Левица - Политичка партија

Дали ќе гласате за Левица на Парламентарните избори?

  • Да

  • Ќе гласам за мафијашката коалиција СДССМ-ДПМНЕ

  • Не

  • Ќе гласам за друга "ТРЕТА ОПЦИЈА" партија


Резултатите може да се погледнат само после гласање.
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.565
Поени од реакции
13.895
Да речеме, освојат 3-4.
Колку од нив ќе се шитнат на ВМРО/СДСМ у првите два месеца (или попосле)?
Зависи од изборот Апасиев што го направил. Според него биле неподмитливи овие на списоците :D мене би ме изненадило тој да се шитне, другиве не ни ги познавам за да се изненадам.
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.398
Поени од реакции
7.848
Или уште полошо, од сам старт биле подметнати од Курто/Мурто.
Искрено се повеќе и повеќе делуваат како анти СДСМ него како трета опција.

Патем речено, точката за де-соросизијација на граѓанскиот сектор ја донесоа додека беа учесници на т.н Шарена револуција или потоа?

:icon_lol:
 

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.073
Поени од реакции
19.878
Искрено се повеќе и повеќе делуваат како анти СДСМ него како трета опција.
Кога беа ВМРО на власт, делуваа анти-ВМРО. Сега СДСМ се на власт, нормално дека ќе делуваат како анти-СДСМ, сигурно нема ВМРО да ги симнуваат од власт.
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.398
Поени од реакции
7.848
Кога беа ВМРО на власт, делуваа анти-ВМРО. Сега СДСМ се на власт, нормално дека ќе делуваат како анти-СДСМ, сигурно нема ВМРО да ги симнуваат од власт.
Јас колку што знам никогаш Левица не биле против ВМРО, ниту пак ВМРО било на власт во независна Македонија. ВМРО не е ДПМНЕ и обратно, ама ете може да се користи за ќеиф и од пропагандни причини. Лично јас би забранил да се злоупотребува од било која политичка партија името на една таква организација. Освен шо ги тераат да се превртуваат кај и да се закопани, друга никаква врска ни со комити ни со партизани немаат Курто и Мурто.
 
Член од
11 март 2015
Мислења
1.117
Поени од реакции
982
Да речеме, освојат 3-4.
Колку од нив ќе се шитнат на ВМРО/СДСМ у првите два месеца (или попосле)?
Ни еден...да им беше за шиткање ќе си се пикне по листите на ДПМНЕ - СДСМ, ќе си дојдеа до функција (како оној Бранимир), ќе лапаа 4 години и ќе ги заборавеа сите.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.297
Поени од реакции
78.957
Ни еден...да им беше за шиткање ќе си се пикне по листите на ДПМНЕ - СДСМ, ќе си дојдеа до функција (како оној Бранимир), ќе лапаа 4 години и ќе ги заборавеа сите.
Досега видовме, у овие 30 години, доста случаи на самостојни или пратеници од помали партии, кои својата пратеничка кариера како пратеници од условно кажано трета опција, ја ставија во служба исклучиво на својот џеб и СДСМ/ВМРО.
Левица нема увезено луѓе од Лихтенштајн, туку се истите луѓе од тука. Не гледам една причина зошто не би се шитнале, како и веќе споменатите (независни/трети партии) погоре, кои редовно го правеа тоа.
Можеби треба да им направат некаков документ кој ќе го потпишат.
А и самата Левица, како партија, со да речеме 3-4 пратеника, мислиш ќе се откаже од праксата да зема позиции, директорски места и вработувања во администрација, во замена за собраниски услуги на една од двете?
 

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.073
Поени од реакции
19.878
Јас колку што знам никогаш Левица не биле против ВМРО, ниту пак ВМРО било на власт во независна Македонија. ВМРО не е ДПМНЕ и обратно, ама ете може да се користи за ќеиф и од пропагандни причини. Лично јас би забранил да се злоупотребува од било која политичка партија името на една таква организација. Освен шо ги тераат да се превртуваат кај и да се закопани, друга никаква врска ни со комити ни со партизани немаат Курто и Мурто.
Е добро де, ете ВМРО-ДПМНЕ нека е. Или само ДПМНЕ, како сакаш. Поентата и контекстот на постот се битни.
 
Член од
11 март 2015
Мислења
1.117
Поени од реакции
982
Досега видовме, у овие 30 години, доста случаи на самостојни или пратеници од помали партии, кои својата пратеничка кариера како пратеници од условно кажано трета опција, ја ставија во служба исклучиво на својот џеб и СДСМ/ВМРО.
Левица нема увезено луѓе од Лихтенштајн, туку се истите луѓе од тука. Не гледам една причина зошто не би се шитнале, како и веќе споменатите (независни/трети партии) погоре, кои редовно го правеа тоа.
Можеби треба да им направат некаков документ кој ќе го потпишат.
А и самата Левица, како партија, со да речеме 3-4 пратеника, мислиш ќе се откаже од праксата да зема позиции, директорски места и вработувања во администрација, во замена за собраниски услуги на една од двете?
У право си за историјата на собраниските состави во минатото.
Меѓутоа забораваш еден многу битен факт.
Сите "трети партии" предходно биле веќе испрљани политичари. Тито Петковски со НСДП му даде пратеници на Груевски за инает на СДСМ, Тупурковски му даде пратеници на Георгиевски за инат на СДСМ (очекуваше да биде кандидат за претседател место Киро Глигоров), ВМРО - НП освои 7 пратеници и му ги даде на Груевски за да го бутнат Бранко од власт. Амди Бајрам не го спомнувам знаеш зашто...
И сите овие кои ги набројав предходно политичката кариера им завршила во моментот кога се продале. Ваљда новиве момци на политичкава сцена научиле дека ако се продадат ќе им биде задње во политиката.

А да го заборавив и Стева Јакимовиќ - ГРОМ што им го даде пратеникот на ДПМНЕ затоа што Бранко му рече да ги бојкотира локалните избори а овој сакаше да остане кмет на Карпош!

И за муабетот да биде уште по трагичен ДПМНЕ им даде 8 пратеници на СДСМ за да го сменат името...така да јас би го поставил прашањето колку пратеници ќе си разменат меѓу себе за да си ги сокријат криминалите ДПМНЕ и СДСМ!?
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.398
Поени од реакции
7.848
Е добро де, ете ВМРО-ДПМНЕ нека е. Или само ДПМНЕ, како сакаш. Поентата и контекстот на постот се битни.
Така нека биде...мене ми мирисаат ептен на анти СДСМ шо е разочарувачки, затоа шо ги гледав како потенцијална трета опција, не како нечија опашка. Искрено се надевам дека грешам, времето ќе покаже.
 

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.073
Поени од реакции
19.878
У право си за историјата на собраниските состави во минатото.
Меѓутоа забораваш еден многу битен факт.
Сите "трети партии" предходно биле веќе испрљани политичари. Тито Петковски со НСДП му даде пратеници на Груевски за инает на СДСМ, Тупурковски му даде пратеници на Георгиевски за инат на СДСМ (очекуваше да биде кандидат за претседател место Киро Глигоров), ВМРО - НП освои 7 пратеници и му ги даде на Груевски за да го бутнат Бранко од власт. Амди Бајрам не го спомнувам знаеш зашто...
И сите овие кои ги набројав предходно политичката кариера им завршила во моментот кога се продале. Ваљда новиве момци на политичкава сцена научиле дека ако се продадат ќе им биде задње во политиката.
Продавање не е ако направиш коалиција за да симнеш некоја партија од власт. Продавање е ако пред избори си зборел и си се залагал за едно, а откако ќе влезеш во влада правиш нешто сосема трето од тоа за кое си се залагал претходно.

Како на пример шверцерско гласање за некој закон, без потребно мнозинство, а претходно си се залагал за правна држава и владеење на правото. Пр. револуционерот од Али Експрес - Павле Богоевски, кој си гласаше како попче за неуставни и шверцерски закони, без потребно мнозинство, и притоа ги правеше малоумни сите кои дотогаш го поддржуваа и протестираа со него за правна држава и демократија.
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.398
Поени од реакции
7.848
У право си за историјата на собраниските состави во минатото.
Меѓутоа забораваш еден многу битен факт.
Сите "трети партии" предходно биле веќе испрљани политичари. Тито Петковски со НСДП му даде пратеници на Груевски за инает на СДСМ, Тупурковски му даде пратеници на Георгиевски за инат на СДСМ (очекуваше да биде кандидат за претседател место Киро Глигоров), ВМРО - НП освои 7 пратеници и му ги даде на Груевски за да го бутнат Бранко од власт. Амди Бајрам не го спомнувам знаеш зашто...
И сите овие кои ги набројав предходно политичката кариера им завршила во моментот кога се продале. Ваљда новиве момци на политичкава сцена научиле дека ако се продадат ќе им биде задње во политиката.

А да го заборавив и Стева Јакимовиќ - ГРОМ што им го даде пратеникот на ДПМНЕ затоа што Бранко му рече да ги бојкотира локалните избори а овој сакаше да остане кмет на Карпош!

И за муабетот да биде уште по трагичен ДПМНЕ им даде 8 пратеници на СДСМ за да го сменат името...така да јас би го поставил прашањето колку пратеници ќе си разменат меѓу себе за да си ги сокријат криминалите ДПМНЕ и СДСМ!?
Сите шо ги наброи се чисто наменски партии, значи исклучиво креирани за специфична употреба. Никој од дотичните немал намера да биде вистинска трета опција.
 
Член од
11 март 2015
Мислења
1.117
Поени од реакции
982
Сите шо ги наброи се чисто наменски партии, значи исклучиво креирани за специфична употреба. Никој од дотичните немал намера да биде вистинска трета опција.
Се сложувам.
Ама нема друга партија која покрај ДПМНЕ и СДСМ освоиле пратеник при самостоен настап на избори.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom