Лига на шампиони 2011/12

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
2 март 2007
Мислења
4.097
Поени од реакции
893
Се извинувам за грамар наци моментот ама е Фуксе Берлин (Фукс = лисица) а не Фуше Берлин :нинџ:

That being said - ШТО ПО ЃАВОЛИТЕ СЕ СЛУЧИЛО ВО БЕРЛИН ?!?! :eek: Сега ми е криво што не сум ја гледал ама ни на крај памет пре би ги гледал Копенхаген - Барса или Кил - Загреб...
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.252
Поени од реакции
19.549
ФуКсе(да не ме кара баварец).....се убедливо најнепредвидливата екипа оваа сезона во ЛШ...
Тоа го имав кажано и порано,ете денес јасно се покажа...
Не се нормални овие дефинитивно....:pos::нинџ:
Од тотален очај,од класично газење во Леон се враќаат и одат на Ф4..
И тоа какво враќање...ги уништија едноставно Шпанците....ги откажаа..
Речиси 15 минути во првиот дел Леон немаше дадено гол.....(кој рече дека само Вардар не дава гол преку 15 минути,ете ги и овие):D
Каква само одбрана изиграа секоја чест:cuc:
Ги принудија да шутираат од далеку,а Леон не е некоја екипа на разбивачи,повеќе играат со влезови во 6 метри,или вишок до крило или пивот.....
Млаки шутеви,+голманот Хајненветер имаше свој ден..
На полувреме имаа само 6 гола Леон:гик:
Второто на контри ги уништија,малку се разбуди Леон ама доцна беше.....
Германец си е Германец,затоа се најуспешна нација.....
Играат до крај,нема кај нив предавање.....LOVE IT!!!:cuc:
На другиот меч очекуван епилог..
Иако Загреб изигра феноменално прво полувреме....
Во второто паднаа,малце и судиите ги сецнаа..и толку треба...
Како и да е,не се избламираја,изиграа солиден меч....
Како ќе изгледа наредна сезона Загреб е голема непознаница....
Гојун во Атлетико,Шего во Висла....(одличен беше Шего денес,посебно во прво полувреме)....
Како тргнале со кинење на платите ништо чудно да се разбегаат сите првотимци....
Тоа за Балканскиот ракомет е лоша работа,зошто Загреб е бастион на Балканот,најуспешен тим,и негативно ќе влијае падот на Загреб за рејтингот на ракометот во регионот....ќе видиме како ќе се одвива ситуацијата...
Како и да е,очекувани двајца патници во Келн...Атлетико и Кил...
Барса ја плати цената на потеценувањето на Копенхаген....
Имаа слаб ден во Данска,дебело ја платија цената....Копенхаген покажа дека е во самиот крем на европскиот ракомет....
И најголемото изненадување Берлин...
Какви само екипи оставија зад себе,беа во групата на смртта,Веспрем,Киелце,руските мечиња....еден ХСВ го шлакнаа среде Хамбург,еве ги сега се вратија иако сите ги отпишаа...нема со Германец лабаво:D
Сега ни останува шлагот на тортата,Ф4 во Келн....:cool:(викендот 26-27 мај ќе се игра)....
 

Пеце

Пелистер-Битола
Член од
16 септември 2009
Мислења
4.339
Поени од реакции
5.370
Фуксе :cuc::cuc:
Секоја чест !!!! Се вратија од мртвите и одат понатаму :cuc:
Е ова ти се вика машка екипа !!! И покрај убедливиот пораз во Шпанија одат понатаму...
Знаев дека ќе тепаат денес, ама мислев ќе тепаат максимум до 5 гола, овие ги згазија...
И Адемар не мислев дека ќе тепа толку во Леон, ама во Германија го примија...
 

Figaro

la vita e bella
Член од
2 март 2009
Мислења
648
Поени од реакции
410
Со швабите никогаш не е работата готова, каква само мотивација е тоа ... Секоја чест, ова е доказ дека се е можно во ракометот и секоја негатива може да се стигне .
 

Дим4е

NZT-48, want some?
Член од
24 октомври 2007
Мислења
7.281
Поени од реакции
8.447
Атлетико - Копенхаген
Кил - Берлин

Толку ќе биде од Кире сезонава :))
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.007
Поени од реакции
5.654
Атлетико - Копенхаген
Кил - Берлин

Толку ќе биде од Кире сезонава :))
Ќе видиме... ја мислам дека Копенхаген е подобра опција од германските тимови.
 
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.016
Поени од реакции
135
Атлетико - Копенхаген - финале пред финалето
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
А овие Кил среќклии требаше Копенхаген да им падне иако и Берлин не е наивна екипа го елиминираа и Хамбург. Е сега за Атлетико тешка мисија ќе биде мислам дека реално е да го загубат двомечот.
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.007
Поени од реакции
5.654
А овие Кил среќклии требаше Копенхаген да им падне иако и Берлин не е наивна екипа го елиминираа и Хамбург. Е сега за Атлетико тешка мисија ќе биде мислам дека реално е да го загубат двомечот.
Нема двомеч... турнир се игра.
 
Член од
9 април 2009
Мислења
3.183
Поени од реакции
3.830
ај некој шо фазла прати ракомет од мене, нека кажи свое мислење и тип за атлетико-копенхаген?
сакам да ја играм 1 (победа на атлетико) за поголема пара!
кој планира да ми одговори нека ме цитира!
позз
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.252
Поени од реакции
19.549
ај некој шо фазла прати ракомет од мене, нека кажи свое мислење и тип за атлетико-копенхаген?
сакам да ја играм 1 (победа на атлетико) за поголема пара!
кој планира да ми одговори нека ме цитира!
позз
Бегај од оваа утакмица....
Ако би играл јас би ја играл за Копенхаген...
Атлетико оваа сезона е можеби најслаб....
Некако неубедливи се,имаа среќа во нокаут мечевите,играа со за класа послаби екипи од нив,Шафхаузен и Копер,со Швајцарците лесно поминаа,ама со Копер се изнамачија...
Малку фалеше Копер да ги испадни....
Ја немаат повеќе таа препознатлива игра од времето,кога доминираа....сега се лесно ранливи,иако сеуште се во кремот....
За разлика од нив Копенхаген е во голем налет..
Ја испаднаа Барса,не само шо ги надиграа во Копенхаген,туку и во Барселона беа рамноправни,ако не се опуштеа на крајот и таму ќе тепаа.
Ова е доволен показател дека имаат голем квалитет....
Лесно се прилагодуваат кон противникот,знаат да изиграат јака одбрана,не јуришаат сите само во напад,како другите Скандинавци....
Имаат голем ростер,иако имаат проблеми со повреди,се повреди Болдсен,повреда има и Стефансон,не знам дали ќе играат....
Како и да е,имаат многу други опасни играчи,со Хансен и Валур Сигурдсон како лидери на тимот....
Јас ако би ја играл оваа утакмица би ја играл на хендикеп за Копенхаген,зависи од коефициентот,би требало Атлетико да е благ фаворит....
Сепак на овие мечеви,ништо не се знај,една утакмица е,се бива,моментална форма,една грешка можи да пресуди...
Не е утакмица оваа за сингл...ризична е....
Ако играш веќе сингл подобро оди на Кил,таа би требало да е сигурен кец,иако коефициентот мислам дека ќе биди мал, некаде околу 1.35-1.40...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom