Левица - Политичка партија

Дали ќе гласате за Левица на Парламентарните избори?

  • Да

  • Ќе гласам за мафијашката коалиција СДССМ-ДПМНЕ

  • Не

  • Ќе гласам за друга "ТРЕТА ОПЦИЈА" партија


Резултатите може да се погледнат само после гласање.
Член од
24 март 2010
Мислења
15.323
Поени од реакции
26.261
Не реков дека палестинците се исти со нас, туку тоа што ним им се случува ни се случува и нам.
Не измислувај работи, не е дека пред 2 години го имавме муабетов, две страни поназад можеш и да се увериш.
Тоа со турците не ни сакам да го коментирам зашто ќе треба да изгубам пола саат да ти објаснам зашто не е така. Еден од најглупавите коментари кои ги имам прочитано на форумов. Од прва мислев се заебаваш, ама очигледно не.
Апсолутно не им се случува истото што и нас. Туку комплетно спротивно. Всушност сме биле дел од иста империја. Годините што ние ги сметаме за ропство, тие ги сметаат за слобода, и обратно. Значи комплетен опозит од нас. Тоа се историските факти, и за нив може да дискутираме.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Кога ќе се спомне ова банално палестинско-изреалско прашање, целосно согласен сум на став со @callejón de la muerte, батали дебата за некои пустински племиња што сами не нашле начин да си го решат проблемот. Макар што веројатно така не гледаат други држави и нас тука.

Решението е лесно, само што некој има интерес да постои вечен конфликт, иначе формулата е: Газа анектирана од Египет, делот што остана населен со палестинци во Западен Брег анектиран кон Јордан и чиста сметка, чиста територија, ај на здравје. И Израел мирен, и муслиманите среќни што ќе живеат во културолошки истородни држави.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.323
Поени од реакции
26.261
За жал ова не е вистина. Да беше, најверојатно сеуште ќе бев отворен подржувач на ВМРО.
Не е комплетно точно, да. Има крило во партијата, кое моментално ја раководи партијата (а предходно беше 30% од власта) за кое комплетно важи дека е потурско.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.358
Поени од реакции
18.471
Кога ќе се спомне ова банално палестинско-изреалско прашање, целосно согласен сум на став со @callejón de la muerte, батали дебата за некои пустински племиња што сами не нашле начин да си го решат проблемот. Макар што веројатно така не гледаат други држави и нас тука.

Решението е лесно, само што некој има интерес да постои вечен конфликт, иначе формулата е: Газа анектирана од Египет, делот што остана населен со палестинци во Западен Брег анектиран кон Јордан и чиста сметка, чиста територија, ај на здравје. И Израел мирен, и муслиманите среќни што ќе живеат во културолошки истородни држави.
Тешко дека ќе има и тогаш чиста сметка. Едноставно двата народи не сакаат да праат компромис. Тоа што ние го викаме Западен Брег на евреите им се едни од најважните свети места таму и мислам не планираат да го дадат со моменталната супериорност.
За палестинците/арапите се освен целосно чистење на евреите нема да биде доволно за да се смират.

За нашето мешање таму, шта речи. За апасиев не ми пречи што тој му е ставот, секој со свое размислување, ми смета што испаѓа глуп и врска нема од real политик, за да ја подржи палестина во ситуација кога Израел е многу повлијателна и поважна земја за нас.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
А да, најбитното прашање, Ерусалим да се стави под патронство на Светата столица, како што е редот.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.323
Поени од реакции
26.261
А да, најбитното прашање, Ерусалим да се стави под патронство на Светата столица, како што е редот.
Константинопол, Александрија, Антакија. Кога веќе правиме листа на желби. :D
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.780
Поени од реакции
8.235
Туку, уште си на став дека постои разлика помеѓу сендвич и нео-сендвич? :D
На форумов се малку, ама надвор од форумов има алармантен интензитет таа еволуција. Завчера се роди партијата, вчера се појавија сендвичите со симпатични досетки и копирање ставови од партија, денес станаа култ, почнаа со cthulhu fhtagn. :D
A violent birth. :D

Прашањето е реторичко.

За тоа со ВМРО и споредбата со Хамас не знам што да ти одговорам. Искрено, прв пат од тебе го читам.

Во врска со вториот дел малце си контрадикторен. Тоа што го кажа за палестинците важи и за израелците.
Јас не гледам разлика помеѓу нив. И двете ми се гадни племиња. Можеби арапите малу појќе, ама тоа не значи дека Израел заслужува подршка. Особено не од нас македонците кои никаков аир не виделе од нив.
Таа споредба меѓу ВМРО и Хамас е од Апасиев. Значи - од Левица.
Toa што го кажав за палестинците воопшто не важи за евреите, односно континуитетот што резултирал со сегашнава ситуација е комплетно различен. Историски, ние сме многу поблиску до евреите, во таа смисла на угнетеност. На палестинците ова им се случува овие 50тина години, инаку истите тие биле и овде, дали како паши, бегови, војници...истите тие го вршеле тој погром врз евреите и христијаните... од Мухамед, па до денес.

Ја имам проблем само со споредбата меѓу нас и палестинците, едначењето на нивната со нашата историска мака. Равенството шо се става, а се игнорираат најбитните работи, историја, менталитет, опкружување, култура. Ти напиша дека и двете племиња ти се одвратни, значи и тебе (би требало да) ти смета таа споредба.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.351
Поени од реакции
84.560
Не е комплетно точно, да. Има крило во партијата, кое моментално ја раководи партијата (а предходно беше 30% од власта) за кое комплетно важи дека е потурско.
Не. Не мислев баш на тоа. Иако, тоа ваљда би требало да биде вистинското значење.
Во малку поширок контекст ја го ставив изразот.
Зборам за вонсериските отстапки на Груевски кон Албанците (тука има многу да се збори и примери да се наведат), зборам за бројот на џамии изградени во негово време (пред се во Источна Македонија), во арапски стил, зборам за невладините исламски "хуманитарни" организации кои засилија активност, као случајно, после зближувањето со Катар и сл.
Никаква утеха или оправдување не е тоа што и СДСМ се такви, или полоши.

Левица се левичари, или барем така сакаат да се претставуваат. Со социјална правда иде и подршка на интифада, како и ред други работи кои можеби некој не ги има в предвид сега во моментов. Не треба да се изненадите. Левичарите традиционално ја подржуваат таа борба со децении. Таа борба имала појак идеолошки предзнак пред три-четириесет години. Денес, исклучиво религиозен. Оттука, сметам дека е сосема надвор од духот на времето упорноста околу ова кај Левица. Али ваљда им е моментално у имиџ да презентираат упорност, доследност, па и непрагматичност.
Ќе гласам за Левица најверојатно и ќе гледам што ќе се дешава. Пропорционално со покривање на поголем број на гласачи, се зголемува импактот при судирот со реалноста. Многу ме интересираат овие нивни бескомпромисности како би изгледале кога би имале некаква моќ. Кога би се судриле со реалноста тука.
 
Член од
7 јули 2013
Мислења
1.837
Поени од реакции
12.027
На крај ќе испадне дека Борат не е трол, туку вистинско лице и репрезент на Левица. :tapp:
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.323
Поени од реакции
26.261
Не. Не мислев баш на тоа. Иако, тоа ваљда би требало да биде вистинското значење.
Во малку поширок контекст ја го ставив изразот.
Зборам за вонсериските отстапки на Груевски кон Албанците (тука има многу да се збори и примери да се наведат), зборам за бројот на џамии изградени во негово време (пред се во Источна Македонија), во арапски стил, зборам за невладините исламски "хуманитарни" организации кои засилија активност, као случајно, после зближувањето со Катар и сл.
Никаква утеха или оправдување не е тоа што и СДСМ се такви, или полоши.
Сем односот кон Албанците, што беше резултат на калкулации, другите два дела се засилија после воспостувањето на добри односи помеѓу таа група луѓе и официјална Анкара. Особено после изборот на Ѓорге за претседател. Воопшто не е утеха, и ќе биде проблем и во наредниов период. Особено што не гледам подготвеност од било кој (сем нешто ситно Унгарија) да парира на нивното финансиско влијание.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.351
Поени од реакции
84.560
Особено што не гледам подготвеност од било кој (сем нешто ситно Унгарија) да парира на нивното финансиско влијание.
тоа е голем стратегиски проблем, кој никој не го есапи
 
Член од
15 ноември 2013
Мислења
1.548
Поени од реакции
2.691
Јас мислам дека најдоброто решение за Израел и Палестина е ова. :D
 
D

Deleted member 12196

Гостин
Епа од моментална ситуација, Газа и West Bank треба да се Палестина. Израел моментално ги напаѓа тие територии. Тоа што кажуваат дека се бранат е приказна за мали деца и хардкор христијани.
Илјадниците ракети истрелани кон Израел случајно да не паѓаат од облаците?
Велат дека нападот е најдобра одбрана, Израел го прави баш тоа.
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.411
Поени од реакции
7.871
По скратена постапка е, плус СДС/ДПНЕ и ДУИ заедно имаат 100+ пратеници ако сакаат и деловник ќе сменат за да се отфрлат амандманите. Не можеш да спречиш процедурално нешто кога противникот има 95% од законодавната власт во парламент. Процедурално би можеле само преку уставен, али тој е цел полтрони.

Затоа единствената шанса што останува е јавен притисок. Друго нема, и да се искористи седницата да се направи циркус.
Еве сега затоа шо е вратен на второ читање можело по деловник да се поднесуваат амандмани, читав и Пендаровски изјави дека ако го изгласаат повторно ќе го потпише, према ова не знам како може да ти биде приоритет Палестина наспроти Попова Шапка и остатокот од Македонија а да сакаш некој сериозно да те сфати.

Инаку ич не согласувам со тоа шо си пишал дека имале зедно 100+ пратеници, по таа логика Левица не прави ништо со само два, па нека им даде по еден на СДСМ и ДПМНЕ па нека креира притисок во јавноста и така нека делува...нема логика едноставно.
Можат да делуваат процедурално и со се шо имаат законски на располагање да искористат во Собрание за во најмала рака да се одложи гласањето а притоа да се бараат ако ништо друго промени, да се прецизира дека не е исто поткровје од 80 квадрати во свирипичино каде газдите за истото ќе отплаќаат 10г кредит со нездрава камата према примањата шо ги имаат, и курлевци шо имаат по една зграда во два различни градови и едно заштитено подрачје, а пази за чудо истите биле опфатени и со претходната легализација на дивоградби-муаетот ми е за вторите т.е курлевци.

Тука ми е индикативно шо Жмицко ги прозва за неподнесувањето амандмани, првиот пат не можеа ама ете сеа се пружи шанса... питање је другови и другарице ко на листу за легализације (амнестије) је „наш“ :icon_lol:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom