Лига на шампиони - Сезона 2018/19

Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.170
Поени од реакции
4.087
Тоа би било добро за нас ако тие би ни биле еден од противниците. Страв ми беше од ПСЖ. :D:D
Иначе до каде е ситуацијата со Горбок?
Ќе заигра некогаш во животот за Вардар?
Може за 1/8 ќе биде спремен.
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
378
Поени од реакции
1.038
Лузерскиве групи до последен ден непредвидливи. Силкеборг влезе во реваншот со +4, судиите досудуваат два црвени на средина од прво за Висла и тоа за 38 секунди!! Пољациве од -2 на полувреме тепаат 7 разлика. Луда утакмица. Ако се на нивото од второво полувреме во 1/8 финале ќе биде неизвесно кој ќе дојде во "Јане".
 

Nino Manchester

Oŋce α RED, αlwαys α RED
Член од
4 јуни 2009
Мислења
14.530
Поени од реакции
17.887
Ima da go izbriseme parketot so niv

Sent from my SM-J510FN using Tapatalk
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Епа тогаш Сегед треба да ни е вистинската пречка. Загреб ќе биде торпедиран.
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.170
Поени од реакции
4.087
Загреб, Висла - Сегед е добар пат за нас до Ф4. Нема што да се жалиме.
 
Член од
19 август 2010
Мислења
3.529
Поени од реакции
8.000
По мене одличен пат за пласман на Ф4, ако се знае какви противници можевме да добиеме. Е сега нормално е дека и против овие противници ( посебно против Сегед) мора да пружиме 100% ако сакаме да поминеме. Се надевам дека до тогаш бековската линија ќе ни се комплетира, а в таков состав сигурно ја имаме фаворитската улога против Загреб и Сегед. Реално во такви двомечи, се ќе има влијание на резултат, и многу работи ќе зависат и од анализа на противник, ростер, каков ден ќе има екипата, така да доста рано е да се даваат било какви предвидувања. Од тоа што имав прилика да го видам Сегед, се работи за доста интересна екипа која со бившите вардарци Македа и Канељас го доби елементот на цврстина и искуство, плус надополнети со ростерот кој го имаа претходно дефинитивно се екипа која нема да биде ни малку лесна за пролаз. Сепак, далеку од тоа дека Вардар треба да се плаши од Сегед, со фул ростер и добра анализа верувам дека унгарците ќе паднат. Секако пред тоа мора да шкртне загрепската гордост. Мислам дека во двомеч немаат шанси со нас, но и тоа ќе мора да се одработи со максимална концентрација, пред се бидејќи се тимови кои многу добро се познаваат од настапите во СЕХА. Се на се не очекува доста интересна ракометна пролет, и една голема шанса повторно нашата гордост да заблеска во Келн.
 

Nino Manchester

Oŋce α RED, αlwαys α RED
Член од
4 јуни 2009
Мислења
14.530
Поени од реакции
17.887
A koj pa garantira deka Seged ke projde lesno so Visla, bes razlika sto ne se opasni ko porano znaat da napravat problemi

Sent from my SM-J510FN using Tapatalk
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.170
Поени од реакции
4.087
A koj pa garantira deka Seged ke projde lesno so Visla, bes razlika sto ne se opasni ko porano znaat da napravat problemi

Sent from my SM-J510FN using Tapatalk
Апсолутно.

Не се за потценување и тие. Абе, овие двомеча се зезнати, еден лош натпревар и после си под притисок дека треба да бркаш резултат, деморализиран. Не би ме изненадило Висла да ги елиминира Сегед. Тие покажаа дека се мачат со послабите екипи во нивната група. Првата се игра кај нив, да влезат малку со потценување, опуштени, може да го изедат стапот. Би рекол дека 60-40 за Сегед се шансите.

Ама па и ние треба да се пазиме. Иако некако мислам дека сериозно ќе го сфатиме Загреб и уште првата ќе го средиме таму.
 
Член од
19 август 2010
Мислења
3.529
Поени од реакции
8.000
Интересни размислувања:). Ја па мислам дека Сегед е голем фаворит против Висла и дека нема да има посерозни проблеми со оваа екипа, секако доколку максимално влезе во овој дуел, без ни мала доза на потценување на противникот. Ќе видиме.
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.170
Поени од реакции
4.087
Интересни размислувања:). Ја па мислам дека Сегед е голем фаворит против Висла и дека нема да има посерозни проблеми со оваа екипа, секако доколку максимално влезе во овој дуел, без ни мала доза на потценување на противникот. Ќе видиме.
Е фаворит, тука нема сомнеж. Но не е Висла без шанси. Лани Скјерн го елиминираше Веспрем, Монпелје ја елиминираше Барса, а годината пред, Киелце. Загреб го скина РНЛ пред некоја година. Ние се измучивме со Висла, со 1 гол ги поминавме пред 2-3 години. Се може да се деси. Некако погусти се натпреварите во двомеча него во група.
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.238
Поени од реакции
19.396
Освен елиминацијата на минатогодишниот шампион Монпеље уште во групна фаза останатите резултатите и пласмани на екипите се реални.
Монпеље со заминувањето на Фабрегас и повредата на Симоне ( кој речиси ја пропушти досегашната сезона ) не е истата екипа од лани, иако костурот на тимот е речиси идентичен, надополнет со враќањето на Гребиј.
Фактот што од можните 8 бода со реално за класа послаби екипи како Кристианстад и Мешков освоија само 3 бода е повеќе од доволен зошто не се пласираа во наредна фаза, посебно поразот дома со најслабата екипа во групата Кристианстад беше клучен.
Наредна сезона ќе се пробаат, во првенството добро стојат и би требало да се прегрупираат, Жерар заминува во ПСЖ, доаѓа Дуарте од Барса,
Нема да ме чуди доколку се реализира трансферот на Циндриќ во ПСЖ или Барса Киелце да успее да го собере Мелвин Ричардсон, ќе имаат салам кеш за трошење Пољаците.

Осминафиналните двојки.

Спортинг- Веспрем

Овде не би требало да има никакви проблеми за Веспрем,во двата дуели лесно ќе ги преслушаат Португалците.

Висла- ПИК СЕГЕД

Висла е луда екипа, како на холивудски филм направија кам бек, и од изгубена ситуација се ПОВАМПИРИЈА и се пласираа во 1/8 финале.
Кој луд двомеч беше со Силкеборг, тотално спротивни изданија на двете екипи. Висла на првиот меч се изгуби во второ, делуваа како телетабиси.
Во Данска обратен ефект, Силкеборг во 25 минута има + 4, заедно со четирите гола позитива од Полска тоа се 8 гола предност, настрана што Висла доби 2 црвени картони во мечот.
И шо се случува? Силкеброг дава само 5 ( пет ) гола во второ, прима 13:pos:, како тотални аматери делуваа.Луди Данци, тотално луди.
Да се вратам на темата, реално Висла со овај тим на Сегед нема што да бара, можеби во Полска ќе дадат некој отпор, но во двомеч од 120 минути против Сегед немаат шанси.Очекувам лесно Сегед да се пласира во 1/4 финале, иако паднаа во форма и тие во последно време.

ППД Загреб- Вардар

Вардар е фаворит, нема збор тука, За Вардар се е кажано.
Заебан тим е Загреб сега, под водство на Тамше, играат далеку подобро на технички план за разлика од есента со Лино, иако и тогаш делуваа нетипично добро за око за една екипа која е предводена од ЧИКАТА.
Не знам од која причина толку лесно се откажаа од Ќерими, дечкото навистина одлично се снајде и доста им фали во играта, посебно со тие асистенции и продори.
Мраковчиќ е ок играч, ама не може сам да го понесе товарот, настрана што е различен тип на игра од Ќерими кој далеку побрзо се ослободува од топката, но тоа е.
Опасна екипа се Загреб, солидно скоцкан тим, многу јаки голмани, посебно Кастелиќ, а и Ристановиќ се покажа досега како многу солиден голман.
Сршен е добар десен, нема збор тука, топ крила, посебно Мандиќ е се подобар и подобар, солидни пикери, тука е Поточник на лев бек како замена за Бичаниќ, доколку им се остави простор знаат да бидат заебан шутерски тим, и во одбрана се незгодн, висока зона, знаат да умртват игра..
Многу работи ќе зависат од првиот меч. Реално Загреб во Скопје нема шанси за победа, и пораз на Вардар во Загреб од 2,3 гола би требало да е лесно достижен, но да видиме како ќе оди, во секој случај интересен двомеч.

Мешков- Флеснсбург

Овде се знае кој е фаворит, но Фленсбург од Бундеслига и Фленсбург од ЛШ како да не се истиот клуб.
Па можеби тука е шансата на Мешков за нешто повеќе, зошто да не, во Брест можат да се носат со речиси сите екипи од Европа, зошто да не е и со Швабите.
Фленсбург досега на гостувањата во екс комунистичкиот блок не помина добро, со Мотор изгубија, со Загреб едвај се провлекоа, заради грешките на Загреб најповеќе. со Цеље изгубија 3 разлика.
А и дома не блескаа, со Цеље едвај тепаа, со Нант едвај бод извдадија, со Загреб изгубија дома...
Ништо чудно тука ако успее да се надмине Мешков на домашен терен и да обезбеди некоја позитива за реваншот во Германија да е интересно во Фленс Арената.
Не е константен Фленсбург, ги зафати синдромот на РНЛ, повеќе гледаат на Бундеслигата, каде имаат перфектен скор отколку ЛШ, се е можно овде, посебно ако во тој период Фленсбург има некое дерби во лигата, тогаш ќе прават рокади во тимот.
Сепак остануваат фаворити за 1/4 финале, но оставам мал простор за изненадување, опасна екипа се Мешков.

Мотор- Киелце

Слична ситуација и овде, Мотор покажа дека е опасна екипа која на домашен терен може со секого, истото ќе биде и овде.
Киелце полека се комплетира, реално имаат за класа појјак тим, подолга клупа, би требало да се провлечат, но треба да има возбудувања, посебно на првиот меч во Запорожје.

НАНТ- РНЛ

Можеби шлагерот на оваа фаза, две јаки екипи.
Двете екипи со малку разочарувачки резултати во лигата, посебно РНЛ, а и Нант имаше некои киксеви во лигата, но сепак тука се, веднаш зад ПСЖ кој реално е прејјак за нив, барем засега.
Овде предност давам на Нант, како покомплетна екипа ми делуваат.
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.170
Поени од реакции
4.087
Сегед е стварно паднат во форма, еве и денес нерешено играле со Татабања, и то со гол на крај се спасиле од пораз. Да се надеваме дека ќе продолжат така.
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.885
Поени од реакции
14.366
Висла какво распаѓање бравос, се уплашија од тоа +2 водство што го имаа, аматерски грешки невидени, од 48-ма минута само еден гол дадоа :cuc:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom