Лига на шампиони - Сезона 2018/19

Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.698
Поени од реакции
5.589
За меч на колото не мења многу кој е,ама мене страшно ме нервира што ги ставаат дерби утакмиците во исто време.
Прво коло Монпеље-Вардар и Веспрем-Киелце во исто време,сега ова коло Барса-Веспрем и Киелце-РНЛ во ист термин.
Не сфаќам зашто???:mad:
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Има ли бе некој со грам мозок у тоа ЕХФ?

Трето коло ЛШ мечеви (меѓу другите):
РНЛ - Мешков
Веспрем - Вардар
Запорожје - Сегед
Нант - Скјерн
Монпелје - Киелце


И покрај овие пет меча они за меч на неделата го бираат Кристијанштад - Барса!? Мислам стварно нема грам логика изборов. :toe:
Не им е примарно да го даваат дербито туку да направат баланс сите поважни тимови да ги дадат во текот на сезоната подеднакво и тоа да им се вклопи во логистиката на патувања.[DOUBLEPOST=1537812530][/DOUBLEPOST]
За меч на колото не мења многу кој е,ама мене страшно ме нервира што ги ставаат дерби утакмиците во исто време.
Прво коло Монпеље-Вардар и Веспрем-Киелце во исто време,сега ова коло Барса-Веспрем и Киелце-РНЛ во ист термин.
Не сфаќам зашто???:mad:
Зависи од ТВ станиците домаќини. Нивна одлука...
 
Член од
27 септември 2015
Мислења
598
Поени од реакции
614
Не им е примарно да го даваат дербито туку да направат баланс сите поважни тимови да ги дадат во текот на сезоната подеднакво и тоа да им се вклопи во логистиката на патувања.[DOUBLEPOST=1537812530][/DOUBLEPOST]

Зависи од ТВ станиците домаќини. Нивна одлука...
MOTW 4 коло е Вардар - Рајн некар

Sent from my SM-N950F using Tapatalk
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.170
Поени од реакции
4.087
Не им е примарно да го даваат дербито туку да направат баланс сите поважни тимови да ги дадат во текот на сезоната подеднакво и тоа да им се вклопи во логистиката на патувања.
До ова е, зошто кога ќе стават меч на колото, тој меч добива посебен третман и нивните коментатори, оние ирци ли што се, одат во градот да го коментираат. Снимаат и малку содржина за ЕХФ магазин и на социјални мрежи му даваат внимание. Така што, пробуваат сите подобри екипи да се застапени и да има разновидност од недела во недела. Сепак, чуден избор.
 
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.698
Поени од реакции
5.589
Ми изгледа дека го спремаат Тамше за селектор на Словенија,пошто Вујо више стар е,а и во неколку интервјуа има кажано дека за неколку години сака да се пензионира и да не работи ништо,плус неуспешот на квалификациите ќе бидне капак.
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.170
Поени од реакции
4.087
Ми изгледа дека го спремаат Тамше за селектор на Словенија,пошто Вујо више стар е,а и во неколку интервјуа има кажано дека за неколку години сака да се пензионира и да не работи ништо,плус неуспешот на квалификациите ќе бидне капак.
Рекоа дека и покрај неуспехот, пак се зад позади Вујо. Но, него мајка му почина пред тие натпревари, па може и ради тоа му замачкуваат очи. Секој случај, јас се сомневам дека ќе го тргнат од селекторското место. Повеќе мислам дека има шанси да си отиде сам од Железничар ако продолжат да губат од секого во СЕХА.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.719
Поени од реакции
15.594
немаше ТВ пренос, а не стигнав да најдам ливе стрим , ама еве веќе има нешто на ехф веб сајтот...

After another two changes in the lead, it was Vardar who looked more determined and focused in defence and that worked wonders. Brazilian line player Rogerio Ferreira Moraes scored two of his three goals in the last five minutes and led Vardar to a 27:25 win, their first ever in seven games against Veszprem.

The victory means the Macedonian side is still unbeaten and top of the group after three rounds.

едно ме буни, во ПДФ документот кажува Борозан, Дибиров и Чупиќ по 5 гола а во текстот на ехф веб сајтот

Timur Dibirov was Vardar’s top scorer, with six goals
  • Dragan Gajic scored five goals for Veszprem
 
Последно уредено:

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.238
Поени од реакции
19.396
Доста пријатено ме изненади Вардар на последните 2 гостувања, не е нималку мала работа да победиш на гостувања како Монпеље, а уште повеќе во Веспрем Арена.
Парондо, многу смирено ја води екипата, изгледа многу има работено на психички план, па нема потреба нон стоп да довикува нешто од клупата, некоја помирна верзија на Раул е, не е на пример како Кадењас или Пастор на пример:pos:, тренери кои губат по 5 кила по меч, движејќи се по аут линијата...:anco:
Одбраната доста добро делува, компактно, Калараш си ја најде позицијата, многу добро се вклопи на средина, заедно со Кристопанс кој по потреба би играл и на двојка.
Милосављев е откритие на сезоната, не знам кој го скаутира, претпоставувам Периќ, но сигурно работата на Периќ на тренинг дава резултат, некоја мини верзија на Штербик е дечкото, смирен, ја следи ситуација, чека противникот прво да направи реакција па потоа се отвора и бира страна или агол, а доста е подвижен и со добар рефлекс, иако има некој кг вишок, доколку и тој од Тунис или Алжир се погоди, барем да го замени ако не му оди ќе е сосема ок, сепак со онаа одбрана Вардар доста добро делува.
Единствен проблем е што нема замена за Вуко, сам игра дечкото на лев, Горбок очајно фали, изгледа тој Словенецот, Оцвирц или како и да се презива сеуште не е спремен за вакви мечеви
И десно крило е проблем, иако со головите од пенал на Чупиќ се амортизира тој дефицит, кога сме кај Чупиќ, аууу колку се здебелил малиот:X3:, погоден живот.:masa:
На среден бек е најсилното оружје на Вардар, покрај Вуко, Карачич и Скубе ја прават разликата, навистина одличен дил беше Скубе, растура малиот:D, иако има и по некоја грешка, ама секој контакт и влез е или потенцијална асистенција или реметење на одбраната, страшни движења со тело има Хобитот, многу изгуби Сегед со него, го жртвуваа за Бомбач,
Сума сумарум, засега Вардар одличен, во најјаката група убедливо, доколку ги тепаат Шалабајзерите нареден викенд ќе ја комплетираат сликата, а зошто да не ги тепаат.
Веспрем, уште една лоша епизода, не само вчера, цела ланска сезона се мачат, и со Киелце првата текма на мускули тепаа, едвај, против Киелце со речиси пола екипа на болница, со Барса немаа никакви шанси, се изгуби Љубо, посебно во одбраната, вчера се жалеше на судиите, а баш напротив, Германците судеа по прирачник, секој старт го наградија со 2 минути,
Можеби клучен момент беше исклучувањето на Деки, некаде 50та минута, кога на +2 останаа со 2 играчи помалку, ама самите се винови.
На ваков ростер, со по 3 супер квалитетни играчи на секоја позиција никој не ти е виновен.

ПСЖ лесно и рутински го изгази Загреб, далеку е Загреб од некоја константна игра против големите екипи, со Фленсбург се испукаа, вчера Коралес ги олади..
Барса го прегази Кристианстад, очекувано, најслаба екипа во групата се Швеѓаните, убедливо...
Силкеборг одличен иако не е некое изненадување, малку потценети беа, сепак Данци против Португалци играат, заслужена победа на Силкеборг.

Денес неколку интересни мечеви на програмата,

Нант ќе ја брка првата победа, со Сегед имаа два бода во џеп, останаа со празни раце, денес ќе се вадат.
Во добра атмосфера го пречекуваат овај меч, тепаа во четвртокот во дербито со Монпеље во лигата, но нема да е лесно, Скјерн е доста незгодна екипа, ќе пружат фајт.
Сегед ќе оди на 3 од 3, одат на Мотор, незгоден терен е Запорожје, но би требало да тепа Сегед, поквалитетни се на сите позиции, но ќе мора да внимаваат, посебно ако дозволат брза игра која повеќе им одговара на Украинците.
Цеље по смената на Тамше ќе видиме како ќе се претстави, ПСЖ ги растури во неделата, денес повторно голем тим на програмата, Фленсбург.
Германците се големи фаворити на овој меч, посебно ако влезат сериозно во мечот, проблемот кај Фленсбург е шо не се мотивираат со сите екипи подеднакво, затоа им се случи Загреб среде Фленс Арена, ги потценија и изгубија, на само неколку дена откако го прегазија еден Нант во Франција со 34 дадени гола,
Исто и со Хановер во четвртокот, едвај тепаа, со судни маки, многу солиден тим има Фленсбург но премногу се развлечени на два фронта па доста осцилираат во играта.
Сепак, денес не би требало да има проблеми...

Татран си гази во групата, доста добра работа врши Голужа во Словачка, доколку не се зафркаваат денес треба да победат без мака.
Металург со оваа бековска линија нема сили за 60 минути да држи ритам, фали квалитетна ротација, недоставува и одбрана.
Шансата беше со Бешикташ, многу очајно се прикажаа со Турците, катастрофално издание во второ, распад система.
Проблемот кај екипите како Металург е што се распаѓаат по првата криза, неколку минути лоша игра и се губат, не е ни чудо, сепак премлада и неискусна екипа се...

Дерби на денот е Монпеље- Киелце.

Монпеље е во огромна криза, сите дерби мечеви ги изгубија, беа поразени и од Мешков,
Многу проблеми има во играта, повредата на Симоне зеде голем данок, исто многу се чувствува и неиграњето на Тракиневичиус на лев бек, Гребиј изгледа пак се повреди, Гигу е тргнат од тимот, наводно заради некои несогласувања со Канаје, многу различен тим од онај ланскиот, иако сите играчи се тука, освен Фабрегас..
Колку е само важен тајмингот, темпирање на форма, тимски дух, итн, ова е класичен пример за тоа..
Денес имаат шанса да се вадат, но нема да е лесно, на гости доаѓа Киелце.
Доста пријатно изненадуваат Пољаците, со редуциран тим успеваат да прикажат добри игри, со Веспрем беа на праг на изненадување, со РНЛ на крај се извадија, сепак заслужено.
Јаки индивидуалци има Талант, успева да го амортизира тоа што одбраната не е како шо треба, голманите се еден послаб дел од тимот, ниту Чупара ниту Ивиќ не се класа голмани засега, а и одбраната доста порозно делува.
Ќе видиме денес како ќе изгледа, посебно нападот, сепак против себе ќе го имаат Жерар, не е мала работа ова..
Интересен меч во секој случај, вреди да се гледа...два големи тренери против себе...
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.033
Поени од реакции
5.477
Нема ништо официјално од страна на клубот сеуште. Се шпекулира по неколку унгарски портали кои наводно се блиски до раководството на тимот, но ќе видиме. Јас воопшто не би бил изненаден, Веспрем последниве неколку сезони не личи на себе. Не говорам тука за резултатите туку за целокупното функционирање на клубот.
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.170
Поени од реакции
4.087
Има некои гласини дека Веспрем тренирале само 3 пати неделно, зошто не му се патувало на Врањеш. Јас неверувам во тоа. Му замеруваат обожаватели и што им збори на англиски и некои мислат дека некои играчи не ни можат да го следат што им збори, зошто доста црта, објаснува и се тоа доста брзо.
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.033
Поени од реакции
5.477
Последно уредено:
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.698
Поени од реакции
5.589
Неверувам Валеро Ривера да го стават,освен ако не им е кратко решение до крај на сезоната,па после со нов тренер,пошто реално стар е човекот 65 години има.
За Дејвис можно е,ама и Тамше ништо чудно да го стават,без клуб е моментално.
Ќе видиме што ќе решат во секој случај немаат многу време.
Какви бељи им напраивме,ќе се испотепале луѓето вчера го ваделе Врањеш со полиција од сала :pos:
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.170
Поени од реакции
4.087
Чудно би ми било Дејвис да го стават, со оглед дека он се позиционираше за главен тренер на Вардар, јавно си кажа дека е тука и сака да ја води екипата. Ама овие од управа му дадоа корпа и Парондо го ставија. Што ти кажува дека не го гледале како поквалитетен од Парондо. Сега да го стави Веспрем за главен тренер, иако никогаш не водел екипа од овој ранк, па ни никаква, освен Египет сега скоро што почна, чудно би било. Имаат пари тие, најверојатно ќе сакаат некој проверен, а не да се коцкаат со Дејвис.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom