Повеќе од јасно е дека на цела „странична“ поддршка на Левица (луѓе шо бараат излез од криминалот на СДСМ/ВМРО) нема да им се допадне овој кандидат, како што не им се допаѓаат ни повеќето политики на самата партија.
За жал, алтернатива нема, практично малку да ви смета Левица гласот нема кај да се истури, сите сме свесни што значи гласот за СДСМ или за ВМРО, барем додека не излезе уште некоја нова интелигенција да води модерна партија/политика, а не некои Демократи, или Палчовци.., ама генерално повеќето успешни се или странство, или врбувани и/или немаат желба да се замараат со политика.
Ако го согледаш ова, сфаќаш дека ако не се случи нешто од тектонски размери и во следните 10-20 години се уште ќе гледаме корумпиран медицински/образоцен персонал, политичка елита со завршено приватно основно и огромна неодржливост на економијата и животните стандарди.
Ниту Америка, ниту Кина не се криви за нашиот „снајди се“ лоповски менталитетет, мнозинство самопродадени „граѓани“, самоуверени дека живеат „реалност“ и за ништо не се криви. Од овој аспект „реалноста“ се уште е Левица, па дури и да е грешен избор, другите поголеми имаа доста простор да се покажат.