Левица - Политичка партија

Дали ќе гласате за Левица на Парламентарните избори?

  • Да

  • Ќе гласам за мафијашката коалиција СДССМ-ДПМНЕ

  • Не

  • Ќе гласам за друга "ТРЕТА ОПЦИЈА" партија

Резултатите може да се погледнат само после гласање.
Член од
3 јуни 2022
Мислења
968
Поени од реакции
2.277
Ау навреден бил човекот, не е неговата мајка или било кој друг побитен од државата куртон глуп

Цела држава, историја ја шиткаат, им се мочаат на гробот на сите што се бореле и загинале за слободна држава а очекуваат дека немало да ги навредуваат
 
Член од
7 август 2011
Мислења
4.749
Поени од реакции
12.765
Си имав ветено дека нема да коментирам на политичкиве теми на форумов бидејќи во најголем дел се исполнети со ботови, но ова не можам да го игнорирам. Апасиев по стоти пат си го покажува вистинското лице на слабак и превртлив лик кој за една секунда е спремен да си ги предаде другарите и соборците ако тоа му оди во прилог на неговата болна амбиција да биде диктатор. Во 24 часа си го покажа она што го прави целата своја кариера, навлекува и ги исокористува своите соборци за личната болна амбиција. Прв повика на радикализација на протестите, а тој повик доби масовна поддршка особено кај младите кои не го познаваат и се уште се заслепени од неговите ораторски вештини и демагогии. Тој самиот објавуваше слики како ја прескокнува оградата пред влада и ги величеше неговите дечки од младината кои маскирани со марами учествуваа во првите немири на протестите. Ваквите негови постапки охрабрија многу млади дечки кои под влијание на неговата слаткоречивост се одзваа на повикот и дојдоа маскирани на протестите спремни за радикализација. Неговите повици охрабрија стотици млади да влезат во судир со полицијата со надеж дека ќе успеат во нивната намера да се спротистават на францускиот предлог и оваа неспособна и предавничка влада. Дечките влегоа во судир и не жалеа на себе ниту размислуваа за ризиците со кои се соочуваат, се тоа охрабрени дека позади нив конечено стои храбар „лидер“ кои самиот учествува во таа борба. Епа таа пичка при првата криза прв ги осуди тие деца кои водени од неговите говори влегоа во судир спремни крв да дадат за својата држава. Таа пичка прв ги осуди и ги обвини дека се полициски шпиуни пратени од Оливер Спасовски. Денес тие деца завршија во притвор, можеби ќе завршат и во затвор, осудени и од предавничката влада, осудени и од таа пичка со десетнула просек самопрогласен револуционер че гевара. Тоа е вистинскиот Апасиев, ги искористи децата и ги остави да гнијат по затвори. Дури гледав видеа и како токму тие деца се физички нападнати од страна на други демонстранти заради предавството од димитар апасиев кој ги нарекува провокатори и шпиуни. Ништо повеќе не очекував од тој лик. Ги предаде другарите за време на ленка и солидарност, ги избрка сите други основачи на левица (од 11 луѓе само тој остана), сега ги предаде и овие деца кои беа спремни крв да дадат слушајќи ја неговата демагогија. Сака да биде робиеспјер, на крај ќе заврши како него!
 
Член од
19 март 2011
Мислења
12.770
Поени од реакции
14.050
@VardarVoSrceto
Ако е стварно така дека ги нас'скал да нападнат и немало уфрлени провокатори од власта, и после се оградил од дечките тогаш е за осуда.

Него за друго ми е да те прашам.
Јас лично никогаш не сум имал контакт со некој од Левица и не сум ни ги гласал.
Вака од надвор без инсајдерски инфоа ми делува дека Апасиев направи одличен потег за Левица со чистката во партијата.
Како што знам тие што ги избрка беа за коалиција со СДС и Зајко после шарената "револуција". Да коалицираа тогаш со СДС сега немаше да постојат како партија и ќе ги снемаше. Едино ќе беа наградени со некоја паричка или функција тие десетина души и тоа ќе беше тоа.

Точно е дека тие што беа избркани беа за коалиција со СДС? Озбилно прашувам.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.766
Поени од реакции
17.482
Pa vidi gi likovite, faci ko Branimir Jovanovikj, latentni komunjari. Istite sea trubat kako levica ne bile pravi levicari, bozem levicar e da si odrodeno kopile.
Za protestite si u pravo, ako ne planirase radikalizacija ne trebase da glumi muzh i da mava prviot den.I ja mislam deka povekjeto bea deca, a ne provokatori. Iako moja procena nema dovolna brojka narod za vakvi incidenti na protestite.
 
Член од
7 август 2011
Мислења
4.749
Поени од реакции
12.765
@VardarVoSrceto
Ако е стварно така дека ги нас'скал да нападнат и немало уфрлени провокатори од власта, и после се оградил од дечките тогаш е за осуда.

Него за друго ми е да те прашам.
Јас лично никогаш не сум имал контакт со некој од Левица и не сум ни ги гласал.
Вака од надвор без инсајдерски инфоа ми делува дека Апасиев направи одличен потег за Левица со чистката во партијата.
Како што знам тие што ги избрка беа за коалиција со СДС и Зајко после шарената "револуција". Да коалицираа тогаш со СДС сега немаше да постојат како партија и ќе ги снемаше. Едино ќе беа наградени со некоја паричка или функција тие десетина души и тоа ќе беше тоа.

Точно е дека тие што беа избркани беа за коалиција со СДС? Озбилно прашувам.
Дискусиите за или против коалиција со сдс се водат во 2016 година, тогаш апасиев нема мнозинство во партијата. Не е точно дека тие што ги исчистил биле за коалиција со сдс, бидејќи ако биле, тогаш ќе се отидело во коалиција. Бранимир беше единствен кој имаше таков став ми се чини. Он својата позиција внатре во партијата ја засилува многу подоцна, со внатрешни поделби на кланови и различни структури. Многу е истраен и затоа е и успешен во таквите внатрепартиски игри. Крајниот удар го задава дури есента 2019 ако не се лажам кога расчистува и со последните останати основачи. Од тогаш партијата е целосно под негова контрола.
Автоматски споено мислење:

@VardarVoSrceto го гледаше видеово?

Дали мислиш дека ако беа џандари толку јавно и видливо ќе се инфилтрираа во толпата, или ќе го стореа тоа уште на собирот пред влада? Очигледно е дека се навијачи според начинот на дејствување. Впрочем и од уапсените најголем дел се членови на навивачки групи.
 
Член од
16 октомври 2020
Мислења
2.626
Поени од реакции
5.558
А овој дополнителен референдум може ли да се распише без амин од собрание? Наводно можело да се распише со 150 000 потписи и дали ако ова е точно, ќе има санкции/казни за власта ако одбива да го одржи дополнителниот референдум?
 
Борат

Сагдиев
Член од
22 јули 2019
Мислења
1.129
Поени од реакции
453
А овој дополнителен референдум може ли да се распише без амин од собрание? Наводно можело да се распише со 150 000 потписи и дали ако ова е точно, ќе има санкции/казни за власта ако одбива да го одржи дополнителниот референдум?
Ако ти кажам тебе ќе дознаат сите
ВМРО
СФСН
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.056
Поени од реакции
12.937
Со ова денес што само двајцата од Левица гласаа против примањето на Шведска и Финска во Нато буквално си го загарантираа двоцифрениот број добиени пратеници на следни избори и лагано 100к+ гласови. И тоа на вакви “мали“ работи без капка пот што би се рекло, се гледа колку некој е паметен, не се прави ништо посебно освен што се прати вољата на народот. Сдсм и Дпмне може да шират флоскули до утре сабајле дека мнозинството било за Нато и Еу и ги поддржувале нивните политики, на крајот кога ќе пресушат парите од запад ќе испадне дека и они самите не верувале во тоа.
 
Член од
25 јуни 2012
Мислења
2.482
Поени од реакции
2.351
Линк: Борислав Крмов за Охридскиот рамковен договор

Не смееме да заборавиме дека конфликтот 2001 не беше никакво автохтоно востание, туку агресија од Косово, дека војната беше предадена и Рамковниот договор насила изнуден.

*Извадок од мемоарите на Генерал Панде Петровски

„Таканаречената „ОНА или УЧК“ беше во тешка состојба за понатамошно опстојување и водење на вооружената борба. Тогаш т.н. ОНА немаше повеќе од 750 - 1500 припадници слабо вооружени. Запад тоа многу добро го знаеше. АРМ имаше околу 20.000 борци, респективно вооружување, поддршка од некои пријателски земји и тоа не само политички туку и во воена опрема и вооружување.

И со такви околности доаѓа до потпишување на спогодбата за безусловен прекин на огнот, како прв потег за натамошно политичко разрешување на воената криза.“

#21ГодинаРамковенДоговор
 
Член од
1 јули 2020
Мислења
1.664
Поени од реакции
7.570

Како што му пишал првиот коментар на фејсбук постот, тие Генералите и офицерите како Панде ни ја сварија чорбата. Кариеристи и бескичмењаци. Некој од нив стигнаа да имаат давано заклетва на 3 држави а ниту една ниту заштитија ниту ќе заштитат. Пред 1991 се што ги интересираа беа привилегиите за слугувањето кон Белград, а после кога видоа дека нема нешто многу привилегии во Македонија се префрлија на слугување на НАТО и околните странски служби.

Земал пишувал мемоари на смртна постела за да си пере совест, али кога требало тешките одлуки да се носат тогаш ништо. Му ја имам прочитано книгата, повеќе од ТРИ ПАТИ го фаќаат едниот офицер дека давал контрадикторни наредби се во корист на УЧК и очигледно дека е симпатизер на истите. И не само што не го казнуваат не го ни менуваат од позиција. Во Арачиново место да ја заврши работата, самиот си признава дека он бил еден од клучните кој нашол излез за автобусите преку нивите накај Белви и дека за тоа Американците му се заблагодариле.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom