- Член од
- 14 март 2010
- Мислења
- 16.941
- Поени од реакции
- 16.253
Тимот на Металург до групната фаза на ЛШ стигна преку квалификации, кој се одржаа во Норвешка, во група со Хаслум (домаќинот на турнирот), Динамо Полтава и Алпла.
Во 1/2 финалето Металург го совлада тимот на Алпла со 25-19, а во финалето се сретна со домаќинот Хаслум и убедливо го совлада со 30-20 и со тоа обезбеди учество во групите од ЛШ.
Однапред се знаеше во која група ќе биде Металург ако ги помине квалификациите.
Па така екипата ќе биде сместена во Ц групата, покрај Металург во неа се уште и Силкеборг (кој влезе на местото на веќе пропаднатиот Копенхаген), Горење Велење, Киелце, Шамбери, Санкт Петерсбург.
Првиот дуел ракометарите од Автокоманда ќе го одиграат на 30 септември, ќе им гостуваат на екипата на Шамбери од Франција.
Во второто коло за кое сеуште не е одреден точниот термин 03-07.10 ќе го одиграат во Скопје, во арената Борис Трајковски, со словенечкиот тим на Горење.
На 14 октомври следува гостување во Данска, кај екипата на Силкеборг, тој натпревар е од програмата на третото коло.
Три дена подоцна од тој дуел, ќе се сретнат со екипата од Русија, Санкт Петерсбург, на домашен терен.
И првиот дел од натпреварите ќе го завршат исто така на домашен терен против моќниот тим на Киелце, тој меч е закажан за терминот од 14-18 ноември.
Еве ги преостанатите натпревари што ќе ги одиграат сите екипи во оваа група.
Претставување на останатите групи ( А, Б и Д )
А група
Монпење
Чеховски Медведи
Фленсбург
Адемар Леон
Партизан
Хамбург
Б група
Кил
Веспрем
Атлетико Мадрид
Савехоф
Цеље Пивоварна Лашко
Константа
Д група
Барселона
Кроациа Загреб
Кадетен Шафхаузен
Фуше Берлин
Пик Сегед
Динамо Минск
Титулата од ланската година ја брани тимот на Кил, кој во финалето на фајнл форот кој се одржа во Келн, беше подобар од тимот на нашиот интернационалец Кире Лазаров, Атлетико Мадрид со 26-21, третото место го освои тимот на Копнехаген, кој повеќе и не постои.
Фајнл форот оваа сезона ќе се одржи на 1-2 јуни.