Легализирање на марихуаната?

Да се легализира Марихуаната во РМ ?

  • Вкупно гласачи
    429

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
77.799
Поени од реакции
163.479
Пер барем ти си по спортот и треба да си запознаена колку играчи пример во Америка - особено за НФЛ, НБА па и ММА користат канабис за третман на болка (и не само во овие спортови). Зборам за врвни професионалци, а оние што полу-професионално се бават со спорт, за нив не би ни почнал бидејќи ќе треба до утре да ја тупам. Ова прашање е trending таму, да им се овозможи да користат cannabis edibles наместо painkillers кои знаеме колку се гадни и опасни по нивното здравје, и користењето на канабис да се тргне од забранетите супстанци, и да се третира како медикамент.

Дека има очигледни бенефити е ФАКТ. До човекот зависи колку и како ќе го употребува и дали истото растение ќе го користи за да се подобри самиот во насока на она што го реков "креативен стимуланс" (зборам за нас обичниве луѓе, кои не сме спортисти) или ќе биде леш и мрза.

Познавам луѓе кои доста пушат и се стереотипни стонери на кои мозокот им е "тесто", познавам луѓе еве (ќе речам ДУРИ) и од I.T секторот кои пушат доста трева. Ова скроз си зависи од човекот.

Многу маестрални нешта дали станува збор за музика, филм или било што креативно се создадени благодарение на оној "креативен стимул" што го дава висококвалитетниот канабис.
Еве, уште еден од низата "мозок-тесто" ликови кои пушат ганџа : https://thefreshtoast.com/celebrity/jordan-peeles-secret-weapon-get-out-was-marijuana/[DOUBLEPOST=1524562433][/DOUBLEPOST]

Според мене, мислам дека и тревата го убива егото, многу поспоро и со послаб интензитет како и многу посуптилно од останатите психоделици.
Или ајде може не го убива, ама го става на "sleep mode".
Џејми ама јас го знам сето ова, не мора да ми го објаснуваш. Ги знам предностите ама набројте ги и лошите работи, зошто вака испаѓа марихуаната е општонароден лек за се. Таа билка си има и лоши нус појави, дел од нив кои ги објасни змејот и се точни. Ако некој е склон на шизофренија или па фамилијарно ја имаат (да, генетски пренослива е), може да му ја активира многу побрзо во животот и уште еден куп други нус појави како и позитивни работи.

А за користењево ова што го збориш си важи за нормални општества каде преовладуваат норми на однесување и каде што луѓето знаат колку им може организмот и нема да пречекорат. Ние сме и водата да ни ја забраниш, не па нешто друго да ни дозволиш.

П. С. Тоа за егото што го збориш во психијатријата спаѓа во блага форма ба нарцисоидност а нарцисоидноста е најтешка психичка болка за лечење затоа што ти до таков човек не можеш ни да стигнеш, така што тешко марихуаната таму да влијае.
 
B

Bafra

Гостин
Темава е Легализација а не како влијае на здравјето. Не знам ни зашто е во темата алтернативна медицина кога пола свет ја признава како официјален лек :P
Значи нус појави има и аспирин секој ден да пиеш па никому ништо, кој сака да биде со исушен мозок негов избор нели....

Што ќе се постигне доколку се легализира а со тоа што е направена да е нелегална, која цел е постигната :toe: .
Достапна е, се повеќе конзументи, задолжените во ДБК и МВР за спречување си се богатат, бидејќи без нивни амин нема шанса пиле да прелета.

Легализирај, собирај пари, дел од парите во образовни цели, дел за администрација :D .
САД демократите ветија ќе ја легализираат на федерално ниво (од други причини нормално :sneaky: ) во дел Европски земји е легална.
Ние затвараме луѓе кои ја користат за да смират нервите од што не функционира државниот систем наместо да ги затвараме тие што го злоупотребуваат државниот систем.:tapp:
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
3.647
Поени од реакции
4.846
Џејми ама јас го знам сето ова, не мора да ми го објаснуваш. Ги знам предностите ама набројте ги и лошите работи, зошто вака испаѓа марихуаната е општонароден лек за се. Таа билка си има и лоши нус појави, дел од нив кои ги објасни змејот и се точни. Ако некој е склон на шизофренија или па фамилијарно ја имаат (да, генетски пренослива е), може да му ја активира многу побрзо во животот и уште еден куп други нус појави како и позитивни работи.

А за користењево ова што го збориш си важи за нормални општества каде преовладуваат норми на однесување и каде што луѓето знаат колку им може организмот и нема да пречекорат. Ние сме и водата да ни ја забраниш, не па нешто друго да ни дозволиш.

П. С. Тоа за егото што го збориш во психијатријата спаѓа во блага форма ба нарцисоидност а нарцисоидноста е најтешка психичка болка за лечење затоа што ти до таков човек не можеш ни да стигнеш, така што тешко марихуаната таму да влијае.
Ајде ќе го баталиме муабетот за егото бидејќи е крајно шпекулативен а и од друга страна - субјективен муабет.

Да, има штетни ефекти канабисот, но секако ако се злоупотребува. Воопшто не ги негирам истите.
И признавам дека легализацијата не е за во МКД, туку декриминализација. Баш ради таа причина, што ние неаме мера, ние знаеме да се остаиме на нешто и екстремно да претераме. И плус што све тоа ќе се заобиколува и ќе можат и дечишта слободно да пецкаат без проблем (не дека сеа неможат, да не се лажеме).

Но, во нашево хронично болно "опшесво" има толку многу инхерентни проблеми кои треба да се решаваат и ствараат поголема "психоза" кај обичниот човек, а истите тие проблеми "не се фермаат", дури дотолку што дополнително се стимулираат истите. Типичен пример - бензодиапинската епидемија која се случува во Република Македонија, години и години наназад. И за тоа ништо не се презема, ама буквално ништо, дури и се поттикнуваат докторите да припишуваат повеќе вакви медикаменти во онаа форма која е најисплатлива за медицинската институција (ампули или инфузија).
И мислам дека пушењето грас навечер или за викенд, или земањето 5 дима за да се стимулираш креативно, не треба да се перцепира као "џаначко" понашање, во споредба со реалните проблеми кои ги имаме со алкохол, апчиња, дијазепами и разно разни медикаменти кои И ТЕ КАКО се злоупотребуваат.
 
GreenRoot

^Зелен^
Член од
20 јули 2011
Мислења
2.341
Поени од реакции
1.719
Имам чувство дека последно време се врши голема пропаганда на марихуаната. Почнуваќи од филмот Исцелител каде марихуаната е преставена како лек за сите болести, па се до последниов случај со девојкава. Измеѓу ова, марихуаната се спомна и во собранието кога се менуваше законот за пушачи, така да нема да ме изненади во наредниве 2-3 години и официјално да го отворат ова прашање.

Од друга страна ни сум видел некого марихуаната да го направи покреативен, ниту пак попаметен. И јас ја конзумиран повремено, и нешто што сум приметил е зголемен апетит и чувство за вкус. Попатно со ова се јавува и дезориентираност и вртоглавица. Склоноста кон носење избрзани т.е лоши одлуки е многу поголема кога си High бидеќи тогаш добиваш доза на храброст и ризик.

Колку што знам дирекно од марихуана нема забележани смртни случаи? Но пак имам дузина индирекно, како возење под дејство, скокање од балкон и слично.

Сум за легализација бидеќи гледам дека е многу популарна и конзумирана, па барем нека има какви такви стандарди.
 
Beric Dondarrion

Lord of Blackhaven
Член од
14 август 2006
Мислења
26.776
Поени од реакции
31.571
Колку што знам дирекно од марихуана нема забележани смртни случаи? Но пак имам дузина индирекно, како возење под дејство, скокање од балкон и слично.
.
Да и ја знам неколумина кои под дејство на оваа опасна дрога скокнаа од балкон. Има нешто во неа што го тера човека да им се спротистави на длабочините, од високо. Затоа ја на пример, коа сум пушел у животот сум гледал тоа да не го правам на тераса.
 
Бидејќи си напишал "знам неколкумина" а не знаев, значи балконот на кој пушеле бил или приземје или прв спрат т.е. преживеале. Можно е да биле паметни и знаеле каде да пушат, без да се самоповредат или некој друг при падот,тестирајќи колку се хај :toe:

Легализација мора, за да не страдаат луѓе ко млекарот од Битола ли беше што го направија наркоман, а околу нивата природно си растел коноп. :(

Ти како млад родител како би гласал доколку има референдум?
 
мкд владе

Гостин
Член од
21 ноември 2009
Мислења
10.737
Поени од реакции
6.711

Da da mlekarot od Bitola bas radi toa nastrada, deka priroden konop rastelo okolu nivata. Dodusa i vo nivata mu rastel ama aj nema veze. Glupi djandari, da ne se praelo razlika pomegju div konop i ovoj drugiot nediviot.
 
Член од
14 јануари 2015
Мислења
5.547
Поени од реакции
7.572
И јас сум за декриминализација ама како што кажаа и поради вакви како фуфава и поради фактот што ние како нација не си го знаеме плафонот, немаме граница колку е доста.

И со цигарите и со алкохолот треба да се преземе нешто, според сите светски стандарди 90% од државава с(м)е алкохоличари. За цигарите па да не зборам, сите имаме барем по еден во друштво што крека како да си му исекол екстремитет кога ќе дознае дека си резервирал маса во непушачки дел.
Откако го сменија законов се пуши буквално секаде, нема пушачка непушачка зона, на кеј влегуваш демек непушачка зона, не поминува пола сат ќе расчури некој од околните маси.
Еден од ретките добри и издржани закони од претходната влада го сменија на полошо, влегуаш со чисти алишта, излегуваш мислиш во монопол си работел.
 
мкд владе

Гостин
Член од
21 ноември 2009
Мислења
10.737
Поени од реакции
6.711
Откако го сменија законов се пуши буквално секаде, нема пушачка непушачка зона, на кеј влегуваш демек непушачка зона, не поминува пола сат ќе расчури некој од околните маси.
Еден од ретките добри и издржани закони од претходната влада го сменија на полошо, влегуаш со чисти алишта, излегуваш мислиш во монопол си работел.
Tie vo monopolot sto rabotat ne se ljuge ?
 
Член од
14 јануари 2015
Мислења
5.547
Поени од реакции
7.572
Tie vo monopolot sto rabotat ne se ljuge ?
Ако сакам да мирисам така ќе работам таму за пари, вака влегувам во локал да се видам со човек на раат со чиста облека, а излегувам усмрден на цигари, од што мака јас да трпам поради што некој си има порок и не може да се стрпи на 1-2 саати без цигари?[DOUBLEPOST=1524605203][/DOUBLEPOST]
Еве нема да идам у екстреми со епилепсии и чуда врагови. Ќе се задржам на тоа ти што го кажа, како пушењето гане има медицински бенефити. За уљето воопшто нема да се задржам, иако истото има милијарда употреби и бенефити.
Значи како прво, да расчистиме, најчиста форма на внесување на ганџата е ако се јаде или ако се користи вејпорајзер. Но, ќе се задржам стриктно на пушењето потенцирам висококвалитетен добро одгледан грас.
Во места каде што е легализирано и има преку милион видови на трева со различен ефект, пушењето на истите може да го имаат следново позитивно медицинско дејство :
1. депресија, стрес, анскиозност.
2. Несоница (индика)
3. АДХД АДД, ПТСД и различни новоизмислени болести.

За овие 3 наведени медицински состојби во државава се пропишуваат 20 МИЛИОНИ таблети дијазепам/хелекс/лексилиум. Па сеа размисли дали тие што конзумираат анксиолитици имаат или немаат последици по меморијата.
Идеме даље
4. Ублажување на болка - види еден пун ку*ац спортисти што ја користат за овие работи.
5. Зголемување на апетит, кај било какви медицински случаеви кои имаат таква потреба
6. Одвикнување од зависност од опијати, алкохол и останати ХАРДКОР ШТЕТНИ ЗАВИСНОСТИ, постојат милион примери како луѓе од опијати и тромадоли и тешки апчиња се исчистиле благодарение на тревата.

Многу небулози си набројал, еве прост пример е шизофренијата. Канабисот сам од себе НЕ ПРЕДИЗВИКУВА ШИЗОФРЕНИЈА, туку доколку човекот има склоност кон шизофренија, канабисот може дополнително да ја компликува состојбата. Неможе канабисот да предизвика шизофренија кај потполно здрав човек, може истиот човек да има блага форма на халуцинации и причинувања ако има слаб "имунитет" на трева.

И пази нашава трева овде, е по дефиниција албанска и нискоквалитетна. Квалитетен, органски и добро одгледан грас има уште почисти и појасни, а со самото тоа подобри ефекти.

Јас не ја користам тревата секојдневно, иако имало такви моменти, кои траеле со месеци. Едноставно неможеш да збориш дека лошо или добро делува, освен она што е докажано. Истото прашање е тотално индивидуално и зависи од персоната - корисникот.
Јас за мене ќе кажам, тревата ФАКТ мене ми е креативен стимуланс. Си имам доза до која што хајот ме стимулира креативно и се однесувам тотално одговорно кога ја конзумирам и си имам одредени периоди од неделата/месецот кога пушам, не го правам тоа секојдневно и целодневно, бидејќи знам дека истото е контрапродуктивно.[DOUBLEPOST=1524500650][/DOUBLEPOST]

ако така гледаш, има луѓе на форумов кои трева не пипнале у живот а мозокот им е брашно, не тесто. Така да, се тоа е индивидуално и целосно зависно од самиот човек.
Растението како растение е корисно ако се употребува правилно, али ниту сега ниту ако биде легална не може да контролираш колку ќе конзумира било кој.
Јас сум да се легализира исклучиво за медицински цели на луѓе кои имаат дијагноза каде што има научни истражувања дека канабисот е корисен за лекување, исклучиво лимитирано и контролирано издавање на рецептите за да не се злоупотреби од страна на медицинските лица за приватен бизнис и тоа како масло.
Ако некој има желба да ги затвори каналите на нелегалната се затвораат за помалку од еден месец, не само за тревата туку и за останатите дроги, само истите тие што треба да ги затворат заработуваат милиони на годишно ниво од шиткање на црн пазар.
 
Последно уредено:
Член од
8 јули 2008
Мислења
3.647
Поени од реакции
4.846
Да и ја знам неколумина кои под дејство на оваа опасна дрога скокнаа од балкон. Има нешто во неа што го тера човека да им се спротистави на длабочините, од високо. Затоа ја на пример, коа сум пушел у животот сум гледал тоа да не го правам на тераса.
ЧЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕКАЈ малце.
Значи ти тоа што го збориш звучи вака.
"Сасвим нормални дечки, кои имаат пушено марихуана у минатото одлучуваат да се напушат, пошо ете (лупам) им било досадно. Благодарение на хајот што го дава канабисот, тие мислат дека стварно можат да летаат и се фрлаат од балкон". Ете така звучи твојов муабет.
Значи неможеш нечие фрлање од тераса да го базираш стриктно и само на марихуаната. Позади тој акт сигурно има милион причини, а пушењето канабис е најминорна причина.
Сите(ама буквално сите) луѓе што ги знам имаат пробано канабис, ниеден нема посегнато по фрлање од тераса, колку и да е "(не)искусен". Значи дека канабисот не е и неможе да биде директна причина за самоубиство/фрлање од тераса.

Ај еве, перфектно е легално да се купи доместос, така ? Солна киселина исто?
Знам(имам слушнато од другари/другарки на медицина) случаеви кои имаат испиено такви ствари као акт на посегнување по свој живот, па и тие средства треба да бидат нелегални?
Мислам смешен ти е муабетов, ама тотално и целосно смешен.
Друга ствар, ајде бе другар испиј 20 апчиња дијазепам да те видам, директно ќе идеш на токсикологија, ако стигнеш до таму. Од друга страна, испуши 20 џоинти, нема ништо да ти биде освен што ќе изедеш пола седмица и ќе спиеш 3 дена, никаков друг ФИЗИЧКИ сајд-ефект нема да имаш.

Иначе да, имам и јас дојам дека претераа малце со глорифицирањето и стимулирањето на растението. Сепак мора да се знае дека ова не е за секоја персона.
За да има личен бенефит, мора да се употребува одговорно и во одредено време.
А не ко што пропагираат класичните стонери, wake and bake за да бидеш ефикасен. Мислам, океј ајде еднаш у месец, на пикник отидени, сакаме да се смееме хехехех хихихих, сакаме ко друштво да се забавуваме. Ама не на обичен кежуал ден уште од сабајле парче да се праиме, а имаме одговорни професии, ме разбираш.
За уметници и слични слободни професии е различна причата и они се специфична група кои исто така го користат канабисот како креативен стимуланс.
Друга позитивна работа е што канабисот стварно е sex enhancer, доколку пак ќе кажам, се користи во ограничени дози (не ако се препушиш).
 
Последно уредено:

GreenRoot

^Зелен^
Член од
20 јули 2011
Мислења
2.341
Поени од реакции
1.719
Да и ја знам неколумина кои под дејство на оваа опасна дрога скокнаа од балкон. Има нешто во неа што го тера човека да им се спротистави на длабочините, од високо. Затоа ја на пример, коа сум пушел у животот сум гледал тоа да не го правам на тераса.
Тоа е она што се обидов да го кажам, канабисот не е така невино растение како што се прикажува.
ЧЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕКАЈ малце.
Значи ти тоа што го збориш звучи вака.
"Сасвим нормални дечки, кои имаат пушено марихуана у минатото одлучуваат да се напушат, пошо ете (лупам) им било досадно. Благодарение на хајот што го дава канабисот, тие мислат дека стварно можат да летаат и се фрлаат од балкон". Ете така звучи твојов муабет.
Значи неможеш нечие фрлање од тераса да го базираш стриктно и само на марихуаната. Позади тој акт сигурно има милион причини, а пушењето канабис е најминорна причина.
Сите(ама буквално сите) луѓе што ги знам имаат пробано канабис, ниеден нема посегнато по фрлање од тераса, колку и да е "(не)искусен". Значи дека канабисот не е и неможе да биде директна причина за самоубиство/фрлање од тераса.

Ај еве, перфектно е легално да се купи доместос, така ? Солна киселина исто?
Знам(имам слушнато од другари/другарки на медицина) случаеви кои имаат испиено такви ствари као акт на посегнување по свој живот, па и тие средства треба да бидат нелегални?
Мислам смешен ти е муабетов, ама тотално и целосно смешен.
Друга ствар, ајде бе другар испиј 20 апчиња дијазепам да те видам, директно ќе идеш на токсикологија, ако стигнеш до таму. Од друга страна, испуши 20 џоинти, нема ништо да ти биде освен што ќе изедеш пола седмица и ќе спиеш 3 дена, никаков друг ФИЗИЧКИ сајд-ефект нема да имаш.
Сега во лоша насока ќе го свртиме моабетов ако тераме со вакви примери. Финтата е дека канабисот делува на мозокот, ти дава лажно чувство на храброст, дезориентација и си склон на носење на лоши одлуки. Не до толку ексремни секако, ама никој неможе да ме убеди дека не е така пошо сум го почувствувал на своја кожа тоа. Кај нови конзументи често јавува и зголемен притисок, зголемено чукање на срцето и може да се створи паника. Првиот допир со тревката беше хорор за мене. Среќа не се повтори :D
 
Член од
21 април 2006
Мислења
6.903
Поени од реакции
2.175
Како и да е, џанак е збор што се употребува за тие што зимаат хероин, кој во сленг се викал џанк.
Погрешно денес го употребуваат за зависници од секакви работи.

Грешка си.Хероин има цела лектира на сленгови.
Конкретно - Џанк потекнува од времето коа наркоманите собирале старо железо и друг вид на ѓубре и ги продавале или разменувале за опиум и слично.

Така да буквален е историјатот т.е. собирач на ѓубре=џанкер
 
мкд владе

Гостин
Член од
21 ноември 2009
Мислења
10.737
Поени од реакции
6.711
Ако сакам да мирисам така ќе работам таму за пари, вака влегувам во локал да се видам со човек на раат со чиста облека, а излегувам усмрден на цигари, од што мака јас да трпам поради што некој си има порок и не може да се стрпи на 1-2 саати без цигари?
Znaes kako velat. Rdjavom kurcu i dlake smetaju :toe:
Nema tuka sakam nejkam koga zivees pomegju luge. Ako sakas da si pravis kako sto tie tebe kef na kurot i nikoj da ne ti smeta, ke si odis nekade vo planina ili na nekoe osameno mesto kade nema ziv covek na kilometri od tebe i mirisaj na sto sakas. Koga si resil da si se socijaliziras so ostanatite bidi spremen i da gi trpis drugite posto znaes 100 lugje , 100 karakteri. Ili vikni si go toj covekot doma kaj tebe i pravi si muabet na rajat i duskajte se odvreme na vreme slucajno da ne se zamirisavte. I mene mi preci na primer nekoj sto mirisa kako da izlegol od masina za perenje i mirisa na omeknuvac pa ne pravam drami okolu toa.
 
На врв Bottom