Фу
Ксе(да не ме кара баварец).....се убедливо најнепредвидливата екипа оваа сезона во ЛШ...
Тоа го имав кажано и порано,ете денес јасно се покажа...
Не се нормални овие дефинитивно....
Од тотален очај,од класично газење во Леон се враќаат и одат на Ф4..
И тоа какво враќање...ги уништија едноставно Шпанците....ги откажаа..
Речиси 15 минути во првиот дел Леон немаше дадено гол.....(кој рече дека само Вардар не дава гол преку 15 минути,ете ги и овие)
Каква само одбрана изиграа секоја чест
Ги принудија да шутираат од далеку,а Леон не е некоја екипа на разбивачи,повеќе играат со влезови во 6 метри,или вишок до крило или пивот.....
Млаки шутеви,+голманот Хајненветер имаше свој ден..
На полувреме имаа само 6 гола Леон
Второто на контри ги уништија,малку се разбуди Леон ама доцна беше.....
Германец си е Германец,затоа се најуспешна нација.....
Играат до крај,нема кај нив предавање.....
LOVE IT!!!
На другиот меч очекуван епилог..
Иако Загреб изигра феноменално прво полувреме....
Во второто паднаа,малце и судиите ги сецнаа..и толку треба...
Како и да е,не се избламираја,изиграа солиден меч....
Како ќе изгледа наредна сезона Загреб е голема непознаница....
Гојун во Атлетико,Шего во Висла....(одличен беше Шего денес,посебно во прво полувреме)....
Како тргнале со кинење на платите ништо чудно да се разбегаат сите првотимци....
Тоа за Балканскиот ракомет е лоша работа,зошто Загреб е бастион на Балканот,најуспешен тим,и негативно ќе влијае падот на Загреб за рејтингот на ракометот во регионот....ќе видиме како ќе се одвива ситуацијата...
Како и да е,очекувани двајца патници во Келн...Атлетико и Кил...
Барса ја плати цената на потеценувањето на Копенхаген....
Имаа слаб ден во Данска,дебело ја платија цената....Копенхаген покажа дека е во самиот крем на европскиот ракомет....
И најголемото изненадување Берлин...
Какви само екипи оставија зад себе,беа во групата на смртта,Веспрем,Киелце,руските мечиња....еден ХСВ го шлакнаа среде Хамбург,еве ги сега се вратија иако сите ги отпишаа...нема со Германец лабаво
Сега ни останува шлагот на тортата,Ф4 во Келн....
(викендот 26-27 мај ќе се игра)....