Многу овчари и козари емотивно се поврзани со своите животни, делејќи ги своите најинтимни доживувања со нив (често во ладните осамени ноќи). Ја сето тоа потполно го поддржувам, само сакам да има закон кој ќе ги спречи дворот до мене да го направат штала.
Секогаш ме чуди како во секоја тема се наоѓаат барем по неколку вакви како тебе, што дури ни насловот не го дочитуваат добро... а не па уводниот пост. Но сепак никако не пропуштате да ја споделите својата мудрост со нас. Фала, ама нека, навистина не требало!
Некој чува игуани, некој чува змии, некој чува пајаци... некој чува ебани крокодили бе. И тоа за Скопје зборам, не за белиот свет. Што има проблем за една коза од минијатурна раса, која секако ќе биде похигиенски чувана од повеќето кучиња што живуркаат заборавени по дворовите.
Иди за нив жали се на комунални инспектори зошто никој не ги шета тие кучиња или во спротивно зошто барем понекогаш не им го собира изметот да не смрди цел комшилук на лајна. Или жали се зошто никој не реагира кога истите малтретирани кучиња не престануваат да лаат по цел ден и цела ноќ.
Како и да е, темава е отворена за од писмени луѓе да се протолкува ставот на законот, во врска со статусот на миленик на одредени видови животни. Не е темава, за разни Шабани (ок и Шабази) да си играат мајтап.
За мајтап, ЧДА е во тој правец ------------------------------->
Чек дис аут!
За
зоофилија не знам, ама можеби да пробаш во
Љубов и секс, но се некако мислам дека ќе те препратат во
Здравје, така да можеби сепак најдобро ќе биде веднаш да се упатиш таму.
Воопшто не мора да ни пренесеш како ќе се заврши работата.
Поздрав.