Имаше Битиќи една интересна изјава пред неколку месеца, мислам на форумов не ја сподели никој...
Дополнително загрижувачки од денешниот извештај е тоа што процентот на тие коишто сега имигрираат за разлика од тие што имигрирале пред 20 или 25 години е со пообразовна структура, значи со високо образование наместо, како што било пред 25 или 30 години, каде што тие што имигрирале биле со пониско образование.
– Ова навистина е загрижувачки.. Треба да видиме како активно да ги вклучиме, не велам да ги вратиме, да ги вклучиме за да ја креираме иднината на нашите млади генерации, подвлече Битиќи.
***
Ако во Германија има недостаток на работна сила и нашите одат во Германија, треба да сфатиме дека и ние сме привлечна земја за одредени други земји коишто би дошле и секако би работеле затоа што платите коишто се плаќаат кај нас можеби се поконкурентни од земјите од каде што доаѓаат, посочи Битиќи, со примери на сериозниот број работници коишто доаѓаат од Турција да работат во нашата држава, како и тие што доаѓаат од Индија и Пакистан да работат во ИТ секторот.
Нагласи дека мораме да сфатиме дека миграцијата е глобален феномен, и дека според податоците на ОЕЦД овој феномен се случува и во Германија, и во Норвешка, како и во Америка, затоа што, како што рече, после ковид имаме целосна промена на навиките и на работните места и затоа има големо движење на миграција на глобално ниво.
Во Агенцијата за вработување процентот на невработени е навистина се уште висок, но 93,4 проценти од невработените се функционално неписмени, или значи дека нивните вештини не одговараат на пазарот на трудот, вели вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи.– Конечно мислам дека е дојдено
fokus.mk