел играчите,како секој шо залсужува шанса ќе добие..

Ќе добие :kuracc:мој ќе добие,кога ќе добие?
Баш ваков голман би ни бркал работа и Полска,кога не очекува можеби најтешката група,на екипи кои имаат бекови од кои обелува косата...
А ние ќе се базираме на Борко,кој брка муви во Франција,на Диви кој отвора шишиња со вода на тајмаутите за да се освежи Штербик,и Николче факинг Митревски кој глуми голман во Бефика,во Бенфика бе..:pos:
Абе ајде немој да не јебеш бре изборнику,остај ти крижања,ова она,искористи то шо иаме...
Да се вратам на вчерашниот меч:icon_mrgr:
Маката на Металург се бековите И САМО БЕКОВИТЕ..
Ете и Шпилер не донесе ништо ново,освен на почеток кога беше добар,после тотално се изгуби дечкото..
Какви само топки изгуби леле мори мајко..:eek:,срамота за играч со толкаво искуство..
Да одиш ти во зона,дреми со топка в раце и чека судијата да досуди прекршок,а во меѓувреме чека ускрстување од Орката,а Орката дреми...:pos:
Премногу топки поеба Шпилер,тотална недисциплина во играта,посебно при -1 на неколку минути до крај,кога десно имаше чист вишок тој се акна на лева страна и реши БЕЗ ГЛЕДАЊЕ да додава топка до пикер..:shook:
Ех бе,па после лицемерно на тајм аут дофрла ДЕКА СЕ ИГРАЛО САМО ПРЕКУ СРЕДИНА и му зема збор на изборникот:pos:(преседан на тајмаут на Металург,се знае кој ПРИЧА ТАМУ)
Го замени Гробарот овај:pipi:
Не е ни чудо шо го избркале овај од Мешков,и шо ниедна екипа не го побара во меѓувреме,ако беше толку добар ќе го собереа Словенците,еден куп сериозни екипи има таму покрај Цеље,тука се Горење пред се,Марибор..
Точно е дека беше повреден,ама и пред ова вака играше,затоа цела кариера ја помина играјќи во Загреб и слични екипи,никогаш не замина подалеку,премногу солира и си зема слобода,нешто шо за среден бек е недозволиво...без ралика на се шо има техника,шут и се,ама како да не се чита со останатите во екипата,задачата на средниот е да ја разигра екипата,не цело време кај него да е топката..:icon_mrgr:
Матиќ,леле мори мајко:shook:
По поглуп играч не родила една мајка децении наназад,тука се со Митков негде..:icon_mrgr:
По,по,тотално незнаење,освен да земи да ја акни од кај стигни ништо нема друго,тотално недефиниран играч...
Па уште Лино си ја потпиша капитулацијата кога тргна со два пикери и со Матиќ и Јанко на бек..:shok2:
Хаха,се изгуби стариот готово..
Шо ќар имаш од Петров и Матиќ жити се?
Едниот не знај да излези да изигра пас со бекот,другиот не знај да тргни и да напрај два чекори со топка без да ја заборави или да не напрај дупла..:pos:
За смислата за пас игра и игра без топка да не прајме муабет..
Јанко ти е статичен играч,без некоја сериозна техника иако не е лош,но него му треба некој да му напрај блок за да се крени на шут,е ако се крени и да има отворен видик кон гол на здравје..:uzi:
Ама никако да го искористат,мора самиот да се тепа кутриот за да си напрај позиција за шут..
Не знам која беше поентата со два пикери стварно?
Ниту имаше двоен блок,за да се напрај позиција за шутерите,ниту се развлече малку зоната за игра еден на еден на некој од бековите,додуша ниту Матиќ ниту Јанко се играчи еден на игра,кога со обична финта со тело и добар прв чекор би си напрајле позиција за шут,или за влез во зона и изнудување на пенал..
Би му препорачал на Чевларот ако игра во иднина вака нека ѕирни некој меч на ПСЖ,како се игра кога имаш два бека во линија,да види шо треба да има еден бек...
За нашите "таленти"Оркатапред се,даде два гола детето,ама тотално се изгуби,ниту имаше добри укструвања,ниту некои пасови,единставно статист...
Леле како се смеев кога го видов на почеток на второ кога отиде на втор пикер...Дреми како мисир,ниту рака да крени да бара топка,едноставно спуштени рацете како некој казнет ученик..:pos:
Како АЛИСА ВО ЗЕМЈАТА НА ЧУДАТА БЕШЕ.
Па после се збуни и помина акцијата и видоа дека нема да има ништо и Шпилер му се дери да се врати на позиција овај тикварот дреми уште на втор:pos:,каква само комична ситуација беше,дури после се свести дека треба да се врати на лев..
Исто и во одбрана игра,раце спуштени:pos:
Како пингвинче е некое
,прв пат гледам некој играч онака да игра одбрана...
Ама Македонија е ова..:icon_mrgr:
Штета шо се повреди Нелоски,детето е играчиште и за Орката и за Фитилот,посебно за Матиќ суратот,ова ќе беше вистинска шанса за него,10 меча во ЛШ,и за репката можеби ќе се изделкаше....
Не се потребни некои којзнае какви анализи,посебно не толку долги,ама навистина иритира начинот како ги губат мечевите,а не се послаби од противниците,но ете со наивни,почетнички грешки би рекол губат бодови...
П.С.
И уште еден црвен картон за публиката,резил невиден е ова бе,уште еден доказ какви шминкери има во Македонија,земјата на ракометот:kuracc:...
Која мизерија сме бе...
Или ќе се вадат сеа,абе четврток беше,на работа сме,во Скопје работат луѓето:pos:
И во Германија работат,па полни салите,ама ракометната култура во Скопје и Македонија и Германија ти е исто како да ја споредуваш владата на :oeoeoe:и Германија...
И малку за другиот меч,за дербито
Конечно вистинскиот ПСЖ...


Каква партија на Тити и на Даниел Нарцис ака AIR FRANCE:shook::drk:
Лудаци се двајцата,да имаш ти преку 60% процент на одбрани до 40 минута против еден Кил во Шпаркасе Арена секоја чест,ги уби во поим,ги искина..
Слаб Кил,безидеен,како никогаш досега,иако се вратија малку на крај,но недоволно,со овај ростер на бекови тешко до Келн..
Исто и за Даниел поифалба,страшен е ѕверот,никој нема таква игра еден на еден како него,она неговото е рапсодија..
Па уште и не му излегуваа и го оставаа да велгува во простор од 6и9 метри,поклон за Нарцис,ги поремети едноставно...
Подобро да го оставеа Хансен да шутира,како шо беше расположен Ландин ќе имаа повеќе шанси отколку против Нарцис,едноставно сам го носеше нападот на Кил во последните 20ина минути,секоја чест...
Вака така ПСЖ ако не напрај некој кикс во Загреб и Плок, мислам дека ќе си лапни прво место во група..
Дома ги чека Кил и Фленсбург,и единствено тешко гостување е Веспрем...
А и резултатите им одат во прилог,посебно на Веспрем кој допрва има две тешки гостувања во Германија..
Според мене овде Псж прв,Веспрем втор,Флеснбург и Кил ќе се јадат за трето место...
П.П.С.
И аман оние од МРТ,ало научете бе како се изговараат имињата на играчите...:eek:
ПУКОВСКИ е играчот бе алооо,не ПУКО-ОВСКИ :pos:
По,по незналици бе...:bravobe:
Ај доста е,се изнапишав...:bance:
 
Член од
11 октомври 2014
Мислења
2.074
Поени од реакции
2.026
Не верував дека на Нико, секој допир со топка ке му свират
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.248
Поени од реакции
19.478
Не верував дека на Нико, секој допир со топка ке му свират
Му свиреа зошто напрај два прекршоци во негов стил:icon_mrgr:,посебно онај врз Дувњак,кога отиде на раката на Дувњак и го спружи ко партал на паркет...
Не дека беа некои груби стартови..посебно тоа второто исклучување кога само крена раце и му влезе во линија на движење на Вајнхолд,пенал беше да,ама не беше за исклучување зошто не беше старт од зад грб..
И судиите доста слаби беа,се изгубија тотално...
 
Член од
11 октомври 2014
Мислења
2.074
Поени од реакции
2.026
Му свиреа зошто напрај два прекршоци во негов стил:icon_mrgr:,посебно онај врз Дувњак,кога отиде на раката на Дувњак и го спружи ко партал на паркет...
Не дека беа некои груби стартови..посебно тоа второто исклучување кога само крена раце и му влезе во линија на движење на Вајнхолд,пенал беше да,ама не беше за исклучување зошто не беше старт од зад грб..
И судиите доста слаби беа,се изгубија тотално...
Дали си заприметил веќе неколку години Ландин кога прима гол и ако е блиску до играчот го удират и ниеден судија досега не го казнил,сега со Парис на одбиената топка кога Хонрубиа даде гол го закачи по главата.Само Карабатик му се имат вратено и од нашата репрезентација намерно го трескаа по главата.
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.248
Поени од реакции
19.478
Дали си заприметил веќе неколку години Ландин кога прима гол и ако е блиску до играчот го удират и ниеден судија досега не го казнил,сега со Парис на одбиената топка кога Хонрубиа даде гол го закачи по главата.Само Карабатик му се имат вратено и од нашата репрезентација намерно го трескаа по главата.
Го маваат зошто е висок ко стап,брани се живо и диво долу и во висина на рацете,како пајак е,и мора да го креваат шутот..
И не знам зошто толку се лути кога ќе го стегнат в сурат,не е сигурно намерно во секој обид,едноставно го користат играчите тој простор над главата,зошто единствено таму нема дофат со тие рачиштата...
Кој играч не би сакал да даде гол?Посебно на важни мечеви...
Едноставно мора така да шутираат,а и ГОЛЕМА ТИКВА ИМА:icon_mrgr:и да сакаат не можат да го промашат...:pipi:
Иначе добро е шо одбира со кои играчи влегува во дуел откако ќе го стегнат во тиквата,има среќа и шо лесно поминал со Нико...:pos:
 
Член од
11 октомври 2014
Мислења
2.074
Поени од реакции
2.026
Го маваат зошто е висок ко стап,брани се живо и диво долу и во висина на рацете,како пајак е,и мора да го креваат шутот..
И не знам зошто толку се лути кога ќе го стегнат в сурат,не е сигурно намерно во секој обид,едноставно го користат играчите тој простор над главата,зошто единствено таму нема дофат со тие рачиштата...
Кој играч не би сакал да даде гол?Посебно на важни мечеви...
Едноставно мора така да шутираат,а и ГОЛЕМА ТИКВА ИМА:icon_mrgr:и да сакаат не можат да го промашат...:pipi:
Иначе добро е шо одбира со кои играчи влегува во дуел откако ќе го стегнат во тиквата,има среќа и шо лесно поминал со Нико...:pos:
На Нико добро го закачи кога беше во Барса и шутираше од 6 метри,ама нашиве сите се наоштрени на него,Кире ,Жути ,Столе
 

MiaSanMia

Chipolopolo
Член од
7 април 2012
Мислења
9.974
Поени од реакции
8.682
Пик Сегед тешки глупости направија во првово полувреме.3 седмерци промашија и примија 4 гола со играч повеќе(од едно исклучување).:icon_lol::vozbud:Од контра и брз центар примија 7-8 гола.Ако се стегнат малце,пепел ќе ги направат.
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.248
Поени од реакции
19.478
Пред да почнам,апел до тој директорот на МРТ,телевизија која сите ние ја плаќаме:cujte:ВРЕМЕ Е ДА ЗАИГРА МЕТЛАТА
Добро бе,има некој шо води контрола какви глупости тропаат тоа "коментаторите"ваши?
Алооо,цела држава ве гледа,свестете се,не е ова Појадок и Пауза со Петар,или како и да се викаше таа радио-емисијата...:D
Не се нормални Југо и Зоранчо факинг Видевски...:facepalm:
Викаат,(односно Зоки беше нараторот,а Југо само го подржа муабетот):vozbud:цитирам НЕ Е ВАЖНО ДАЛИ НА КРАЈ ЌЕ СЕ БИДЕ ПРВ ИЛИ ВТОР НА ТАБЕЛА,СО ОГЛЕД НА ТОА ДЕКА АКО СЕ ИЗБЕГНЕ 1/8 ФИНАЛЕТО ЌЕ СЕ ИЗГУБИ РИТАМОТ НА КВАЛИТЕТНИ МЕЧЕВИ...:drk:
:pos:

Шо да се кажи после овај бисер?Коју послуку порати,коме?:kluc:
Хаха,кои дегени човече,еј ко ќе ми текни дека овие дудуци јадат наши пари ми иди да си каснам од :kuracc:...:shok2:
Демек сеедно е дали ќе играш со екипи од рангот на Кил,Фленсбург,Висла,Загреб,РНЛ,Пик Сегед,Монпеље два веројатно тешки меча,кога неколку гола можат да решаваат,или нема да играш,и ќе си кулираш до 1/4 финале,кога од Келн ќе те делат само два добри меча...
Ќе си изгубел од натпреварувачки ритам ако завршиш на прво место...:tapp:
Ах леле,какви кретени го загадуваат етерот...:ban:
Не бе,џабе е,ум со пари не се купува...
Доста за дудуците..
Очекувани резултатите денес...
Важни победи за Висла и Ла Риоха,кои во прво полувреме доста се помачија,за во второ да нагазат и да дојдат до важи бодови,посебно ова важи за Ла Риоха која дури на крај го скрши отпорот на Мечките..
Мешков лесно во Војводина...
Пик Сегед имаше несигурни 20 ина минути,со доста грешки во напад,и многу продадени топки,примија доста голови од контри..(барем до тука гледав)...
Вака резултатот говори декја рутински си тепаа...
И на крај,дербито на колото...
Добар меч,квалитетен,добар ритам,и добри потези и голови,вистинско дерби на двата засега најдобри тимови во групата...
Како ретко кога Барса непрепознатлива,пред се на десната бековска позиција..
Кире полека но сигурно навестува дека му паѓа газето,не е само на овај меч,исто беше со РНЛ,со Киелце таму...
Премногу топки троши за да стигни до тој просек шо го има..7 ГОЛА ОД 17 ШУТЕВИ:pos:
Денес беше црна овца во екипата,камен невиден:pipi:...
Ако не беа тие неколку пасови до пикер шо ги даде ќе беше исто како да не играл...
Колку само наивно изгуби еден куп топки,посебно онаа на +3 и напад за Барса,на 1 минута и нешто до крај,без никаква закана од пасивен зеде и ја акна топката без врска,и тоа извади никаков шут,одвај се дотркала топката до Штербик,премногу психички паѓа Кире кога не му оди,упорно бара и бара шут,како во некоја хистерија да е,:shook:а од авион се гледа дека не му оди,има голем кредит кај Пасквал иначе печен беше за на клупа,далеку подобар беше нападот со Гурбиндо...
Имаше голема среќа Барса шо останатите два бека имаа ден,посебно Жалуз,иначе со онаа позициона игра на бековите поразот ќе беше неминовен...
Изгледа и Јиха се повреди,но и да беше фит,покрај онаква партија на Жалуз немаше шо да бара...
Раул Ентрериос напрај премногу грешки,милион на почеток,после се извади со тие шутеви,повеќето под закана од пасивен...
Не знам зошто и Дани беше надвор од ростер,изгледа е повреден,со само еден среден не треба да чуди шо чкрипеше цел напад...
И на крај Жалуз,можеби за некого дечкото е изненадување,воопшто не е..
Во Кил не знаеја да го ценат неговиот квалитет и индивидуален потенцијал(скок шут пред се,и добар удар)и така го пуштија,сега сигурно директорите на Кил си ја акаат :tapp: шо го дадоа Жалуз и останаа со Дисинџер на лев,и со Мамелунд бе:pos:

Дечкото ти е Абало во поголемо пакување,добро сега не Абало со неговите луцидни-циркузантски потези,ама некој таков тип на играч е..
Страшно брз,со страшен скок шут,и пред се со можност да го адаптира шутот во зависност од блокот,и успева секогаш да најде простор,максимално го користи сок шутот,и кога имаш речиси 2 метра и таков скок шут имаш страшен преглед на играта и можиш да бираш каде ќе шутираш,па ниту Штербик не го спасува противникот,едноставно тие шутеви не се бранат,страшно добро ги годи аглите(долу-горе)нема врска,секаде шутира....
А кога имаш таков брз прв чекор и работа со нозе не е ни чудо шо не можат да го следат противниците...
Си ја заслужи комплетно платата дечкото,дремеше лани цела сезона на клупа,како да го чуваа за сезонава.ако останеа со Рутенка и Јиха кај ќе им беше крајот?:pos:
Ако играше Јиха денес циркуси ќе беа...:pos:
Вардар згреши шо со време не го исфрли од ритам малце Жалуз,не мораше со фластер,требаше малку да се згусни одбраната,вака имаше премногу простор на средина,баш каде шо беше најгусто,од таму паднаа сите голови,крилата своите голови ги дадоа грото од брза транзиција и отпадоци...
Доказ дека одбраната на Вардар беше на тешки маки...
Но не е така едноставно да играш против тој напад,со таа бековска линија против себе,плус пикери како Сораиндо,и Шипршак е вистински предизвик..
А со повредата на Абутовиќ се намали тој дефанизвен ростер на играчи,па мораше Раул да импровизира со Македа на 4ка,и со тоа ја ослабе двојката каде мораше да се враќа на ланската шема со Брумен и Алекс на таа страна,уште еден плус за Жалуз на таа страна...
Не дека ако беше и Македа таму ќе се сменеше нешто,едноставо Македа е пребавен за Жалуз,додека стигни Македа да напрај контакт веќе Жалуз ќе ја бапни од 10 и кусур метри,овде само голманот те вади,а очигледно беше дека Штербик немаше лек за Жалуз денес.
А и со фластер според мене немаше да се смени ништо,пребрз е едноставно,мораше со колективна одбрана да го затворат тој вакум шо се создаде во средината,со брзи и чести прекини на нападите,да се одолговлечеше нападот,премногу среќа имаше Барса шо доста брзо им се укажуваше шанса за шут и тоа максимално го искористија..
Плус Штербик доста потрфрли баш кога најмногу требаше,иако реално грото од тие шутеви на Жалуз и Раул пред се беа претешки за бранење,дури и за него...
За Вардар,шо да кажам,,добар меч во напад,доста паметно играат,користеа максимално секоја можност,без многу технички грешки,без изнудени шутеви,доста паметно одеа на играч кој е во серија прво Дибиров,па ,Горбок,Брумен,Тоскиќ,Карачиќ........
Не знам зошто на крај Раул не го врати Карачиќ,и заврши со Циндриќ?
Баш кога влезе во серија Карачиќ.сепак и Циндриќ не беше лош,но кај него е заебано шо му треба доста време за да извади шут,треба многу да работи,а ка Карачиќ ова е преедноставно,едноставно како од гума е,од каде сака вади удар...
Исто и Тоскиќ одличен,страшна машина е....:bravobe:
Реално заслужен пораз,иако Вардар со играта во втор дел можеби заслужи барем реми,но сепак баш само заради тој еден гол и Жалуз пред се Барса успеа да победи,иако реално требаше на крај да е резултатот најмалку 2 разлика за Барса,наивно изгубија водство...
И не ми е јасно,не знам дали некој добро следеше,кога на +2 за Барса,27-25,дава Жалуз гол за 28-25,па одма кога Вардар тргна во напад Гудјон успеа да пресечи топка и отиде во контра,и кога шутираше во пречка и топката заврши зад гол линија или не?
Дали тоа беше гол или не?Зошто мислам дека судијата ја крена раката како да е постигнат гол,а и на успорената снимка се потврди ова,а не беше изгледа признат.....

Не видов добро,треба да се види уште еднаш снимката...
Како и да е,
Со ваква игра има шанса Вардар во скопје,дефинитивно...
Но едно е јасно,вака слабо Барса тешко дека ќе изигра,посебно не Кире,а сигурно и Јиха ќе има солена минутажа во Скопје,мислам дека и Нодесбо ќе игра доста,денес го чуваше Пасквал,да скрие нешто од тактиката,иако реално нема шо да се крие,но сепак тие се тие тренерски финти.....
Сигурно ќе имаат шо да понудат,но за да тепаат во Скопје ќе им треба барем едно ниво подобра игра оваа оваа денес,па и од онаа со РНЛ и Киелце во гости,ако играат така губат сигурно,и треба да ја товариме со време:giggle:...:zloo:
Ама пак,Барса си е Барса,неблагодрно е против ваква екипа да си ставаш непотребно притисок дека си некој фаворит,дека сигурно ќе тепаш или било шо..
Со вакви екипи ништо не е сигурно,најмалку тоа дека ќе е лесно,дека Барса сигурно ќе падни итн..
Ова се играчи со милион мечеви зад себе,играчи кои освојувале СП,ЕП,ОИ игри,екипа шо нема слаби точки...
И Вардар ќе мора добро психолошки да си се спреми за мечот,зошто ако предвреме изгорат во желбата да ја тепаат Барса според мене тешко ќе помиинат..
Подобро нека играат релаксирано отколку да се оптоварат дека мора да анулираат 1 гол минус,еве и да тепаат со 1,а да изгубат со Киелце,Сегед,Рнл во гости исто како ништо да не напрајле..
Значи овај меч можеби е многу важен,ама не е клучен за расплетот во групата...(не мислам како Зоранче дека не е важно да си прв на крај):icon_mrgr:
Како и да е,сигурно ќе е меч кој ќе ја одбележи првата полусезона во ЛШ...
П.С.
За утре треба Веспрем лесно да си ги шлакни Цељаните,да ги спушти на земја по нивната наивно испушена победа со Кил..
Таман сега се врати Ласло,мислам дека Цеље ќе добие добро шлакање...:sekcza:
РНЛ би требало да е некој фаворит со Монпеље,но овде ќе одам на изненадување,се мислам дека Монпеље ќе изненади и ќе ги чукни Швабите,за пример..:icon_mrgr:
Посебно ако стегнат малце одбраната,и да има ден Жерар,би требало да извадат добар резултат...
Баја Маре со Скјерн го играат можеби решавачкиот меч во групата,ако тепа Баја Маре неизвеноста ќе продолжи,ако тепа Скерн најверојатно веќе е завршена приказната,посебно шо имаат +4 од првиот меч....и можат да си дозволат и два порази до крај...
Мислам дека Баја Маре има некои шанси,не се ништо посебно Скјерн,топло ладно играат,ладно изиграа со Шафхазуен,кого го растурија во Швајцарија,значи сега време е за топло..:pos:
Подобро играат во гости,дома се мачат...
Кадетен можеби е двојка,имаат тие некои теоретски шанси,но заебано е шо имаат негативен скор со Скјерн,па нив повеќе би им одговарало Баја Маре да тепа утре,зошто со Баја Маре имаат шанса да извадат подобар меѓусебен скор...
И за крај,Киелце е фаворит со Колдинг,но и овде оставам простор за некое изненадување,пред се зошто Киелце игра неконстантно,премногу ротира Талант,на секои 15 минути менува цели постави,не играат одбрана,и ако немаат ден голманите,а обратно,ако имаат ден бековите и крилата на Колдинг ќе биди весело..
Како и да е,подобра екипа се,и би требало да добијат,иако ќе биди тешко...
 

Nino Manchester

Oŋce α RED, αlwαys α RED
Член од
4 јуни 2009
Мислења
14.530
Поени од реакции
17.887
Videvski vika i eve go Dusebaev vo kontra,ili sepak toa e Dibirov hahaha
 

Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.018
Поени од реакции
22.923
@Tomasino Жалуз НЕ даде гол во таа ситуација, од надвор ја погоди мрежата. Затоа и Штербик изведе одма и даде погрешен пас, кој го пресече Сигурдсон и даде гол кој беше признаен.
 
Член од
11 октомври 2014
Мислења
2.074
Поени од реакции
2.026
Не знам зошто и Дани беше надвор од ростер,изгледа е повреден,со само еден среден не треба да чуди шо чкрипеше цел напад...
...
Дани Сармиенто е повреден и најверојатно ја пропуштат утакмицата со Вардар,а и не е задоволен од минутажата на Тикварот Паскал па следната сезона мислам ке одит во една француска екипа(SAINT RAPHAEL).Одличен среден бек
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.248
Поени од реакции
19.478
Дани Сармиенто е повреден и најверојатно ја пропуштат утакмицата со Вардар,а и не е задоволен од минутажата на Тикварот Паскал па следната сезона мислам ке одит во една француска екипа(SAINT RAPHAEL).Одличен среден бек
Веќе потпиша за СТ Рафаел,не се лоша екипа тие,мислам дека имаат и тие некој Арап за газда и имаат амбиции за во иднина..
Отсекогаш Дани ми бил омилен играч,играч за екипата,вистински плеј,не е некој кој силува шутеви од кај стигни,едноставно гледа да ја разигра екипата,и ако нема решение тогаш оди на дуел и шут...
Иначе,ако не се врати за брзо Дани,само со Раул на среден многу тешко ќе оди,не само со Вардар во Скопје,туку и на домашен терен со Киелце,РНЛ,Сегед,Монпеље на гости,ова се сериозни екипи кои можат да искористат слаба игра..
Вчера се извлече Барса,благодарение на Жалуз,и тој ако не беше расположен губеа гарант,тотално аут беше цела линија,Раул не успеа да ја разигра екипата,ниту топки до пикер даде,ниту до бек,едноставно само заради индивидуалните клвалитети на поединци доби Барса вчера...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom