Легалноста на чување домашни животни како домашни миленици, како законот разликува миленик и стока?

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.347
Поени од реакции
29.813
Нема да должам и накратко ќе ја објаснам работава.
Знам дека е забрането е чување домашни животни во урбана средина. Мислам дека тоа беше регулирано со некоја одредба во законот за јавен ред и мир, но не сум сигурен 100%.
Од друга страна легално е чување на домашни миленици. Мачки, папагали, разни птици, влекачи, змии, гуштери, глодари и што се не.

Мене конкретно ме интересира чување на пигмејска, џуџеста коза како домашен миленик. На темава доле има повеќе информации за тие кози, ама накратко се работи за раса мали џуџести кози кои низ светот се прилично популарни како домашни миленици.
http://forum.kajgana.com/threads/Пигмејска-коза-како-домашен-миленик.72604/#post-6456666

Не гледам зошто би било законски легално да може дома да се чуваат џуџести виетнамски свињи, а да не e легално да може дома да се чуваат пигмејски кози.

Би бил благодарен за правно мислење на оваа тема од вас студентите и професионалците на подфорумов. Како всушност законот разликува домашен миленик и домашно животно (стока)?


 
Последно уредено:
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
Барав каде пишува кои домашни животни се дозволени а кои не во град. Барав во законот за комунални дејности и прописите на страната на комунална хигиена и законите за чување и благосостојба, ништо не најдов. Страната на град Скопје или нема ниеден закон/пропис или е несредена. Овде единствено ќе помогне лице ако се вклучи директно од градската администрација или активист за заштита на животните. И мене ова ме интересираше кој одредува и врз кој основ. Што на пример ако сакам да иам кокошка за миленик.
 
Последно уредено:
N

NikolaMKD91

Гостин
Информирај се во анима дунди, тие се знаат во врска одгледувањети животни дома.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.271
Барав каде пишува кои домашни животни се дозволени а кои не во град. Барав во законот за комунални дејности и прописите на страната на комунална хигиена и законите за чување и благосостојба, ништо не најдов..
Значи ли тоа дека можам слободно да чувам гепард, лав, тигар... дома?
 
А

Антоние

Гостин
ОДГОВОРНОСТ ЗА ШТЕТА ОД ОПАСЕН ПРЕДМЕТ ИЛИ ОПАСНА
ДЕЈНОСТ
I. ОПШТИ ОДРЕДБИ
Претпоставка на причиноста
Член159
Штетата настаната во врска со опасен предмет, односно опасна
дејност се смета дека произлегува од тој предмет, односно дејност, освен
ако се докаже дека тие не биле причина за штетата.
Кој одговара за штета
Член160
За штета од опасен предмет одговара неговиот имател, а за штета од
опасна дејност одговара лицето кое се занимава со неа.


~


„III-a. ОДГОВОРНОСТ ЗА ШТЕТА ОД ЖИВОТНИ
Одговорност на имателот
Член165-ж
1) За штета причинета од животно одговара неговиот имател, било тоа да се
наоѓа кај него, било да се загубило или избегало.
превземено од www.pravo.org.mk
13
2) Имателот одговара и за штетата што вознемирено животно ќе му ја
причини на лицето кое со добра волја настојувало да го укроти и задржи.
3) Како имател, во смисла на овој член се подразбира сопственикот,
закупецот, послугопримачот, плодоуживателот и слично.
Животно доверено на чување или грижа на друг
Член165-з
1) За штетата причинета од животно дадено на користење односно доверено
на чување или грижа на друг или доверено на чување или грижа на установа во
рамките на нејзината редовна дејност, одговараат другиот и установата, како што
би одговарал и имателот.
2) Имателот кој предал животно на друг за овој тоа да го користи, или го дал
на чување или грижа, должен е на другиот односно на чуварот да им укаже на
маните на животното, ако ги има, во спротивно ќе им одговара за штета
солидарно со другиот.
Животно затекнато при причинување на штета
Член165-ѕ
1) Сопственикот, односно корисникот на земјиштето има право животното,
кое ја причинува штетата на неговиот имот, да го фати и да го задржи кај себе до
надоместувањето на штетата.
2) Тој е должен, без одлагање, да го извести имателот на животното за
штетата и задржувањето, а ако не знае кој е имателот, надлежниот орган на
локалната самоуправа.
3) Ако имателот не ја надомести штетата во разумен рок, во поглед на
надоместувањето соодветно се применуваат правилата за правото на задржување
уредени со овој закон.
Штета причинета од дивеч
Член165-и
1) За штетата причинета од дивеч одговара корисникот на отворено или
затворено ловиште.
2) За штетата причинета од дивеч за кој е пропишана трајна забрана на
ловење одговара државата, доколку не докаже дека штетата настанала по вина
на оштетениот.
3) Во поглед на одговорноста предвидена со претходните правила соодветно
ќе се применуваат одредбите за одговорност врз основа на вина односно опасен
предмет или вршење опасна дејност, освен ако со посебен закон не е предвидено
поинаку.“
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.347
Поени од реакции
29.813
@Антоние овие одреби се за ОДГОВОРНОСТ ЗА ШТЕТА ОД ЖИВОТНИ, но ништо не кажуваат за правото да чуваш домашен миленик, пигмејска коза или виетнамска минијатурна свиња, на пример.
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Земи (таа козата) биди прв што ќе чуваш, а после да бараш и субвенции од Владата.
 
А

Антоние

Гостин
@Антоние овие одреби се за ОДГОВОРНОСТ ЗА ШТЕТА ОД ЖИВОТНИ, но ништо не кажуваат за правото да чуваш домашен миленик, пигмејска коза или виетнамска минијатурна свиња, на пример.
Законот не го боли уво дали чуваш пигмејска коза или виетнамска свиња, дотолку повеќе што за законот не ни постои терминот "домашен миленик" туку постои "опасна ствар". Ако поседуваш и чуваш животно кое може да предизвика штета ти чуваш "опасен предмет". И повеќе од ова законот не го интересира.
Ако веќе се интересираш за правни работи мора да научиш да си ја промениш сопствената субјективна парадигма и да научиш да гледаш на работите од прагматична перспектива како што гледа законот.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.347
Поени од реакции
29.813
Ако веќе се интересираш за правни работи мора да научиш да си ја промениш сопствената субјективна парадигма и да научиш да гледаш на работите од прагматична перспектива како што гледа законот.
Немам амбиции да се занимавам професионално со право, но ме интересира како законот разликува миленик од стока.

Од ова Ти што го кажуваш, се додека мојот „миленик„ не прави штета на соседите, легално и правно ми е дозволено да го чувам во дворот?
Со кои проблеми можам да се сретнам со евентуални инспекции и како можеме да дефинираме штета кон соседите, надвор од оштетување на нивен недвижен имот или евентуално нивно лично здравје?
 
А

Антоние

Гостин
Немам амбиции да се занимавам професионално со право, но ме интересира како законот разликува миленик од стока.

Од ова Ти што го кажуваш, се додека мојот „миленик„ не прави штета на соседите, легално и правно ми е дозволено да го чувам во дворот?
Со кои проблеми можам да се сретнам со евентуални инспекции и како можеме да дефинираме штета кон соседите, надвор од оштетување на нивен недвижен имот или евентуално нивно лично здравје?
Dude relax, освен ако не се однесуваш нечовечки со миленичето, никој не може да ти го одземе. Тоа е твој имот.
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Антоние овие одреби се за ОДГОВОРНОСТ ЗА ШТЕТА ОД ЖИВОТНИ, но ништо не кажуваат за правото да чуваш домашен миленик, пигмејска коза или виетнамска минијатурна свиња, на пример.
Па ако сакаш ќе чуваш.... кој може тоа да ти го забрани..... твоја куќа/стан, твоја територија :)
 
Последно уредено:

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Сунѓерче што е работата, не ми кажа што мислиш за мојата слика
Која слика? Прикачи ја на темава да ја видам.

Нешто околу тоа за животниве и нивното чување е или? :)
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Јас мислев дека ќе прикачиш слика во врска со темава која ќе одговори на прашањето кои животни се за чување дома, а кои не...., но ти си една најобична невоспитана генетска грешка со која човек неможе дискусија да тера.


Поздрав.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom