ЧЕНТО
Претседник
- Член од
- 27 јануари 2007
- Мислења
- 8.239
- Поени од реакции
- 4.839
Добро бе, побогу....
Патетично е, драги мои Бајерновци, да чекате некој да ви кажи дека историјата на Челзи е „не толку успешна“ во споредба со Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, Ливерпул, Милан..... Па не е. Не само што не е, туку јас би рекол и дека е неуспешна. Не знам за пред 50 години ко што праша некој, но знам дека пред 30 години Челзи бил пред банкрот. Го спасил Кен Бејтс (кој сега го спасува и Лидс), човекот кој и го продава Челзи на Абрамович. Како клуб со сериозни намери, Челзи е 15 години наназад. Со доаѓањето на Абрамович, Челзи од клуб кој има за цел константно учество во ЛШ и освојување на домашните купој станува клуб со со највисоки амбиции - освојување на Англиската и Европската круна.
Ќе му се здосадело на Абрамович.... Па сега, Абрамович првите две сезони потроши преку 300 милиони евра за играчи, наспроти 50те на Баерн. Но, оттогаш имаме 5 сезони, во кои преодни рокови разликата на купени-продаени играчи на Челзи е 130 милиони евра, а на Баерн 115 милиони евра, што би значело или дека Баерн исто почнува да гледа само пари, или на Абрамович му се здосадило. Јас сепак би рекол дека, на Абрамович веќе 5 години му е здосадено, дали некој гледа или не е негова работа, или проблем. Питер Кенион не е случајно сменет (со Гурлај), Анчелоти не е случајно донесен, и Арнесен не е случајно останат (за жал). Со овие доаѓаме до „самоиздржливоста„ , спомна некој.... Челзи нема да е самоиздржлив за 2-3 години. Но тоа е целта која требаше до годинава да биди, ама изгледа Манимејкер Кенион нешто промашиле со Жозе (па зато си замина). Новиов Гурлај најавува дека тоа е целта (што и изгледа дека е точно, со докапитализирањето на клубот од Абрамович и бришењето на долгојте - место милионски суми за играчи во јануаров поминат), ама не дава рок, само вели оти во наредниве пет години е невозможна целосна самоиздржливост, а за потоа може да се зборува, ќе видиме.
Ми зборувате за години, за историја....
Челзи гради, и Кенион не ми е меѓу најомилените, ама неговите „две деца кои си играат, и не го сакаат третото кое аспирира да е подобро од нив“ за Арсенал, Јунајтед - спрема Челзи е сосема коректна. Искрено се надевам дека тоа чувство е и низ европските клубови, а мислам дека е.
Разликата со еден Милан на пример е тоа што Берлускони со Милан тоа го прави многу одамна и во многу поинакво време. Тоа е проблем на многумина, и се надевам дека со секој нареден ден ќе станува уште поголем.
Друго интересно ми беше разликата меѓу полуфинале и осминафинале, освен парите. Па практично не е никаква, тоа точно. Но кога веќе зборуваме за статистики, не е исто да се меѓу четирите во Европа, и меѓу 16те. Јас тоа гледање не го сакам, но за сите „историчари“ и „статистичари“ овде е битно, пошто нели, многу го сакаат тоа.
Околу минатото, во него моментално единствено живеј и ужива Ливерпул, пошто стварно нема во што друго. Околу Баерн, тоа е единствениот германски гигант за мене, и екипа која е една од 7-8те кои имаат способност за освојуање на ЛШ. Можеби не е топ-фаворит, но прво е германска екипа, после има сосема солиден играчки кадар, и после одличен тренер.![]()
Слушај земи со постов,и комотно моеж да почнеш да им предаваш на твоите у фан-клуб.Прв асален пост на Челзи фан!!!Поздрав:helou: