Лига на шампиони 2012/2013

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
14 март 2010
Мислења
17.157
Поени од реакции
16.869
Velux_EHF_CL.PNG
И оваа година, лигата на шампионите во ракомет ќе биде интересна за нашата јавност, тимот на Металург две години едно по друго ќе учествува во реномираната лига, со најдобрите европски тимови.
Тимот на Металург до групната фаза на ЛШ стигна преку квалификации, кој се одржаа во Норвешка, во група со Хаслум (домаќинот на турнирот), Динамо Полтава и Алпла.
Во 1/2 финалето Металург го совлада тимот на Алпла со 25-19, а во финалето се сретна со домаќинот Хаслум и убедливо го совлада со 30-20 и со тоа обезбеди учество во групите од ЛШ.
Однапред се знаеше во која група ќе биде Металург ако ги помине квалификациите.
Па така екипата ќе биде сместена во Ц групата, покрај Металург во неа се уште и Силкеборг (кој влезе на местото на веќе пропаднатиот Копенхаген), Горење Велење, Киелце, Шамбери, Санкт Петерсбург.

Првиот дуел ракометарите од Автокоманда ќе го одиграат на 30 септември, ќе им гостуваат на екипата на Шамбери од Франција.

Во второто коло за кое сеуште не е одреден точниот термин 03-07.10 ќе го одиграат во Скопје, во арената Борис Трајковски, со словенечкиот тим на Горење.

На 14 октомври следува гостување во Данска, кај екипата на Силкеборг, тој натпревар е од програмата на третото коло.

Три дена подоцна од тој дуел, ќе се сретнат со екипата од Русија, Санкт Петерсбург, на домашен терен.

И првиот дел од натпреварите ќе го завршат исто така на домашен терен против моќниот тим на Киелце, тој меч е закажан за терминот од 14-18 ноември.

Еве ги преостанатите натпревари што ќе ги одиграат сите екипи во оваа група.
veluxehfchleague.JPG

Претставување на останатите групи ( А, Б и Д )

А група
Монпење
Чеховски Медведи
Фленсбург
Адемар Леон
Партизан
Хамбург

Б група
Кил
Веспрем
Атлетико Мадрид
Савехоф
Цеље Пивоварна Лашко
Константа

Д група
Барселона
Кроациа Загреб
Кадетен Шафхаузен
Фуше Берлин
Пик Сегед
Динамо Минск


Титулата од ланската година ја брани тимот на Кил, кој во финалето на фајнл форот кој се одржа во Келн, беше подобар од тимот на нашиот интернационалец Кире Лазаров, Атлетико Мадрид со 26-21, третото место го освои тимот на Копнехаген, кој повеќе и не постои.

Фајнл форот оваа сезона ќе се одржи на 1-2 јуни.
 
Група А е премногу очигледна.ХСВ,,Монпеље,Чеховски и Фленсбург идат даље.....не по овој редослед,но нема терија Адемар и Партизан да направат нешто.Да не играа меѓу себе, Партизан и Адемар ќе имаа по 0 бодови.Кај Адемар нека не ве лаже резултатот од лани,16 играчи ја напуштија екипата.....не остана ништо,пред банкрот се.Партизан е непотребно да се коментира.

Група Б...е некако најинтересна во оваа ЛШ.Оваа година ЛШ е послаба од лани,но следната година очекувам да биде една од најдобрите на сите времиња.Овде Савехоф и Константа немаат што да прават,иако може да земат некој бод.Додуше не е можно некој од нив двајца да пројде, Цеље тек треба да видиме што екипа ќе биде.

Група Д Барса и Берлин се единствени сигурно.Групава нема некои имиња,но ќе биде најнеизвесна.Загреб мислев ќе биде најсериозен кандидат за испаѓање,но децата во пред сезоната растураа.Во моментов најталентирана екипа во целиот свет,но далеку се тие од готови играчи.Без искуство нема што да се бара во ЛШ,иаку талентот и потенцијалот се тука.
 
Ме интересира дали некоја наша телевизиска куќа има откупено некакви права за да можеме да ја следеме ракометната лига на шампиони? Или пак ќе ги дават само натпреварите на Металург кога ќе игра во Борис Трајковски / Автокоманда?

И секако, напред наши. :P
 
Ме интересира дали некоја наша телевизиска куќа има откупено некакви права за да можеме да ја следеме ракометната лига на шампиони? Или пак ќе ги дават само натпреварите на Металург кога ќе игра во Борис Трајковски / Автокоманда?

И секако, напред наши. :P
Е да, тоа забораив да напоменам, речиси сигурно е дека МТВ ќе врши преноси од натпреварите на Металург, а можеби и како Сител 3 ланска година, и уште еден меч на колото.
 
Е да, тоа забораив да напоменам, речиси сигурно е дека МТВ ќе врши преноси од натпреварите на Металург, а можеби и како Сител 3 ланска година, и уште еден меч на колото.
мислам дека ќе ги има правата само за Металург
 
Овие мислам дека ќе ги пројадт групите:

А група
Монпеље
Чеховски Медведи
Фленсбург
Хамбург

Б група
Кил
Веспрем
Атлетико Мадрид
Цеље Пивоварна Лашко

Д група
Барселона
Кадетен Шафхаузен
Фуше Берлин
Кроациа Загреб/Пик Сегед (мислам дека Загреб ќе оди понатаму ама со смената на генерации ништо не е сигурно)

Ц група
Киелце
Горење
Металург
Шамбери

А кој ќе освои? Мислам дека еден од Ателтико и Кил.:)
 
Баш лесна група за Металург. Чим претходната сезона поминаа и оваа ќе ја поминат. Ќе ја полниме пак салата како лани :)
Кил - Атлетико финале, штета што Копенхаген што пропадна ќе беше голем фаворит со Хансен.
 
Звонко Шундовски, тренерот на Констанца (Романија) и неговите очекувања со клубот во Лигата на шампионите за сајтот на ЕХФ.
COUNTDOWN PART 23: HCM CONSTANTA (ROU)

http://www.eurohandball.com/article/15508
 
Драган Гајиќ колку јако крило е !:cuc: .. 8 гола им дај на Флензбург, мада неколку од пенал, ама сепак..
Моментално 36-36 е, има уште 1 минута до крај, бааѓи пресврти се случија на мечот.
Конечен резултат, Флензбург - Монпеље 37-37.
 
2 прашања:
1. Како може екипи како Кил и Атлетико да бидат во иста група? Немаат и 2те висок рејтинг за да бидат во првиот шешир?
2.На пример ако Металург еве оваа и следната година стигне до 1/4 финале во ЛШ дали е возможно МКД да добие уште едно место во ракометнава ЛШ ?
 
2 прашања:
1. Како може екипи како Кил и Атлетико да бидат во иста група? Немаат и 2те висок рејтинг за да бидат во првиот шешир?
2.На пример ако Металург еве оваа и следната година стигне до 1/4 финале во ЛШ дали е возможно МКД да добие уште едно место во ракометнава ЛШ ?
Можно е, Кил беше во прв шешир, Атлетико во трет ми се чини, во последните години далеку подобар пласман има Кил отколку Атлетико, па за тоа е така.
Второ, Металург прво треба да се потруди за да не играат нашите екипи (Вардар или тие) квалификациски турнир за ЛШ, па после ќе се мисли за уште едно место во ЛШ, далеку сме од два претставника во ова натпреварување.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom