Легалноста на чување домашни животни како домашни миленици, како законот разликува миленик и стока?

А

Антоние

Гостин
Јас мислев дека ќе прикачиш слика во врска со темава која ќе одговори на прашањето кои животни се за чување дома, а кои не...., но ти си една најобична невоспитана генетска грешка со која човек неможе дискусија да тера.


Поздрав.
Не мора да бидеш толку злобен.
Дали си воопшто свесен колку време, љубов и труд потрошив за да ја направам и да ти ја подарам?
Да знаеш дека ме разочара сега.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
Значи ли тоа дека можам слободно да чувам гепард, лав, тигар... дома?
ако може змија домашен миленик, зошто не. Не знам кој определува што е дозволено или опасно и според кој правилник ама критериумите му се под знак прашалник.
Еве што све чуваат по дома...што е една коза или кокошка поопасна од питон или гуштер. Или од куче.

http://star.vest.com.mk/default.asp?id=101669&idg=6&idb=1533&rubrika=Revija
До руската амбасада, во центарот на Скопје живее најголемата змија кај нас. Се вика Тигрина и му припаѓа на видот бурмански тигрест питон. Тигрина е долга цели три метра и има три години.

http://star.utrinski.com.mk/?pBroj=808&stID=7072
Тој има три игуани, преубав индиски папагал од видот "голем Александар", бебе-крокодил кајман Кристофер, чифт афрички папагали, индиски кожногрби желки, чифт тарантули, диви ипити, а има и неколку аквариуми со егзотични рипчиња.
Во Скопје има неколку луѓе кои чуваат и мајмунчиња. Најпознато можеби е мајмунчето на Драган од пабот "Капри", кое често е присутно во локалот. Сепак, Јулија за мајмуните вели: "Мајмунчињата се многу атрактивни, но нивното чување е многу компликувано.
Во последно време сепак, најактуелни се влечугите (рептилите). Во нив спаѓаат различни гуштери, змии, желки и така натаму. Можеби навистина тие изгледаат страшно и предизвикуваат морници кога ќе се видат првпат, но фактичкото соочување и комуникација со нив не се толку морничави. Тие се како гумени играчки со живи бои и мирољубив карактер. Игуаните дури го препознаваат и својот сопственик.
Сепак, да се има такво животно значи да се има и специфичен карактер, а модерните времиња и приливот на навики од странство предизвикаа тоа да стане реалност и кај нас. Многумина кои имаат нагласена желба за доминација чуваат скорпии и тарантули, наместо агресивни кучиња, што беше актуелно порано.
 
Последно уредено:
G

Gjoksi

Гостин
„Домашни миленици се кучиња, мачки и ласици кои не се наменети за трговија или за пренос на други лица и се придружени од сопственикот или одговорно лице и нивниот број не надминува 5 единки.

За домашни миленици се сметаат и животни од видовите без р’бетници (освен пчели и артроподи), украсни тропски риби, водоземци, влекачи, сите видови птици (освен кокошки, мисирки, бисерки, патки, гуски, препелици, гулаби, фазани, еребици и ноеви) и цицачи од видовите: глодари и домашни зајци кои не се наменети за трговија или за пренос на други лица и се придружени од сопственикот или одговорно лице и нивниот број не надминува 5 единки.

Домашни миленици од видови птици се сите видови птици (освен кокошки, мисирки, бисерки, патки, гуски, препелици, гулаби, фазани, еребици и ноеви) кои не се наменети за трговија или пренос на други лица и се најмногу до пет единки и се придружени од сопственикот или одговорно лице.“
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
Ласици, интересен правилник. Поинтересен е изборот на т.н. миленици во правилникот. На прв поглед птици и животни кои може да носат макар и мал приход од производи добиени од нив, не се сметаат за миленици. За некомерцијална употреба, но и една коза е за некомерцијално чување.
 
Последно уредено:

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.346
Поени од реакции
29.813
@Gjoksi @Lurtz
Извадоците и линкот се од: Правилник за начинот и постапките за увоз и транзит на домашни миленици кои не се наменети за трговија...

Интересно е и тоа, во случај на потреба од увоз. Но темава е првенствено за тоа што може легално да се чува како домашен миленик, во градска урбана средина.

- Може ли некој да посочи закон кој го регулира ова?
- Како се одредува што е домашен миленик, а што не може да биде домашен миленик?
- Дали тоа воопшто е регулирано со законски акт?
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
@Vanlok
Овакви прашања се во надлежност на локалната самоуправа и се уредуваат со одлука за комунален ред
Одлуката за комунален ред на градот Скопје, требеше да се донесе пред неколку дена но се одложи ( за ова не извести @Lurtz )
Еве најдов таква одлука за Струмица за тоа се однесуваат членовите од 209 до 216
http://www.strumica.gov.mk/downloads/ler/2008SluzbenGlasnik16.pdf
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.271
јас би чувал гепард
Ласици, интересен правилник. Поинтересен е изборот на т.н. миленици во правилникот. На прв поглед птици и животни кои може да носат макар и мал приход од производи добиени од нив, не се сметаат за миленици. За некомерцијална употреба, но и една коза е за некомерцијално чување.
Тогаш и куче чии кутриња можеш да ги продадеш не се миленици, ни мачка ппошто и мачиња кои ќе ги роди се продаваат
 
Последно уредено:
Ф

Флеш

Гостин
Абе плаче ова за создавање на Македонска Полиција на Животни,ист модел како на Запад ... Ветеринари,шинтери,полиција,под еден пакет заедно ... само вака проблемите со чување,скитници,ред и мир и безбедност ќе се реши со координација ... мелам мелам, Јанкуловска чекам бркчето ...[DOUBLEPOST=1393492871][/DOUBLEPOST]
jas bi ;uval gepard

Тогаш и куче чии кутриња можеш да ги продадеш не се миленици, ни мачка ппошто и мачиња кои ќе ги роди се продаваат
Тебе Субрата ќе ми ти го подариме со рецепт ... Сахара Пранам :D
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.346
Поени од реакции
29.813
@Vanlok
Овакви прашања се во надлежност на локалната самоуправа и се уредуваат со одлука за комунален ред
Одлуката за комунален ред на градот Скопје, требеше да се донесе пред неколку дена но се одложи ( за ова не извести @Lurtz )
Еве најдов таква одлука за Струмица за тоа се однесуваат членовите од 209 до 216
http://www.strumica.gov.mk/downloads/ler/2008SluzbenGlasnik16.pdf
Никаде во службениот весник за Струмица не видов како се прави дисјункција меѓу добиток и домешен миленик. Пренесете информација кога ќе се изготви правилникот за комунален ред на градот Скопје, ќе биде интересно да се разгледа и тоа.

Практично излегува дека нема точна законска определба кое животно може, или не може, да биде домашен миленик. Дури нема ни некаков акт за забрана или регулирање на чувањето на опасни животни, како што има во некои земји.
Според тоа @Let 3 легално смее да чува гепард дома, и единствено законски консеквенци може да ги сноси само ако неговиот миленик повреди некој (значи пост фестум).


Ако јас си набавам, покрај кучето, и една пигмејска коза... и и врзам машна на вратот, и направам куќичка... излегува дека нема никаква регулатива која кажува дека таа коза не е миленик туку добиток, па со тоа да се забрани нејзино чување во градска средина.
Поправете ме ако грешам.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.271
Според тоа @Let 3 легално смее да чува гепард дома, и единствено законски консеквенци може да ги сноси само ако неговиот миленик повреди некој (значи пост фестум).
Освен аако неа некој закон кој регулира увоз на такви животни (да не може приватно лице туку само зоолошки градини и слично)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom