Леле,леле Металург...
Па зарем е можно да има екипа во ЛШ која прави толку технички грешки..
Разбирам техничка грешка,ама онака наивно да продаваш топки срамота е бе..
Барем шутни кон гол,не подарувај топки без врска,можеби на ќоро ќе влези некоја..
Мислам дека и Медведи,Војводина и Прешов,најслабите екипи во другата група не се толку отепани како Металург во позиционен напад...
Она е убиство за очите бе...
И Лино ја загоре кашата вчера,тотално се изгуби младичот...
12 минути гол немаат дадено,не знаат кај тераат не бара тајм аут..
Игра без Божовиќ во напад,баш кога се крши мечот...
Прво полувреме ОК,повеќе од тоа,добра агресивна одбрана,добро се излегуваше на Бурка,иако можеби и предлабоко и преблиску,па на моменти и со фластер, со оглед дека дечкото нема никаква техника,можеби ќе беше подобро да го остават нека шутира од десет и кусур метра,како шо беше расположен Дупјачанец сигурно немаше туку така лесно да прима гопови..
Ја оставија десната страна незаштитена,а играч со толкаво искуство и со топ во раката како Шелменко да го оставиш така да ти шутира е самоубиство..
И одбраната ја згреши таму,Шпилер нема ни висина,ни тежина да задржи еден бек,па мораше Бојанчо да го покрива и да срка 3 исклчувања(грото детски и непотребни)...
Овде мораше да игра или Фитило или Орката,повисоки се двајцата,и можеби ќе успееа некако да го пратат Шелменко,вака едноставно ги разнесе на почеток на второ и навести она шо следи...
Ако нешто требаше да научат од снимките античките изгледа ништо не запамтиле,а тоа е дека Мотор игра досадно прво полувреме и потоа екслодира вво второ....
Барем во грото мечеви беше така,иако и тие имаа некои непланирани киксови,како тие во Шафхаузен и Романија...
Но во второ полувреме мораше Металург да го реши мечот со време,и да не дозволи Мотор да диктира темпо,мораше да ја задржи таа агресивност во одбраната...
Уште еднаш овај меч се покажа дека кога брка резултат Металург е сосема друга екипа,и никако не се справува со притисокот,кога водат играат сосема поинаку шо доволно говори за карактерот на екипата,и пред се за водството од клупата на изборникот...
Не е прашање до неискуство,иако внатрешната линија е млада и прв пат игра во ЛШ,но дечките доста коректно си го одработуваат своето..
Пешевски одличен,Петров камен,неам видено потрапав и понесмасен пикер,не знам шо виде во него изборникот навистина?
Костески одличен,најмногу го поштовам детево,дрзок,агресивен,самоуверен,доста спретен шо е многу важно за крило,и добар зглоб,.одличен преглед на игра има,сталожен,мислам дека детево ќе има голема кариера..
За разлика од него Бојанчо тотално спротивното,бавен,тромавв,неспретен,секогаш касни со реакциите и скрнува две минути,не размислува пред да спружи некоја на паркет,во клучни моменти напрај голема штета за екипата,посебно со Скјерн кога без никаква потреба напрај исклучување и му подарн победа на Скјерн,не знае да извади удар од мал агол,му треба доста простор за да влези во удар...
Не знам според мене дечкото тешко ќе биди некое солидно крило,како на пример Ојлески шо беше...
Дечкото има ист УМ како Фитилот...
Палевски од друга страна доста добар,младо дете,дисциплинирано,си ја знае позицијата,брз е во контра,има добра иднина пред него...
За голманот се е кажано,според мене можеби најдобар голман во лузерските групи,од сите 12 екипи,едноставно ја носи на грб целата екипа..
Знае добро да се постави,да влези во шут,добар
ЧИТАЧ НА ШУТЕВИ,посебно од крилни позиции и чисти удари на пикери или втор пикер од 6,добро се поставува при удари од далечина,не е некој голман како Борко кој се базира на одбрана по принципот
БЛОКОТ ЈА БРАНИ ЕДНАТА СТРАНА,ЈАС ОДАМ НА ДРУГАТА ПА ШО Е ТУКА Е
Се на се,перфектен голман,и на времето пишував за Дупјачанец на други теми дека е квалитетен голман,и навистина е штета шо дечкото изгуби толку многу години да си ја ебава кариерата кај нинџите во Косово,уште еден доказ дека нашите екипи ништо не работат,и не следат,и секогаш мислат дека ако земат странски голман ја
РЕШИЛЕ РАБОТАТА,а голманот им бил пред самиот нос,и тоа за многу помали пари,ама ум со пари не се купува,затоа нека не чуди шо сме на ова дереџе и во репката...
И нека се замисли малку и онај Обвран,не да продава муда за бубрези овде како ги
следел играчите,како секој шо залсужува шанса ќе добие..
Ќе добие
мој ќе добие,кога ќе добие?
Баш ваков голман би ни бркал работа и Полска,кога не очекува можеби најтешката група,на екипи кои имаат бекови од кои обелува косата...
А ние ќе се базираме на Борко,кој брка муви во Франција,на Диви кој отвора шишиња со вода на тајмаутите за да се освежи Штербик,и Николче факинг Митревски кој глуми голман во Бефика,во Бенфика бе..
Абе ајде немој да не јебеш бре изборнику,остај ти крижања,ова она,искористи то шо иаме...
Да се вратам на вчерашниот меч
Маката на Металург се бековите
И САМО БЕКОВИТЕ..
Ете и Шпилер не донесе ништо ново,освен на почеток кога беше добар,после тотално се изгуби дечкото..
Какви само топки изгуби леле мори мајко..
,срамота за играч со толкаво искуство..
Да одиш ти во зона,дреми со топка в раце и чека судијата да досуди прекршок,а во меѓувреме чека ускрстување од Орката,а Орката дреми...
Премногу топки поеба Шпилер,тотална недисциплина во играта,посебно при -1 на неколку минути до крај,кога десно имаше чист вишок тој се акна на лева страна и реши
БЕЗ ГЛЕДАЊЕ да додава топка до пикер..
Ех бе,па после лицемерно на тајм аут дофрла
ДЕКА СЕ ИГРАЛО САМО ПРЕКУ СРЕДИНА и му зема збор на изборникот
(преседан на тајмаут на Металург,се знае кој
ПРИЧА ТАМУ)
Го замени Гробарот овај
Не е ни чудо шо го избркале овај од Мешков,и шо ниедна екипа не го побара во меѓувреме,ако беше толку добар ќе го собереа Словенците,еден куп сериозни екипи има таму покрај Цеље,тука се Горење пред се,Марибор..
Точно е дека беше повреден,ама и пред ова вака играше,затоа цела кариера ја помина играјќи во Загреб и слични екипи,никогаш не замина подалеку,премногу солира и си зема слобода,нешто шо за среден бек е недозволиво...без ралика на се шо има техника,шут и се,ама како да не се чита со останатите во екипата,задачата на средниот е да ја разигра екипата,не цело време кај него да е топката..
Матиќ,леле мори мајко
По поглуп играч не родила една мајка децении наназад,тука се со Митков негде..
По,по,тотално незнаење,освен да земи да ја акни од кај стигни ништо нема друго,тотално недефиниран играч...
Па уште Лино си ја потпиша капитулацијата кога тргна со два пикери и со Матиќ и Јанко на бек..
Хаха,се изгуби стариот готово..
Шо ќар имаш од Петров и Матиќ жити се?
Едниот не знај да излези да изигра пас со бекот,другиот не знај да тргни и да напрај два чекори со топка без да ја заборави или да не напрај дупла..
За смислата за пас игра и игра без топка да не прајме муабет..
Јанко ти е статичен играч,без некоја сериозна техника иако не е лош,но него му треба некој да му напрај блок за да се крени на шут,е ако се крени и да има отворен видик кон гол на здравје..
Ама никако да го искористат,мора самиот да се тепа кутриот за да си напрај позиција за шут..
Не знам која беше поентата со два пикери стварно?
Ниту имаше двоен блок,за да се напрај позиција за шутерите,ниту се развлече малку зоната за игра еден на еден на некој од бековите,додуша ниту Матиќ ниту Јанко се играчи еден на игра,кога со обична финта со тело и добар прв чекор би си напрајле позиција за шут,или за влез во зона и изнудување на пенал..
Би му препорачал на Чевларот ако игра во иднина вака нека ѕирни некој меч на ПСЖ,како се игра кога имаш два бека во линија,да види шо треба да има еден бек...
За нашите "таленти"Оркатапред се,даде два гола детето,ама тотално се изгуби,ниту имаше добри укструвања,ниту некои пасови,единставно статист...
Леле како се смеев кога го видов на почеток на второ кога отиде на втор пикер...Дреми како мисир,ниту рака да крени да бара топка,едноставно спуштени рацете како некој казнет ученик..
Како
АЛИСА ВО ЗЕМЈАТА НА ЧУДАТА БЕШЕ.
Па после се збуни и помина акцијата и видоа дека нема да има ништо и Шпилер му се дери да се врати на позиција овај тикварот дреми уште на втор
,каква само комична ситуација беше,дури после се свести дека треба да се врати на лев..
Исто и во одбрана игра,
раце спуштени
Како пингвинче е некое,прв пат гледам некој играч онака да игра одбрана...
Ама Македонија е ова..
Штета шо се повреди Нелоски,детето е играчиште и за Орката и за Фитилот,посебно за Матиќ суратот,ова ќе беше вистинска шанса за него,10 меча во ЛШ,и за репката можеби ќе се изделкаше....
Не се потребни некои којзнае какви анализи,посебно не толку долги,ама навистина иритира начинот како ги губат мечевите,а не се послаби од противниците,но ете со наивни,почетнички грешки би рекол губат бодови...
П.С.
И уште еден црвен картон за публиката,резил невиден е ова бе,уште еден доказ какви шминкери има во Македонија,земјата на ракометот
...
Која мизерија сме бе...
Или ќе се вадат сеа,абе четврток беше,на работа сме,во Скопје работат луѓето
И во Германија работат,па полни салите,ама ракометната култура во Скопје и Македонија и Германија ти е исто како да ја споредуваш владата на
и Германија...
И малку за другиот меч,за дербито
Конечно вистинскиот ПСЖ...
Каква партија на Тити и на Даниел Нарцис ака AIR FRANCE
Лудаци се двајцата,да имаш ти преку 60% процент на одбрани до 40 минута против еден Кил во Шпаркасе Арена секоја чест,ги уби во поим,ги искина..
Слаб Кил,безидеен,како никогаш досега,иако се вратија малку на крај,но недоволно,со овај ростер на бекови тешко до Келн..
Исто и за Даниел поифалба,страшен е ѕверот,никој нема таква игра еден на еден како него,она неговото е рапсодија..
Па уште и не му излегуваа и го оставаа да велгува во простор од 6и9 метри,поклон за Нарцис,ги поремети едноставно...
Подобро да го оставеа Хансен да шутира,како шо беше расположен Ландин ќе имаа повеќе шанси отколку против Нарцис,едноставно сам го носеше нападот на Кил во последните 20ина минути,секоја чест...
Вака така ПСЖ ако не напрај некој кикс во Загреб и Плок, мислам дека ќе си лапни прво место во група..
Дома ги чека Кил и Фленсбург,и единствено тешко гостување е Веспрем...
А и резултатите им одат во прилог,посебно на Веспрем кој допрва има две тешки гостувања во Германија..
Според мене овде Псж прв,Веспрем втор,Флеснбург и Кил ќе се јадат за трето место...
П.П.С.
И аман оние од МРТ,ало научете бе како се изговараат имињата на играчите...
ПУКОВСКИ е играчот бе алооо,не
ПУКО-ОВСКИ
По,по незналици бе...
Ај доста е,се изнапишав...