Ilumious
Патник, педер, поет, администратор, масон
- Член од
- 29 јануари 2007
- Мислења
- 84.962
- Поени од реакции
- 195.498
Џејми ама јас го знам сето ова, не мора да ми го објаснуваш. Ги знам предностите ама набројте ги и лошите работи, зошто вака испаѓа марихуаната е општонароден лек за се. Таа билка си има и лоши нус појави, дел од нив кои ги објасни змејот и се точни. Ако некој е склон на шизофренија или па фамилијарно ја имаат (да, генетски пренослива е), може да му ја активира многу побрзо во животот и уште еден куп други нус појави како и позитивни работи.Пер барем ти си по спортот и треба да си запознаена колку играчи пример во Америка - особено за НФЛ, НБА па и ММА користат канабис за третман на болка (и не само во овие спортови). Зборам за врвни професионалци, а оние што полу-професионално се бават со спорт, за нив не би ни почнал бидејќи ќе треба до утре да ја тупам. Ова прашање е trending таму, да им се овозможи да користат cannabis edibles наместо painkillers кои знаеме колку се гадни и опасни по нивното здравје, и користењето на канабис да се тргне од забранетите супстанци, и да се третира како медикамент.
Дека има очигледни бенефити е ФАКТ. До човекот зависи колку и како ќе го употребува и дали истото растение ќе го користи за да се подобри самиот во насока на она што го реков "креативен стимуланс" (зборам за нас обичниве луѓе, кои не сме спортисти) или ќе биде леш и мрза.
Познавам луѓе кои доста пушат и се стереотипни стонери на кои мозокот им е "тесто", познавам луѓе еве (ќе речам ДУРИ) и од I.T секторот кои пушат доста трева. Ова скроз си зависи од човекот.
Многу маестрални нешта дали станува збор за музика, филм или било што креативно се создадени благодарение на оној "креативен стимул" што го дава висококвалитетниот канабис.
Еве, уште еден од низата "мозок-тесто" ликови кои пушат ганџа : https://thefreshtoast.com/celebrity/jordan-peeles-secret-weapon-get-out-was-marijuana/[DOUBLEPOST=1524562433][/DOUBLEPOST]
Според мене, мислам дека и тревата го убива егото, многу поспоро и со послаб интензитет како и многу посуптилно од останатите психоделици.
Или ајде може не го убива, ама го става на "sleep mode".
А за користењево ова што го збориш си важи за нормални општества каде преовладуваат норми на однесување и каде што луѓето знаат колку им може организмот и нема да пречекорат. Ние сме и водата да ни ја забраниш, не па нешто друго да ни дозволиш.
П. С. Тоа за егото што го збориш во психијатријата спаѓа во блага форма ба нарцисоидност а нарцисоидноста е најтешка психичка болка за лечење затоа што ти до таков човек не можеш ни да стигнеш, така што тешко марихуаната таму да влијае.