Били Ајдол наместо на лизгалиште на Кале
Легендарниот рокер Били Ајдол, кој на 20 јуни ќе одржи концерт во Скопје, место на лизгалиште, како што беше првично најавено, се сели на скопското Кале - локацијата каде што се одржува Пивофест. Главна причина за преместувањето на концертот е техничкиот рајдер, што организаторите Авалон продукција го добиле вчера од менаџментот на Били, односно нивното барање за бина со огромни димензии и голема опрема, која пристигнува со два камиона и два турбаса, што едноставно физички не ја собира на скопското лизгалиште.
Били е човек со неверојатен глас, огромна харизма и безброј хитови како: White weeding, Flesh for fantasy, Sweet sixteen, Speed, LA Woman, Dancing with myself... Со него доаѓа и легендарниот гитарист Стив Стевенс, а Били на оваа турнеја ќе се претстави со бест оф програма. Дека неговите концерти во живо се феноменални зборува и фактот што неговиот настап на Егзит 2006 година е прогласен за најдобар на фестивалот на сите времиња. Еден ден по скопскиот концерт Били ќе настапи во белградската Арена, а ден потоа ќе биде headliner на In music festival во Загреб.
http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=A0EC709581FEC040898A9D149BBA7A8A