Еве и јас сум еден од младите што гласал за Левица, всушност гласот е повеќе глас за Апасиев, отколку за Левица, досега политички е коректен и на место(и целата партија општо), но вистинското загрижувачко прашање е дали ќе успее да стане изведувач во краток рок од 4-6 години? Ние може да се радуваме парламент дрн мрн 5,10,15,20, но јасно е ова скалирање ќе бидат потребни декади(а ако е ваква ситуацијата сите ќе се иселиме), што според мене повлекува ако сака брз успех да треба да изнуди реформи во „двете“ владејачки македонски партии кои според мене се едно исто(измеќари/изведувачи на Embassy) или да влезе во коалиција што може да значи губење на поддршката, мојот глас во вториов случај сигурно го губи за понатаму, или ќе изнуди некоја комбинација на двете односно да го доведе курсорот на „македонските“ партии кај Македонците нели во смисла да се реанимира населението(право и правда) па да има клима за коалиција.
Критично според мене е што не постои коалиција во која Левица ќе ги испорачува своите идеологии како што сега е поставена ситуацијата. Во албанскиот блок нема вистински партии(се се бизниси/експанзионисти), ВМРО/СДСМ можат да коалицираат со Левица во услови каде што Левица повеќе би била опозиција наместо влада и тука застануваме, всушност сега ќе биде вистинскиот нивен тест на зрелост но и на водење на политика.
Она што го очекувам како одлука моментално од нив е да остане парламентарна опозиција, да се земе делот од „колачот“ и да се отвараат штабови, да се пропагира политиката, посебно да се активира партијата со соодветна реторика кај албанското население/ИЕ 6 и пратениците да се борат на секоја седница, Апасиев многу добро знае дека симпатијата кај неопределените гласачи може да се добие само со дела и факти-дебата.
Заклучно околу политиката мислам дека идеологијата се базира на национал-комунизам, во смисла просто кажано ние сме македонска нација, сите сме Македонци, но ако ти победиш на конкурс, ако сакаш биди и мигрант, што е сосема добро поставена политика и може да создаде развојна клима во Македонија.