Лек за брзо закрепнување од настинка!

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.736
Поени од реакции
906
Дечки, дајте нешто солуција за брзо закрепнување од настинка. 5 дена ме држи од кои последните 3 ми се ужас од висока температура (постојана варијација од 37,5-39,4). Ко бугарска неонка сум - се палам се гасам.

Пробав витамини, овошја, парацетамоли, сокови...

Антибиотици не земам, бидејќи е вирусна инфекција (here is a tip: кога имате вирус, џабе докторката ви препишува антибиотик...good guess...не делува на вируси).

Ајде некој лек од баба, бараба и сл?
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Спиј почесто, ставај облоги од оцет на вратот, рацете, стапалата, градите и веднаш ќе спадне. Сега незгодно мириса ама се трпи. =)
 

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.736
Поени од реакции
906
Неам сеа киселина при рака, ама ....запишано во тефтерот :))

Фала
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.431
Поени од реакции
16.747
Натопи оцет вински на чорапе и облечи ги, кога ќе ти се исушат повтори ја постапката.
Исто земи завиткај се у ќебиња и препоти се и андолче не би било лошо да се напиеш ;)

Ваке сум праел ја коај сум имал температура, ваљда ќе ти биде од помош ова шо го напишав. :smir:
 

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.736
Поени од реакции
906
Ако се напијам андол...пупунец ќе бидам (алергичен) ама ок Парацетамол брка функција...

Бре, не сум знаел дека оцетот е универзален лек низ цела МКД за температура :)
 
С

сашенко

Гостин
Неам сеа киселина при рака, ама ....запишано во тефтерот :))

Фала
Си ја видел онаа рекламата на телевизија за еден прашок за против настинка?Не беше fervex незнам како беше а можно е и за тоа да било незнам.Тргај оцетот од список и земи си едно такво и лимон земи се искочи на воздух да живнеш малку, ти треба чист воздух и нешто што ке те освежи земи...јогурт некој, портокал можеш да земеш или било какво овошје и витамини на приоден начин...оцетот чувај го за салати мој совет
 
М

Мартин`

Гостин
Ај и јас да ја искористам темава ..

А за проблеми со носот ? бев настинат и имам температура едно 5-6 дена. И се ми помина, ама носот нејке никако да помине. Цело време барем ми се затнува, дај кажете некој лек да средам веќе ме нервира :)
 

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.736
Поени од реакции
906
Си ја видел онаа рекламата на телевизија за еден прашок за против настинка?Не беше fervex незнам како беше а можно е и за тоа да било незнам.Тргај оцетот од список и земи си едно такво и лимон земи се искочи на воздух да живнеш малку, ти треба чист воздух и нешто што ке те освежи земи...јогурт некој, портокал можеш да земеш или било какво овошје и витамини на приоден начин...оцетот чувај го за салати мој совет
Фала, ќе пробам и со него.

Добив и совет за варено вино со лимон.

--- надополнето ---

Ај и јас да ја искористам темава ..

А за проблеми со носот ? бев настинат и имам температура едно 5-6 дена. И се ми помина, ама носот нејке никако да помине. Цело време барем ми се затнува, дај кажете некој лек да средам веќе ме нервира :)

Welcome to the club...јас еве со еден тон салветки сум дур пишувам...
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.719
Поени од реакции
13.438
Вирусна чинам се лечи највеќе со време. Е сеа нешто што би можело да сузбиеш висока температура е мачкање со ракија како и Џену шо кажа може и оцет.
Истотака за затнат нос, па и за боолки во препони, коски, зглобови, стави и викс (го имаш во скоро секоја аптека).
Истотака наместо парацетамол пробај со Фервекс (прашок што се раствора во топла (невирена) вода).
 
Член од
30 јули 2009
Мислења
1.770
Поени од реакции
1.058
Истиот проблем го имав и јас пред 10 дена... ама ме држеше 2-3 дена и после бев како нов.

Последниот ден вака направив:

Стари чорапи, натопив со оцет, и ги облеков. Земав алкохол (70% мислам беше) се намачкав кај шо ми фата рака.
Лежев пола саат под кебе, па станав се напив фервекс и пак уште 1 саат под повеќе кебиња да се испотам добро, и од кога се направив жива вода, се истуширав со млака вода...
Потоа легнав да спијам, сабајлето само носот ми течеше... темературата ми беше симната, не ме болеше глава...
 

Блаугранец!

mes que un club!
Член од
28 август 2009
Мислења
785
Поени од реакции
176
Стрепсилс му е мајката, или други лижечки таблети. И јас сум настинат сега, земи лижи стрепсилс, одма ќе осетиш подобрување.
 
С

сашенко

Гостин
Вирусна чинам се лечи највеќе со време. Е сеа нешто што би можело да сузбиеш висока температура е мачкање со ракија како и Џену шо кажа може и оцет.
Истотака за затнат нос, па и за боолки во препони, коски, зглобови, стави и викс (го имаш во скоро секоја аптека).
Истотака наместо парацетамол пробај со Фервекс (прашок што се раствора во топла (невирена) вода).
Јас незнам како мачкање со ракија ке намали темература кога ракијата го грее телото?Некоја логика?
 
V

Vollstandig

Гостин
Земи Расолница изнапијај се, купи 5 кила лимони исцеди ги и испиј го сокот ако си по киселото ќе можеш така да го испиеш без засладувач, јади шо појќе зелка витамин Ц внесувај и спиј ќе ти помиини за брзо.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom