Од Super 8 очекувам да бидне нешто, гледајќи кој стои позади продукцијата.
На X-Men не сум некое фаниште, гледани ми се од поодамна првите три. Потоа тој што излезе со Хју Џекмен не го гледав, па не знам и овој дали ќе го гледам. Можеби понатаму.
Пиратите го гледав ден по премиерата на кино, и морам да кажам дека ги надмина моите очекувања. Очекував да се повтори Индијана Џонс 4, но испадна сосема спротивното. Не знам, можеби дека стварно ја обожавав трилогијата, едноставно предобар испадна четвртиов за мој вкус.
Тор, само реклама добра имаше, ништо друго (според мене).
Хенговер двојката не ми е сеуште гледан, али од комедија никогаш не очекувам многу, па дури и од овој. Како и да е, и да е ко кецот, нема да им се налутам.

Кунг фу пандата, првиот не можев да го догледам од што ми беше досаден, вториов нема да го гледам со сигурност.
Наредните четири, исто така не планирам да ги гледам.
А за Хари Потер го делам мислењето со srcee, со таа разлика што филмовите ги гледам од радозналост, и се нешто повеќе од ок. Сепак не можат во никаков случај да го достигнат нивото на книгите.
Тоа е тоа, моето видување за наведениве филмови.