1.Мешаш баби и жаби. Арсенал ја копира Барса, докажи го спротивното ако можеш. За Фергусон никаде не реков дека ја копира, но еве, се случи тој судар на двете филозофии лани. Се сеќаваш што се случи?
Гледам дека секогаш погрешно толкувате што дискутирам, или свесно бегате и фаќате кривини. Тотален фудбал се применува во Барса од Кројф како тренер, а формацијата не се менува веќе многу години. Тоа е тоа. Фудбалска филозофија и константност, спроти минливоста на останатите. И очекувам сега да се избаци некој што ќе почне да набројува дека сите младинци на Барса до 5 години играле во друг тим и сл.
И уште нешто, против најгрдото катанаџо што го имам видено во животов (гледам фудбал од 8 години, што доаѓа некаде околу 12 години, исто толку навивам за овој клуб), Барса успеа да победи. До вчера не величевте, сега ни играта не ни чинела па ни ланските 6 титули. Времето ќе покаже.
Арсен Венгер форсираше 4-4-2 систем во ерата на Анри и Беркамп, како тоа ја копирал Барса тука ? Гледаш дека не мешаме баби и жаби ? Еве, прашај некој фан на Арсенал за тој период, бочно беа Пирес и Љунберг, напред тераа Анри и Беркамп/Вилтор.
Лани да, имаше судар на две екипи кои играат фантастичен фудбал, ама и сезона претходно се деси истото со тоа што Рајкард беше тренер на Барса, па Барса не успеаа да дадат гол. Коин флип ситуација ти се таквите мечеви, односно, ко и секое големо дерби во Европа.
За останатото се согласувам со тебе, т.е., истото, буквално истото и ја го имам пишано за Барса, од младинска школа, до димензија на терен, тоа ти е све една филозофија која во ерата на Пеп доживеа кулминација, НО, но, од друга страна, Ферги има други филозофии кои резултирале сo фантазии од фудбал, па на времето со Бекам, Јорк, Кол, тоа милина беше да се гледа со тоа што до ден денес слична слика гледаме од нив, ама ретко кој од вас ги пампти тие денови, или Арсенал кога везеа со Анри - Виеира - Пирес - Фреди Љ. - Беркамп.
Чисто информативно само.... Интер каков фудбал игра?
Катанаџото кој го измисли?
Барселона е репер како треба да изгледа екипа денес, Интер вчера беше репер како не треба да изгледа екипа денес!
Сега ''експерти'' навалете.:helou:
Па ај ти ко '' експерт '' навали и објасни ни, како требаше вчера да игра Интер кога веќе имаа 3-1 од првиот меч ( кој никако да го спомнеш ), и тоа во меч против Барса на нивни терен каде Арсенал попија 4 комада, меч во кој Интер имаа играч помалце.
Објасни ни зашто Интер имале потреба да се надигруваат кога во првиот меч ги надиграа, кога од една страна имаа капитална предност, од друга, ги имаа прочитано Барса ко селски буквар со тоа што целосно ги неутрализираа за создавање на шанси, а со тоа, и да постигнат дури 2 гола.