Сега да се навратам на оригиналниот пост:
Прво, добро е што не го режира Спилберг, знам дека ова глупо звучи ама умот ми е на
War of the Worlds (2005), филм кој длабоко ме разочара мене и не само мене туку и пошироката јавност. Веднаш потоа Спилберг го сними Munich кој
Munich (2005) кој е супер филм но не е блокбастер, за да се врати со четвртото бедно продолжение на Индиана. Во меѓувреме направи пауза од режирање која се надевам добро ќе му дојде.
J.J. Abrams е друга приказна, нема премногу искуство како режисер но после LOST доби некои проекти кои можеа и подобро, но според мене не беа лоши.
Од друга страна, секој НЛО фрик кој се почитува себеси како таков не може да остане рамнодушен кога ќе го слушне терминот "Area 51". Иако не сум сигурен што точно сакаат да направат од филмов, ќе се потрудам да останам што е можно повеќе неинформиран и да ги намалам очекувањата.
Од листата на најавени блокбастери нема голема надеж дека летово ќе се изнагледаме добри филмови, јас мојот фокус го имам кон приквелот на X-Men и овој филм, како и неколку други филмови кои не спаѓаат во групата на блокбастери.