„Домашни миленици се кучиња, мачки и ласици кои не се наменети за трговија или за пренос на други лица и се придружени од сопственикот или одговорно лице и нивниот број не надминува 5 единки.
За домашни миленици се сметаат и животни од видовите без р’бетници (освен пчели и артроподи), украсни тропски риби, водоземци, влекачи, сите видови птици (освен кокошки, мисирки, бисерки, патки, гуски, препелици, гулаби, фазани, еребици и ноеви) и цицачи од видовите: глодари и домашни зајци кои не се наменети за трговија или за пренос на други лица и се придружени од сопственикот или одговорно лице и нивниот број не надминува 5 единки.
Домашни миленици од видови птици се сите видови птици (освен кокошки, мисирки, бисерки, патки, гуски, препелици, гулаби, фазани, еребици и ноеви) кои не се наменети за трговија или пренос на други лица и се најмногу до пет единки и се придружени од сопственикот или одговорно лице.“