Лига на Шампиони 2012/2013

Статус
Затворена за нови мислења.

gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.845
Поени од реакции
5.140
Работи што нормални луѓе ги прават на Вембли:

-гледаат фудбал
-навиваат

Работи што gade ги прави на Вембли:
-купува фрижидер
Абе цела населба е тоа, не купував на стадионот ебаго. :pos:
Ми се погоди баш истиот ден кога прославуваа овие твоиве титула, па се враќав дома со кола и морав да пијам цел пат од Фулам преку Челси и Патни све до дома. :D
Онтопик, Челси ке освои ЛЕ, а Борусија ЛШ. :D
 
dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.140
Поени од реакции
84.830

Знам де се зезав :D
А за славењето на улица не знаеш колку ти љубоморам :X3:
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.483
Поени од реакции
109.567
Појака лига-појак и покомпетитивен тим во Европа. Така да нема ништо лошо да се сака лигата. Иако, искрено со другото се согласувам. Нема зошто да има пријателски работи и глупости. Секогаш мора да има жар и пецкање, ама ова за Јуве во Италија, сериозно не е интересно веќе.
Ама не најозбилно е така. Како бе може најголемиот конкурент и да речам најомразениот тим да го поддржувам и да се палам на негови успеси? Тоа за лигата си во право, што појака лига толку подобро, али поентата ми беше друга и мислам дека самиот сфати веќе што сакав да кажам. Исто да речеме ко ти што го мразиш Интер или Милан сеедно, нема што да правиме лице. Јас секогаш прв му честитам на противникот или конкурентот доколку тој го заслужил тоа, еве ко на пример Јуве скудетото оваа година, без разлика колку и да не ги сакам они заслужено освоија без ниедна дамка и тоа е тоа, реалноста е таа и нема бегање од неа. Мене ме нервира што некои глумат тука дека мерак им било што Дортмунд прошол против Реал и дека навивале за нив, во ова чисто се сомневам, едино би разбрал доколку се плашеле од Реал, друга логика не глеам. Па уште коа ќе речат што има врска трансферот на Геце, како бе што има врска?? Да, јас од спортски аспект го оправдувам тоа, професионалец е и може да бира кај сака да игра, но да сум навивач на Дортмунд до сеа ќе го мајкошајкосав до немај каде и очи немаше да сакам да му видам.
Замисли да прејде Џонатан во Јуве, што пцуење има да падне... :ROFLMAO:
 
gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.845
Поени од реакции
5.140
Знам де се зезав :D
А за славењето на улица не знаеш колку ти љубоморам :X3:
Imagine пијани, дебели, навивачи по улици пијат пиво и автобусот со навивачите поминува по Фулам Роуд.
хммм, кога ќе размислам интересно беше. :D
Проблемот е што сите ги замислуваат навивачите на Челси како пош, богаташи, новопечени навивачи, а тие се сосема различно од тоа. Туку да не одам офтопик.
 
dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.140
Поени од реакции
84.830
Imagine пијани, дебели, навивачи по улици пијат пиво и автобусот со навивачите поминува по Фулам Роуд.
хммм, кога ќе размислам интересно беше. :D
Проблемот е што сите ги замислуваат навивачите на Челси како пош, богаташи, новопечени навивачи, а тие се сосема различно од тоа. Туку да не одам офтопик.
Каков офтопик бе :D Во тема за ЛШ правиме муабет за навивачите на шампионот на ЛШ.
Нема тука ништо офтопик :)
 
Факе

Highbury–the Home of Football
Член од
6 март 2010
Мислења
9.464
Поени од реакции
10.167
Проблемот е што сите ги замислуваат навивачите на Челси како пош, богаташи, новопечени навивачи, а тие се сосема различно од тоа. Туку да не одам офтопик.
Не навивачите,туку газдата :) За ова после него,хмм...не коментирам :D
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.483
Поени од реакции
109.567
Mисли си ти дека не е така, нешто не си у тек...
Хах сериозен си? Па прочитај што се дешаваше на темава у вторникот после елиминацијата на Реал и у средата после елиминацијата на Барса и се ќе ти стане јасно. Повеќе имаше ремет меѓу фановите на Реал и Барса отколку што добија честитки фановите на Дортмунд и Баерн за влезот во финалето. Не знам како не сфаќате некои работи, како може да се сакаат Барса и Реал, Интер и Милан, Бока и Ривер, Милвол и Вест Хем, Јунајтед и Сити, Интер и Јуве итн итн, да не набројувам? Не е возможно тоа, па какво ситење паѓаше кога Јуве испадна во втора лига, какво ситење паѓаше кога Ривер испадна пред две сезони у втора лига, и уште мал милион работи кои нема потреба да ги објаснувам, се надевам ти ја доловив поентата. Само ај нека тепа Дортмунд у финалето па ќе видам колку ќе ти биде мерак што германска екипа ќе освои и дали тогаш ќе викаш Германија доминира, браво за Дортмунд баш ми е мерак...
 
Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Ама не најозбилно е така. Како бе може најголемиот конкурент и да речам најомразениот тим да го поддржувам и да се палам на негови успеси?
Во право си за целиот муабет но едно нешто сите да знаете....секој има право за кој сака да си навива и кој сака да подржува бидејќи сепак се работи за фудбал односно најбитната споредна работа во светот и тоа некогаш се сметаше за забава и љубов..сега е повеќе бизнис но јбг такво дојде времето..

На крај краева ние не сме Италјанци,Германци или пак Англичани за да ги браниме нинивте лиги и држави..мислам апсурдно е..ние сме Македонци(некои и Албанци,Срби..) и ние треба да си го браниме она што е наше но опшеството односно државата толку ни е мизерна што не спушти сите на вакво ниво..зошто на пример не се караме и не се буниме за локалните клубови и нашата македонска лига туку за сосема некои трети?..кој фактор сме ние од македонски форум да тврдиме која лига е појака и подобра и кои титули се заслужени или не?..патетично(за сите нас ова важи)
 
Бодрењето, навивањето, сакањето на еден тим е лично задоволство, страст спрема спортот и тоа никој не може да ти го одземе, без разлика на тоа дали е македонски или странски тим. Еве бе Џони пример и од наши граници, играв за МЗТ цел живот, и што сеа да се палам на Работнички? Никогаш бе, никогаш нема да ги сакам педерите и крај на приказната. Исти е муабетот и со фудбалот. Секој си има право да навива за кого сака и да даде свое мислење али има работи за кои има таканаречени непишани правила и нема бегање од тоа.
За македонските екипи и општо мак спортот си во право, но еве кога нашата ни “Веле сила“ Македонија не може да стигне ни до 4тото место во квалификациите а камоли па да се пласира нормално е секој да си заземе свој фаворит од останатите репрезентации. Е сеа лично јас не сум таков да терам криви дрини и да се расправам ако некој каже нешто лошо против репрезентацијата за која сум навивал затоа што не ми е до толку битно, али не им замерувам и на тие што страсно навиваат, можеби си имаат некаква причина што ги врзува за таа земја па затоа и навиваат така.
 
Tоni

ILLYRIAN
Член од
26 февруари 2009
Мислења
13.639
Поени од реакции
10.237
Не дека се сакаат фановите на Баерн со фановите на другите германски екипи, тие ги подржуваат кога играат против други тимови бидејќи Баерн е за класа подобар од другите германски тимови и секогаш кога играат против тие германски тимови Баерн се фаворити.

Нека им гори малце под нозете, нека имаат барем еден клуб во нивната лига кој константно ќе биде на врвот, ќе има пари исто како и Баерн па ќе го видите нивното сакање.
 
M

Mario Gómez

Гостин

Нема никогаш да има друг Германски тим на наше ниво.

На сите ќе им прајме, if you can't beat them, BUY THEM!:icon_lol:
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.483
Поени од реакции
109.567
Нема никогаш да има друг Германски тим на наше ниво.

На сите ќе им прајме, if you can't beat them, BUY THEM!:icon_lol:
Ах леле ако изгубите од Дортмунд како ќе ти се смеам... :D На моменти и многу арогантни станувате, без ни малце почит за противникот, без навреда али така е. :)
 
M

Mario Gómez

Гостин
Ах леле ако изгубите од Дортмунд како ќе ти се смеам... :D На моменти и многу арогантни станувате, без ни малце почит за противникот, без навреда али така е. :)
Така е нема шо. Арогантни сме. Ароганцијата врв достигна со Арсенал дуелот. :pos::pos:

А ако изгубиме нема да можеш да ми се смееш, оти ќе ме снема 3-4 месеци.
 
B

Borg_Drone

Гостин
Баерн последните две-три финалиња за класа е подобар од другите тимови.Да не беше така, немаше ни да стигне до финалето неколку пати по ред.Во моментов таква е реалноста.А што се однесува до поддржувањето само едно нешто: секој на различен начин го интерпретира фудбалот, ако вие го интерпретирате преку омразата и пцуењето, некој пак на пример ужива во неговите добри партии и пријателствата како и давањето поддршка дури и на конкурентот кога стигнал до некаде.Челници на фудбалски клубови-конкуренти си помагаат меѓусебно во најтешки времиња, зошто сепак, фудбалот е исто така спорт кој треба да ги обединува луѓето.Сега јбга, тоа што некој на сосем поинаков начин го гледаат фудбалот е сосем друга работа.Само еден пример: кога освоивме трето место во кошарка на Европско, не дојдоа Литванците да не тепаат, туку ни пристапија и ни честитаа, се разбира дека беа против нашиот тим, и свиреа против нас, и урлаа кај нив на трибините, ама омраза не изразија воопшто, пак дојдоа на крајот, ни честитаа, дури и прославуваа со нас заедно.Има разлика од „омраза“ и „навивање против еден тим“.
И да, Баерн е виновен за распадот на Бундеслигата, сега ќе го купиме и Левандовски, и сме главни виновници што Бундеслигата слабее.Само како тој Кагава не премина кај нас....
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom