Лига на шампиони - Сезона 2018/19

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
Вардар загуби добиен меч, за само неколку минути во второ го изгубија ритамот и му дозволија на Веспрем да се врати од мртвите.
18 гола примија во второ, повеќето од брза транзиција, недозволиво за една екипа која претендира барем за 1/4 финале во ЛШ.
Без разлика што Веспрем ја имаше предноста во ротацијата и во свежината мечот беше изгубен заради загубата на концентрација, не толку заради замор.
И Парондо имаше уште неколку играчи на клупа што можеше да ги изротира без проблем и да ја задржи свежината.
Многу нереализирани зицери, пред се од Рожерио и крилата, 2 промашени пенали ( и тоа како аматерски промашени ) и потоа беше многу тешко да се врати квалитетот на нападот.
Затаи тимскиот напад, се одеше индивидуално, а така не се игра против касапска одбрана и расположен голман како Миклер.
На моменти проаѓаше, но не можеше до бескрај, во вакви мечеви не се добива само на иднивидуален квалитет,
Кристопанс не можеше да се движи повеќе, нерационално е да форсираш играч од 215 см и преку 130 кг во текот на 60 минути, одбрана-напад, не е ни чудо што му паѓаа сами топките од рака, неупотреблив беше на крај дечкото, не е и тој крив, 10 ина минути за Кисељев или било кој на десен бек немаше да го сменат на полошо текот на мечот.
Исто и со Мораеш, дечкото имаше повреда, надвор од ритам, го пушта во оган во најтежок момент, нормално е што нема концентрација и сила. подобро да протуркаше со Калараш на пикер во второ, а Мораш да сменеше во одбрана на моменти.
Веспрем не блеска сезонава, топло-ладно, но некако успеаа да ја извадат сезоната, непланирани порази дома од Вардар и РНЛ, се вратија со гостински победи, изгубија од Кристианстад кога никој не очекуваше, многу нестабилни се, но полека личат на нешто иако сеуште се бараат, имаат потенцијал за Ф4 , не е спорно ова, но се премногу нестабилна екипа, можат да го победат било кој противник, било каде, а можат да изгубат од далеку послаба екипа.
Отворено е прашањето за второто место, мечот во Полска ќе разреши многу дилеми.

Киелце без Душебаев и Циндриќ е далеку од сериозна екипа, доколку не се вратат навреме сите играчи многу тешко ќе оди.
Монпеље, можеби и ќе се извлечат, на мускули иако ќе биде речиси невозможно, имаат меч со Барса дома и со Вардар во гости.
А Мешков дома го чека Кристианстад.
Многу важна победа вчера на Мешков со РНЛ, кој шалабајзерски тим се Швабите значи, цареви, нема понестабилна екипа од нив.
Ќе победат било каде, со било кој, а ќе изгубат како најголеми аматери од најслаборангираните екипи во групата, притоа ќе делуваат како прв пат да играат заедно.
Се додека ЛШ за нив е од ревијален карактер никогаш нема да бидат сериозна екипа.

Во Групата Б, далеку подруга ситуација, далеку послаб квалитет на екипите.
Кога стигна еден ППД Загреб да е пред Нант јасно е се до каде е дојдена оваа група.
Фленсбург има сличен пристап кон играта како и РНЛ, не се замараат многу за ЛШ. цел фокус им е кон Бундеслига, во ЛШ секој бод е плус.
Најголеми добитници во ваква ситуација се ППД и Мотор, заради потценување на останатите екипи успеаа да боцнат доста бодови и да се надеваат на втора фаза.
Загреб од екипа која изгуби 10 разлика од еден Цеље успеа да собере 10 бода во група и да се бори дури и за трето место во група.
Иста приказна со Мотор, луда екипа.

Сите противници од Б групата се како по мерка за екипите од А група, освен Пик Сегед нормално кој е навистина опасен тим.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Значи Калараш РАУС од Вардар. Гнидата скапана на секој натпревар по 2 пати го исклучуваат. Овој пат беше кобно за Вардар.

Иначе сакав да прашам, Веспрем со кого играше во второто полувреме?
 
Член од
19 август 2010
Мислења
3.567
Поени од реакции
8.183
Значи Калараш РАУС од Вардар. Гнидата скапана на секој натпревар по 2 пати го исклучуваат. Овој пат беше кобно за Вардар.

Иначе сакав да прашам, Веспрем со кого играше во второто полувреме?
Ментален е типот. По фаца му се глеа дека му фали некоја даска у глаа. Реално, добро е у екипа да имаш таков напаленко касап у одбрана што им влева страв у коски на противниците, ама овој е превише ментален.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.812
Поени од реакции
15.735
Значи Калараш РАУС од Вардар. Гнидата скапана на секој натпревар по 2 пати го исклучуваат. Овој пат беше кобно за Вардар.

Иначе сакав да прашам, Веспрем со кого играше во второто полувреме?
iи Дисингер беше 2 пати исклучен, не приметив за што, посебно вториот пат...Дибиров и Шишкарев само по 1 гол дадоа, фалат головите на Дибиров... зошто кога беше +5 на полувреме не испроба Парондо барем 1 -2 пати 7 : 6 со Борозан , а посебно не објаснија зошто Карачич не доби минутажа, што знам јас не го ни приметив...
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
iи Дисингер беше 2 пати исклучен, не приметив за што, посебно вториот пат...Дибиров и Шишкарев само по 1 гол дадоа, фалат головите на Дибиров... зошто кога беше +5 на полувреме не испроба Парондо барем 1 -2 пати 7 : 6 со Борозан , а посебно не објаснија зошто Карачич не доби минутажа, што знам јас не го ни приметив...
За Дисингер мислам дека судијска грешка беше што го исклучија два пати и публиката доста се бунеше за таа одлука.
Но второ полувреме ние сами си бевме криви. Дибиров за 10 секунди 3 пати промаши гол. 2 пати му ја фати голманот, а третиот пат над голот шутна.
Киселев не доби минутажа, не знам зошто.
Мораеш сеуште не е у форма и не е доволно опоравен од повредата, но играше.
Карачич играше многу малку.

Јас мислам дека откако Веспрем го извадија во второ полувреме Декибој и веќе не го ставија во игра, им тргна.
Тој им бил малерот. Само еден гол ни даде и тоа кога сам излезе 1 на 1 со голманот. Претходно промаши една топка. Никој не го ни игра. Не знам што бара во Веспрем. Веспрем не го заслужуваат Декибој. Би требало тој да игра за Охрид или Струга.

А иначе што стана со Оцвирк?
Никој ништо не спомнува, а го нема на утакмици.[DOUBLEPOST=1550520163][/DOUBLEPOST]
Ментален е типот. По фаца му се глеа дека му фали некоја даска у глаа. Реално, добро е у екипа да имаш таков напаленко касап у одбрана што им влева страв у коски на противниците, ама овој е превише ментален.
Абе каков страв да им ствара. Игра против екипата. Губиме играч кога ќе го исклучат по два пати секоја утакмица. А многу значи да нема еден играч.
Како него не ни треба играч. Нека си оди и тој и тој што го донел, ако не е веќе и отиден.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.812
Поени од реакции
15.735
За Дисингер мислам дека судијска грешка беше што го исклучија два пати и публиката доста се бунеше за таа одлука.
Но второ полувреме ние сами си бевме криви. Дибиров за 10 секунди 3 пати промаши гол. 2 пати му ја фати голманот, а третиот пат над голот шутна.
Киселев не доби минутажа, не знам зошто.
Мораеш сеуште не е у форма и не е доволно опоравен од повредата, но играше.
Карачич играше многу малку.

Јас мислам дека откако Веспрем го извадија во второ полувреме Декибој и веќе не го ставија во игра, им тргна.
Тој им бил малерот. Само еден гол ни даде и тоа кога сам излезе 1 на 1 со голманот. Претходно промаши една топка. Никој не го ни игра. Не знам што бара во Веспрем. Веспрем не го заслужуваат Декибој. Би требало тој да игра за Охрид или Струга.

А иначе што стана со Оцвирк?
Никој ништо не спомнува, а го нема на утакмици.[DOUBLEPOST=1550520163][/DOUBLEPOST]

Абе каков страв да им ствара. Игра против екипата. Губиме играч кога ќе го исклучат по два пати секоја утакмица. А многу значи да нема еден играч.
Како него не ни треба играч. Нека си оди и тој и тој што го донел, ако не е веќе и отиден.
Вардар и Оцвирк, приказна без среќен крај
Приказната во која главните ликови се македонскиот ракометен првак Вардар и еден од најталентираните млади ракометари во Европа, Грегор Овцирк, по се изгледа нема да има среќен крај.
Ако се остварат најавите, словенечкиот репрезентативец до крајот на неделава би можел да го напушти Вардар.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Вардар и Оцвирк, приказна без среќен крај
Приказната во која главните ликови се македонскиот ракометен првак Вардар и еден од најталентираните млади ракометари во Европа, Грегор Овцирк, по се изгледа нема да има среќен крај.
Ако се остварат најавите, словенечкиот репрезентативец до крајот на неделава би можел да го напушти Вардар.
Па изгледа иста сорта на играч ко Калараш. Други проблеми не гледам да би имало.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.812
Поени од реакции
15.735
http://www.eurohandball.com/article/32148

се повеќе мислам дека Веспрем ќе го добие Килце на 02,03,, т.е. Вардар го прокоцка второто место минатата сабота.. а и гол разлика има Веспрем подобра за 11 гола...значи и реми со Килце му е довоlен за #2
 
Нас ни одговара Веспрем да изгуби за да одиме на второто место.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.812
Поени од реакции
15.735
Нас ни одговара Веспрем да изгуби за да одиме на второто место.
нема шанси да изгуби Веспрем, а башка на Килце му е полна капа за #4 и нерешено...РНЛ има +3 гола ама игра кај Барса и таму ќе јаде едно 7-8 гола разлика најмалку..
дометот на Вардар е #3 и за тоа треба да има повеќе бодови од Килце, бидејќи Килце сега има подобра гол разлика, значи треба победа против Кристианстад, да не се ризикува со Монпелје...

Има логика и потреба да се тепа Кристианстад со +7 - 8, па со Монтпелје да се брка дома +6, ама не е лесно и тоа
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.173
Поени од реакции
4.094
Никад не се знае, реално за со Веспрем ќе се врати Циндриќ, за Душебаев не знам, некаде прочитав дека е отпишан он до 1/8 финале. Дома играат, ништо не се знае. Веспрем дома на мускули го доби Киелце, иако сега е сосема друга ситуацијата, на Веспрем формата рипа а на Киелце паѓа. Сепак, не е неразумно да победи Киелце.

Веспрем се извади со многу среќа со Монпелје и Брест во гости, може ќе им се врати тоа, да се надеваме.

Ние да не правиме глупости и да си го добиеме Кристианштад, па сигурно да бидеме 3ти. Иако тоа значи големи шанси дека ќе вкрстиме со Сегед во 1/4 финале доколку двете поминеме, што не е баш најповолно, ама сепак, подобро со нив него со ПСЖ.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Ако завршиме 3-то место, во следна фаза кои би ни биле противници?
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.173
Поени од реакции
4.094
Ако завршиме 3-то место, во следна фаза кои би ни биле противници?
Мотор/Загреб/Нант.

Некој од овие 3. Реално може било кој да се падне. Па би можел и Флензбург да се вмеша, иако тешко.

Загреб и Нант играат против Флензбург и Сегед во последните 2 кола. И двете можат да ги изгубат двата натпревари. Но мислам дека Нант ќе добие една. Не би бил изненаден и двете да ги добие. Мотор игра со ПСЖ во гости (пиши пораз), но игра и дома против Скјерн.

Ќе видиме, идеално би било Мотор. Најверојатно и со нив ќе се игра ако сме 3ти. Целје можда може да ги стигне, пошто игра со ПСЖ (пиши губи) и со Скјерн (ама во гости). Ако Мотор изгуби 2, Целје го добие Скјерн, па голови да се гледаат.

Секој случај, најверојатно Загреб, Мотор. Добро е тоа. Тие големи шанси да ги поминеме. После со најверојатно Сегед во 1/4 финале. Сите викаат дека супер играат тие оваа сезона, ама со фул Борозан, Мораеш, Горбок. Ако цел тим е здрав, ја не им се плашам.
 
Тоа би било добро за нас ако тие би ни биле еден од противниците. Страв ми беше од ПСЖ. :D:D
Иначе до каде е ситуацијата со Горбок?
Ќе заигра некогаш во животот за Вардар?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom