Лига на шампиони 2015/16

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
11 октомври 2014
Мислења
2.062
Поени од реакции
2.009
Веќе потпиша за СТ Рафаел,не се лоша екипа тие,мислам дека имаат и тие некој Арап за газда и имаат амбиции за во иднина..
Отсекогаш Дани ми бил омилен играч,играч за екипата,вистински плеј,не е некој кој силува шутеви од кај стигни,едноставно гледа да ја разигра екипата,и ако нема решение тогаш оди на дуел и шут...
Иначе,ако не се врати за брзо Дани,само со Раул на среден многу тешко ќе оди,не само со Вардар во Скопје,туку и на домашен терен со Киелце,РНЛ,Сегед,Монпеље на гости,ова се сериозни екипи кои можат да искористат слаба игра..
Вчера се извлече Барса,благодарение на Жалуз,и тој ако не беше расположен губеа гарант,тотално аут беше цела линија,Раул не успеа да ја разигра екипата,ниту топки до пикер даде,ниту до бек,едноставно само заради индивидуалните клвалитети на поединци доби Барса вчера...
Вардар сам се победи.Само на Барса толку и е силата,тие се ко истрошена батерија без среден бек и со една тројка Лазаров-Ентрериос-Јиха што се такмичат кој побрзо и повеќе ке се изнашутират ,тешко да го освојат Ф4.Се извлекоа на три утакмици.Ако играат како вчера следнава утакмица со Вардар ке бидат демолирани.Само незнам зошто Раул не му дават шанса на Деки?
 
Член од
11 јануари 2014
Мислења
489
Поени од реакции
757
Барса пред некој ден потпиша до крајот на сезоната со Карлос Руесга што играше во Везпрем лани.
Уште лани пишав дека желба ми е или Ентрериос(што е тешко остварливо) или Дани Сармиенто да дојде во Вардар.
Тие Циндриќ го зедоа а со Циндриќ тешко се оди на Ф4.
Ај па може дечкото ќе не разубеди.
 
Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.248
Поени од реакции
19.478
Вардар сам се победи.Само на Барса толку и е силата,тие се ко истрошена батерија без среден бек и со една тројка Лазаров-Ентрериос-Јиха што се такмичат кој побрзо и повеќе ке се изнашутират ,тешко да го освојат Ф4.Се извлекоа на три утакмици.Ако играат како вчера Вардар ке ги демолират.Само незнам зошто Раул не му дават шанса на Деки?
Мислам дека грешиш,има сила Барса,она вчера беше само лош ден,а имаат и ростер,како ниедна екипа во Европа(или до некаде ПСЖ)....
Се случува да имаат лош ден и играчи како Кире,јебига,иако зачестија неговите слаби денови....
Сигурно и Јиха не го кажал последниот збор,според мене намерно Пасквал вчера не го пушти ниту минута(освен пеналот да го шутира),знаеше дека Вардар се спремаше специјално за него,Жалуз и неговата страшна симултанка беше изненадувањето,да не заборавиме,доста сличен играч како Жалуз(само не со таков скок шут како него)Менсах Ларсен го разнесе Вардар во Скопје,не се снаоѓа одбраната на Вардар против тие брзи играчи кои можат да извадат брз шут,тука се е оставено на Штербик,а очигледно беше дека вчера нема ден...
Ниту Копљар и Гурбиндо,ништо чудно и Душебаев Џуниор да е некој неоткриен талент,па да распали за брзо малиот,не го земаат за џабе таму,да не прајме муабет за пикерите шо ги имаат да ги риниш со лопата....
На крила нема ни потреба да имаат некоја ротација,го имаат можеби најдоброто дуо крило во светот...а ниту замените не се лоши,посебно Арино ветува...
Мислам дека премногу некако рајата ја потценува Барса,ептен нереално,и тоа само заради тоа шо тепале само со 1 разлика....
Европски шампион е ова,не е заебанција,играчи со еден куп утакмици зад себе..
Не ми се верува дека ќе изиграат толку слабо во Скопје,ама и Вардар сигурно нема да игра како вчера,сигурно ќе играат каде-каде поодбро и поорганизирано...
Мислам дека ќе биди отворен меч,искуството е на страна на Барса,и квалитетот,но желбата за докажување,и пред се формата е на страна на Вардар,Вардар доста лесно ги ишлака Киелце,РНЛ,тимови кои доста ги намачија Каталонците..
Но сепак,тие слаби игри на Барса не мора да значат ништо,големите екипи победуваат и кога играат слабо..
Извадија бод во Полска,откако сите ги прогласија за поразени,се мачеа со Пик Сегед,цело прво полувреме бркаа негатива,и дочекаа 5 минути...
Со РНЛ имаа шанса да го решат мечот,но Гудјон промаши чист зицер за +2,и се сврти мечот со тие голови на Шмит на крај...
Вардар освен на мечот со Киелце кога едноставно изиграа без грешка,на сите мечеви има црни дупки,ако имаат некоја подолга црна серија во Скопје се е отворено...
Против Барса ќе немаат право на црни дупки...
Иако според мене голманите ќе ја играат клучната улога,ако Штербик има своја препознатлива партија од +15 одбрани тогаш шансите се за Вардар...
П.С.
Не е Деки за со Барса,барем не за повеќе од некоја минута,ќе го искинеше Томас таму,посебно шо Вардар играше на моменти 5-1 одбрана,а за таму Деки не го бива...
Имаше и Дибиров некои нерезонски шутеви,ама реално немаше ниту многу топки за него,повеќе топки добија Брумен и Шишкарев...
 
ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695

Не е потценување, тоа е реалноста за сезонскава Барселона.

Во последниве години тешко е да ја одбраниш титулата, то ест откако е воведенa F4 завршницата, никоја екипа го нема одбрането одличјето од претходната сезона.

Карабатиќ многу значеше дури и за тим ко Барселона. Јиха не е правата замена, готово е со него, ќе изигра три утакмици на три ќе го нема ради повреда. Да очекуваме од него да го влече тимот е ко да очекуваме од Лацковиќ да игра добро. За жал сотретни се тие играчи од повреди. Не се тип на Кире кој е релативно зачуван па затоа и на овие години игра ко терминатор.

Некако се пренатрупани Барселона на пикер и десен бек, а на лев и на среден квичат.

Премногу е да ги имаш Лазаров, Гурбиндо и Копљар десно, па Нодесбо, Сораиндо и Шипжак на линијата а лево да си со Јиха и Жалуз, а во средина со 35 годишниот Ентрериос и 33 годишниот Сармиенто.

Е сега, за Жалуз ќе видиме дали ќе биде ова само блиц крик или ќе настави со бар половично од тоа што завчера го одигра. Ако продолжи да дава редовно голово, секако тоа многу ја менува сликата за Барселона. Сеа да може и Душебаев џуниор џуниор да распука, али тоа е лотарија. И Виран Морос до душа може да закачи по некој гол иако е дефанзивец.

Ќе видиме што ќе биде и со Руезга. Се враќа по тешка повреда а е многу солиден играч. Ако успее да си врати бар половина од формата многу ќе помогне на двоецот плејмејкери кои и самите не се баш со добар здравствен билтен.

А и евентуални повреди на Валур и Томас можат многу да ги сјебат, измените се ризични...

Тоа е муабетот со Барса сезонава всушност, оставено е на знак прашалник и на тоа дали ќе се падне џокерот. Против Вардар тоа беше Жалуз, можеби понатаму некој од крилата или Дани Душебаев, или еве Руезга... Преногу е оставено на случајноста.

Лани не беше така, туку лани беа копмлетна машинерија со подеднакво распоредени задачи и играчи кои беа сигурен влог... Единствено одбраната ги носи на грб, зоната функционира, Шариќ и Варгас имаат добри партии и го покираат нападот. Но не секогаш ќе биде тоа доволно, вака освен ако не се дешава на секое дерби да распука по некој „џокер“ не ги гледам во фајнл-фор...
 
Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.248
Поени од реакции
19.478
http://lazarovkiril7.com/index.php/mk/vesti/4268-jiha-na-operacija-se-vrakja-duri-slednata-godina

:shook:
Си еба мајката и овај начешланиот:eek:
Каков ризик на Барса:tapp:,фрлија милион К(само за оштета за Кил), за 33 годишен играч,со неколку сериозни повреди зад себе,за тие пари ќе земеа 3(млади )бекови и уште пари ќе им останеа..
Абе Хансен ќе го земеа за тие пари...:pos:
Ќе игра на Талант помалиот сега...:pipi:
 
Последно уредено:

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.493

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.248
Поени од реакции
19.478
вчера на фб цел албум кога ми испадна се исплашив од Томас, кај плав тој уште црно околу очите му нацртале. :D
Бууууу:shook::D
П.С.
На Сораиндо требаше бели очите да му ги чкрапнат,за контраст..:icon_mrgr:
 
razbirashh

No puedo,tengo nobio.
Член од
11 мај 2014
Мислења
983
Поени од реакции
2.202
Ваκа нашиве да се слиκат,можам да си замислам што κоментаρи ќе паднат од наρодецов наш :kafence:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom