Значи ли тоа дека можам слободно да чувам гепард, лав, тигар... дома?
ако може змија домашен миленик, зошто не. Не знам кој определува што е дозволено или опасно и според кој правилник ама критериумите му се под знак прашалник.
Еве што све чуваат по дома...што е една коза или кокошка поопасна од питон или гуштер. Или од куче.
http://star.vest.com.mk/default.asp?id=101669&idg=6&idb=1533&rubrika=Revija
До руската амбасада, во центарот на Скопје живее најголемата змија кај нас. Се вика Тигрина и му припаѓа на видот бурмански тигрест питон. Тигрина е
долга цели три метра и има три години.
http://star.utrinski.com.mk/?pBroj=808&stID=7072
Тој има три игуани, преубав индиски папагал од видот "голем Александар",
бебе-крокодил кајман Кристофер,
чифт афрички папагали, индиски кожногрби желки, чифт тарантули, диви ипити, а има и неколку аквариуми со егзотични рипчиња.
Во Скопје има неколку луѓе кои чуваат и мајмунчиња. Најпознато можеби е мајмунчето на Драган од пабот "Капри", кое често е присутно во локалот. Сепак, Јулија за мајмуните вели: "Мајмунчињата се многу атрактивни, но нивното чување е многу компликувано.
Во последно време сепак, најактуелни се влечугите (рептилите). Во нив спаѓаат различни гуштери, змии, желки и така натаму. Можеби навистина тие изгледаат страшно и предизвикуваат морници кога ќе се видат првпат, но фактичкото соочување и комуникација со нив не се толку морничави. Тие се како гумени играчки со живи бои и мирољубив карактер. Игуаните дури го препознаваат и својот сопственик.
Сепак, да се има такво животно значи да се има и специфичен карактер, а модерните времиња и приливот на навики од странство предизвикаа тоа да стане реалност и кај нас.
Многумина кои имаат нагласена желба за доминација чуваат скорпии и тарантули, наместо агресивни кучиња, што беше актуелно порано.